Во Молдавија денеска се одржуваат парламентарни избори кои веќе се оценети како клучни за иднината на земјата. Претседателката Санду ги нарече „најважните во историјата на државата“, а резултатите би можеле да го одредат правецот – дали земјата ќе продолжи по патот кон Европската Унија или ќе се врати под влијание на Русија. „Ако Молдавците не се мобилизираат доволно и ако мешањето на Русија значително влијае на нашите избори, тогаш Молдавија ...

Од денеска работата на американската влада е делумно блокирана откако Сенатот, не успеа да го изгласа закон за нејзино финансирање. За да се усвои законот, потребни беа 60 од 100 гласа во Сенатот, што значеше дека на републиканското мнозинство му беше потребна поддршка од најмалку оссумина демократи. Демократите бараа во законот да се додаде продолжување на здраствените бенефиции за милиони Американци што треба да истечат на крајот од годината, ...

Во напад со руски водени воздушни бомби врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта беа повредени шест лица и предизвикани неколку пожари, соопштија регионалните власти утрово. Пожарникарите во текот на ноќта се бореа со пожарите. Регионот Харков, кој се наоѓа во близина на границата со Русија, е цел на редовни руски воздушни напади од почетокот на војната. Во текот на вчерашниот ден во друг рускиот напад врз украинскиот град ...

Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас. Трамп претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа. На заедничката прес-конференција американскиот ...

Хамас соопшти дека ќе го разгледа мировниот план на Доналд Трамп за Појасот Газа интерно и со другите палсетински фракции пред да го даде својот одговор. Медиајторите Катар и Египет го споделија документот со Хамас доцна синока, отккао Нетењаху застана со ТРамп во Белата кука и вети поддршка за предлогот од 20 точки. Ако Хамас го прифати предлогот, групата ке мора да ги ослобооди сите заложниците во рок од 72 часа, да се разоружа и ќе нема ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека наскоро ќе објави „нешто посебно“ за мировните преговори за Блиски Исток. -Имаме реална шанса да постигнеме нешто големо на Блиски Исток. Сите се подготвени за нешто посебно, за нешто што се случува првпат, Ќе направиме тоа да се случи, објави Трамп на својата платформа „Трут соушал“. Најавата на Трамп е пред денешната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа. Тој изјави дека ...

Владејачката проверопска Партија за акција и солидарност во Молдавија извојува убедлива победа над својот ривал, кој е наклонет кон Русија на изборите кои се сметаа за кртични за идниот пат на земјата кон ЕУ. ПАС обезбеди 50,17% од гласовите, со преброени 99,9% од 1,6 милиони гласови, далеку пред прорускиот Патриотски блок со 24,18 проценти, соопшти централна изборна комисија на Молдавија. Партијата на претседателката Санду го одбрани своето ...