Денес, вторник, 27 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 8 степени. Утре, среда, 38 јануари, во Битола времето ќе биде претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. ...
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Охрид, 28. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со услови за повремени врнежи од дожд кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9 степени. – Кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и ...

