Премиерот има чувство дека наскоро поранешни премиери и високи функционери од опозицијата ќе бидат цел на одредени прогони. Реакцијата на премиерот следи по тридневното славје во СДСМ по поразот на Орбан на изборите во Унгарија. Мицкоски ја праша опозицијата зошто не го повика екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да се врати во Македонија и да се соочи со правдата. Од СДСМ и денеска констатираат дека промената на власта во Унгарија ...

По катастрофалниот пораз на Виктор Орбан и партијата Фидес на парламентарните избори во Унгарија премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, стана многу „чувствителен“. Од самоуверен лидер, полн со себе, само за едно деноноќие, веројатно како последица од силен стрес, јавно ја соопшти својата лутина како закана кон опозицијата, нарекувајќи ја погрешно како чувство да ја предвидува иднината. Ни пет, ни шест, премиерот рече „имам чувство дека ...

СДС врхушката, сосема логично, се препозна во изјавата на премиерот Мицкоски во која тој соопти дека има чувство дека поранешни функционери ќе одговараат за злодејанијата во минатото. На страна што премеирот се шегуваше со секојдневите, три пати ан ден лиферувани соопштенија на СДС кои започнуваат со инфантилното „ИМАМЕ ЧУВСТВО“, но дали нив ги заболе вистината и реалноста која следи за нивната арамиска врхушка? Загрижува фактот дека од ...

Премиерот Христијан Мицкоски имал чувство дека ќе се гонат поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски од семејството. Ова тој го изјави одговарајќи на прозивките на опозициската СДСМ, владата да побара екстрадиција за поранешниот премиер Никола Груевски за да одговара пред правдата на Македонија, по катастрофалниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија и најавите на идниот премиер Петер Маѓар дека ќе го испорача. -Во државата мора да имаме еднакви ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за прогон на поранешни премиери и функционери од СДСМ му се сè посилни, откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, испрати писма до Европската Унија и амбасадорите за сериозно нарушување на уставниот поредок по изјавата на премиерот дека „има чувство“ дека набргу високи функционери на СДСМ ќе бидат опфатени со предмети. „Па добро сега, секој има право да си се допишува и да си праќа писма, но ...

СДСМ претходно денеска соопшти дека Филипче упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ за „сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“. „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните ...