Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите. „Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките ...

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите. Од ОЈО Скопје соопштија ...