Фирма на еден од синовите на антикорупционерката Ристовска земала пари од кандидати за претседател на државата во кампања и тоа и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Нема одговор дали таа била вклучена во проверката на финансирањето на кампањите. Молчи и Ристовска и ДКСК, додека Левица бара институционална разрешница. Но истата фирма била во кампања и додека Ристовска била ревизорка. Изнајмување рекламен простор за потребите на кандидатите за ...
Фирма на синот на Цвета Ристовска, членка на ДКСК, наплатила услуги во претседателската кампања во 2024 година од кандидати поддржани и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а до денес нема јасен одговор дали Ристовска била вклучена во проверката на финансирањето на кампањите и дали се иззела од постапувањето по извештаите. Според дел од медиумите, фирмата Буст била ангажирана под ставката „изнајмување рекламен простор“ и се појавува во извештаите и кај ...

