Добивај вести на Viber Според податоците, поплавени се повеќе од 30 домови, а теренските екипи интензивно интервенираат во скопската општина Сарај. Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај. ...

Градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, преку објава на социјалните мрежи информираше дека на состанок на Кризниот штаб била анализирана актуелната состојба на терен по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија дел од населените места во општината. Според објавените податоци, поплавени се повеќе од 30 домови, а екипите на терен интензивно интервенирале и сите зафатени објекти се расчистени. Во рамки на Кризниот штаб биле ...