За прес-конференцијата на Богданка Кузеска која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот, ниту другиот не се ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните. Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту можат да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може потоа со години да се ...
Со платформа власта сака да ја сруши СДСМ одвнатре. Опозицијата обвинува дека серијата критики кои на нејзина адреса доаѓаат од поранешни партиски функционери се дел од сценарио за како што велат, дефокус од клучните теми. Реакцијата на СДСМ доаѓа под критиките кои на нејзина адреса ги упати поранешниот партиски потпретседател Петре Шилегов. Тој го обвини Филипче дека се пазари со Мицкоски за сопствената слобода а како што рече, жртва на тоа ...
18 март 2026 За прес-конференцијата на Богданка Кузеска, која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот ниту другиот не е ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните - се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту може да ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес на прес-конференција истакна дека нема да дозволи партијата да се распадне, додавајќи дека Петре Шилегов работи за ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека суштината на СДСМ е да постигне и изгради консензус, да гради политики врз основа на мислењата на многу луѓе, но и дека владата останува да го дели СДСМ одвнатре. „Јас и раководството го правиме ова повеќе од година и пол. ...
Запрашан за тоа дали постапката за исклучување на Петре Шилегов од партијата треба да иде преку општинската организација СДСМ Карпош, лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека во партијата, суштината е да се изгради консензус и политики врз основа на различни мислења од многу луѓе. Според него, така ќе биде и тоа е суштината на градење на добри политики. Филипче потенцира дека нема да дозволи, како што вели, некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека поранешниот градоначалник Петре Шилегов „процесно одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ и придонесува за внатрешни поделби во партијата. Не станува збор за поинакво мислење, тоа беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки дојдовме до тој заклучок, а Извршниот одбор одлуката ја донесе со консензус“, изјави Филипче. Тој нагласи ...
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека нема да дозволи цепкање на партијата и оти поранешниот градоначалник Петре Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека суштината на СДСМ е да се постигне и изгради консензус, да се изградат политики врз основа на мислења на многу луѓе, но и дека власта останува да ја дели СДСМ однатре. - Јас и ...

