На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани сведочеше и директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Тој меѓу друго како сведок на Основното јавно обвинителство, кажа и дека кај 33 лица кои загинале во пожарот било утврдено присуство на водороден цијанид, но тоа според него било дополнителен, а не доминантен фактор за смрт. Потврди и дека количина до 0.6 микрограми на милилитар водороден цијанид е ...
Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење за пожарот на 16 март 2025 во кој животот го загубија 63 ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор - доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење за пожарот на 16 март 2025 во ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Со исказ на Александар Станков, директорот на Судска медицина, како вешто лице, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека кај 33 жртви се пронајдени цијаниди во крвта, кај 49 имало присуство на алкохол, кај осум дрога и кај четири имало седативи и антидепресиви, но дека главна причина за смрт кај починатите лица врз основа на обдукциските наоди и токсиколошките анализи кај 59 ...
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на вешто лице, којшто посочи дека главна причина за смртта кај починатите лица, ...

