После Велигден, законот за заштита од пушење цигари треба да биде дел од владината процедура. Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес конференција, истакна дека законот е речиси готов и се чека уште малку за да се договори до крај. Досега, како што објаснува, имале повеќе средби со институции, фирми и организации за да се усогласат сите. Во целиот процес бил вклучен и премиерот, што покажува дека темата е сериозна. Денеска има ...
Уште не е готов Предлог-законот за заштита од пушење, но е при крај, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу по промовирањето на реновираните хируршки сали во Ургентниот центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Првично беше најавено дека законот ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од угостителите и тутунската индустрија. Алиу неколкупати досега најави дека ќе биде ставен на владина седница, ...
Коментирајќи ја употребата на ароматизираните вејпови кај младата популација, премиерот рече дека во законот мора да има рамка и јасно правило како тие ќе се користат. Посочи дека не може да се исполнуваат барањата на узвозниците и да се дозволат еден или два вкуса на вејпови, оти тоа не е, како што рече, законот не е шведска маса, па да се бираат вкусови Предлог-законот за заштита од пушење до наредната недела треба да влезе во владина ...
„Неподносливо е, а и многу граѓани се жалат дека иако постои закон, тој селективно или либерално се применува односно никаква примена. Тоа е остаток од минатото и сакаме да го канализираме. Се пуши таму каде што не треба да се пуши. Ние разговаравме со Хорека групацијата, со хотелите, рестораните, клубовите и сигурен сум дека тука веќе имаме некакво решение. Но исто така, што се однесува до производителите и увизниците ќе се сложите дека сѐ ...

