Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски повтори дека за Владата е неприфатлив предлогот државата одреден период да ги финансира придонесите на работодавачите за тие да ја зголемат минималната плата. „Нема да дозволиме таков начин на нарушување на пазарот на труд. Ние дадовме 250 милиони евра субвенционирани заеми за бизнисот, со камата од 1,95 отсто, не ги зголемуваме даноците, не ја зголемуваме старосната граница за одење во пензија. ...
Скопје, 8 февруари 2026 (МИА) - За минималната плата нашиот став е јасен - да, ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме и ќе поздравиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со минималната плата ќе дојде премногу големо, ...

