Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) итно ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е издадено решение за забрана за работа на кујната како потенцијален извор на зараза. Наредено е вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи за вработените. 80 деца се отсутни, некои ...
Институтот за јавно здравје соопшти дека врз основа на испитувањата на земените примероци, попладнево добиле нов резултат – односно во узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа биле најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии биле исто така пронајдени и на 3 чешми во училиштето ИЈЗ и понатаму ќе биде во координација и комуникација со споменатите надлежни институции ...

