Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Tides of Tomorrow: Авантура обликувана од заедницата Од студиото одговорно за наративниот хит Road 96, пристигнува ново асинхроно мултиплеер доживување насловено Tides of Tomorrow. Со преземање на улогата на Tidewalker,ќе навлезете во светот на Елинд, планета која се бори за опстанок по катастрофалната голема поплава. Концепот се има потрудено да создаде динамично опкружување каде што светот е жив организам кој, верувале или не, се развива со ...
По успехот на апликацијата Sora на OpenAI, Google тестира редизајн на Gemini, кој го заменува chatbot интерфејсот со визуелен фид со предлози, со цел поголема ангажираност на корисниците. Откако OpenAI со својата апликација Sora постигна огромен успех, изгледа дека и Google не сака да заостанува. Според пишувањето на порталот TechCrunch, технолошкиот гигант експериментира со нов, визуелно побогат интерфејс за својата апликација Gemini AI, ...
Android 16 им овозможува на корисниците целосна персонализација на иконите на апликациите, со пет различни форми на располагање. Дознај кога оваа функција ќе пристигне на твојот уред и како да ја користиш. Android 16 ја воведува долгоочекуваната функција – целосна персонализација на иконите на апликациите на твојот телефон. Нема повеќе потреба од дополнителни launcher апликации или платени теми – сега можеш да го обликуваш изгледот на ...
Истражувачите за сајбер безбедност од холандската компанија ThreatFabric открија досега непознат малициозен софтвер за Android наречен Datzbro, кој се користи во напади насочени првенствено кон постарите корисници. ThreatFabric првпат го поврза Datzbro со социјалното инженерство во август 2025 година, откако се појавија извештаи дека Facebook групи во Австралија рекламираат „патувања за постари лица“, кои всушност биле канали за регрутирање ...
Компанијата Unitree објави ново видео на кое се гледа како неговиот хуманоиден робот G1 брзо и лесно станува откако е соборен. „Unitree G1 доби режим на антигравитација. Стабилноста е значително подобрена за време на секое дејство, па дури и ако падне, може брзо да стане“, се вели во описот на видеото. Unitree G1 has mastered more quirky skills 🤩 Unitree G1 has learned the "Anti-Gravity" mode: stability is greatly improved under any action ...
Го знаеш оној полнач до креветот што е секогаш вклучен? Можеби би можел да размислиш малку да го „одмориш“. „Вампирската потрошувачка“ е реална – ако го оставите полначот вклучен во ѕидот, тој постојано ќе троши мала количина на енергија. Дел од таа енергија се користи за напојување на контролните и заштитните кола, додека остатокот се губи како топлина. Кога се разгледува само еден мал полнач, вампирската потрошувачка (исто така позната како ...
Кинезите развија иновативен електролит со структура јадро–обвивка и составија прототип на батерија што користи водород како носител на полнење Новиот композитен хидрид покажува добри својства на спроводливост на хидридни јони на собна температура, со одлична топлинска и електрохемиска стабилност (DICP). Кинеските истражувачи од Институтот за хемиска физика во Далиен (DICP), кој работи под покровителство на Кинеската академија на науките, ја ...
Последниот извештај на Меѓународната федерација за роботика, глобална трговска група која ја следи индустријата вели дека кинеските фабрики само лани инсталирале речиси 300.000 нови индустриски роботи. За перспектива, Соединетите Американски Држави, најголемата економија во светот, инсталирале само 34.000. За секој нов робот што ќе рмба на американска производствена линија, Кина вклучила речиси девет. Вкупно, бројот на индустриски роботи што ...
Со iOS 26, Apple за првпат ја донесува апликацијата Preview на iPhone позната од Mac компјутерите. Погледнете кои функции ги нуди – од брз преглед на PDF документи и слики, до скенирање и потпишување документи. Со ажурирањето iOS 26, кое веќе пристигна на милиони iPhone уреди, Apple воведе низа нови опции и визуелни промени. Меѓу нив е и Preview, апликација што за првпат се појавува на iPhone, иако на macOS постои веќе со децении. Preview ...
LG започна со глобална надградба на постарите телевизори на webOS 25, вклучувајќи OLED и QNED модели од 2022, 2023 и 2024 година. Новиот софтвер носи AI звук, поддршка за 1440p при 120Hz и прилагодливи екрани. Како што беше најавено на почетокот од годината, LG ја започна глобалната надградба на постарите телевизори на webOS 25. Ажурирањето пристигнува на сите модели од 2023 и 2024 година, како и на одредени OLED и QNED 8K модели од 2022 ...
Серијата Honor Magic 8 наскоро ќе биде објавена во Кина, а според моменталните протекувања, Honor Magic 8 Pro ќе има перископска телефото камера од 200MP. Покрај примероците од фотографиите направени со телефото камерата од 200MP со перископ на Honor Magic 8 Pro, блогерот „Ouyang Tongxuan“ сподели и сознанија од четиричасовна сесија зад затворени врати за технологијата за снимање на Honor, на која присуствуваа извршниот директор на ...
Прочитајте го целото интервју на англиски, на IT Logs! Со над три децении искуство во обликувањето на глобалната индустрија за видеоигри, Кејт Едвардс го носи нејзиното огромно знаење и страст на Game Dev Rev 2025, првата меѓународна конференција за развој на видеоигри во Македонија. Седнавме со прославената ветеранка да разговараме за нејзиниот претстоен главен говор, моќта на локалните движења и нејзината визија за развојните сцени во ...
Древни микроби се враќаат во живот по 40.000 години: Претстои ли следната пандемија од сѐ уште непознати болести? Навидум како сцена од хорор филм: стари, потенцијално опасни микроорганизми, се будат откако илјади години беа заробени во пермафростот (вечниот мраз). Научници од Универзитетот во Колорадо ги оживеале, предупредувајќи дека следната пандемија може да дојде токму од оваа невидлива закана што ја открива глобалното затоплување. ...
Мора да е тешко да се води компанија од повеќе милијарди долари и во исто време да се има чувство за хумор, но Карл Пеј некако успева да ги постигне и двете. Извршниот директор на Nothing е под голем притисок од обожавателите и клиентите кои едвај чекаат да излезе оперативниот систем Nothing OS 4 базиран на Android. На платформата X, еден корисник се пожали дека морал да чека за ажурирањето на Nothing OS 4, велејќи дека го освежил својот фид ...
Mai: Child of Ages е авантура за комплексно патување низ времето, спојувајќи, притоа, елементи од различни жанрови за да создаде едно уникатно искуство. Играта нè вовлекува во приказната за Маи, млада девојка која заедно со својот дедо се обидува да ги открие мистериите на еден уништен свет, оставен во хаос по последната голема војна. Веднаш по тоа, ќе бидете однесени на авантура која обработува длабоко истражување на врските помеѓу древните ...
Како достоен наследник на својот мобилен претходник, Meteorfall: Journeys, Meteorfall: Krumit’s Tale успева да понуди свеж и иновативен пристап. Наместо класичното влечење карти, чедото на Slothwerks воведува динамична механика базирана на табла, која ја трансформира секоја борба во комплексна загатка. Задржувајќи ги шармантните ликови и хуморот од оригиналниот универзум, играта додава значителна длабочина и стратегија што ќе ги предизвика ...
Samsung тестира функција слична на Apple Notification Summaries на Galaxy уредите – вештачката интелигенција ќе ги сумира вашите пораки и известувања директно на телефонот. Samsung наскоро планира да претстави иновативна AI функција на своите Galaxy телефони, инспирирана од Apple-овата опција „Notification Summary“. Новата функција користи вештачка интелигенција за автоматски да ги сумира пораките, мејловите и известувањата, така што ...
Поради големата побарувачка за iPhone 17 Pro и Pro Max, Apple е принуден да го зголеми производството. Во текот на 2025 година, Apple ќе го зголеми производството на iPhone 17 од претходно планираните 85 милиони на повеќе од 90 милиони единици, тврдат аналитичарите од Morgan Stanley. Зголемувањето на производството главно ќе се однесува на моделите iPhone 17 Pro и 17 Pro Max, бидејќи побарувачката за тенкиот iPhone Air досега била помала од ...
Во последните дваесетина години, Кина сè повеќе се оформува како нов лидер во истражувањето на вселената. Таа беше првата што по Советите повторно спушти ровер на Месечината, а потоа и првата во историјата што слета на нејзината „скриена“ страна. Мисијата Chang'e 5 донесе на Земјата примероци од месечевото тло – први по повеќе од четири децении, додека Tianwen-1 во еден потег постигна нешто за што на другите им требаа генерации: постави ...
Генерацијата Z се соочува со тешка реалност – факултетските дипломи повеќе не се гаранција за работа со добра плата и сигурна перспектива. Како што вештачката интелигенција презема сè – од програмерски позиции до аналитичари на почетно ниво – бројот на достапни работни места за младите значително се намалува, оставајќи ги во неповолна позиција. Извршниот директор на компанијата „LinkedIn“, Рајан Рослански, предупредува дека во иднина ...
Телескопот „James Webb“ откри блескави новородени ѕвезди и космичка прашина во најголемиот молекуларен облак на Млечниот пат, познат како Стрелец B2, пишува порталот "Live Science". Овој регион, во кој се формираат млади ѕвезди, се наоѓа само неколку стотини светлосни години од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија. Снимките се направени со инструментите "MIRI" и "NIRCam" на телескопот „James Webb“, кои го набљудуваат ...
Антарктикот се соочува со рекорден пад на нивото на морскиот мраз поради затоплувањето на океаните, што заканува со глобално зголемување на нивото на морето и забрзување на климатскиот хаос. Научниците предупредуваат дека Антарктикот можеби ја поминал климатската точка без враќање, бидејќи наглиот пад на формирањето морски мраз од 2016 година наваму изгледа поврзан со глобалното затоплување на океаните предизвикано од човечка активност. Во ...
„Toyota“ планира да го претстави својот најмоќен теренец во ерата на електрификација. Откако го претстави хибридниот „Land Cruiser 300“ на Блискиот Исток, јапонските медиуми сега тврдат дека е во подготовка и plug-in хибридна (PHEV) верзија – првиот „Land Cruiser“ што ќе може да поминува кратки растојанија исклучиво на електрична енергија. „Land Cruiser 300“, лансиран во 2021-ва година со бензински и дизел V6 мотори, оваа година доби и ...
Италијанскиот производител „Maserati“ покажа едно од најголемите ремек-дела во својата историја – уникатен супер автомобил од 740 ks, направен по нарачка за колекционер. „MCXtrema“ е дизајниран за патека, со 3,0-литарски двоен турбо V6 Netuno под хаубата, кој развива огромни 740 ks. Ова го прави најмоќниот автомобил создаден од италијанскиот бренд. „MCXtrema“ добива лесна рамка, тркачки кокпит и врвна аеродинамика, што го прави најекстремниот ...
Унијата на млади претприемачи на Македонија – Phoenix Rising го најавува третото издание на регионалниот настан за вмрежување на млади претприемачи „Your Network is Your Net Worth Vol.3“, кој ќе се одржи на 4 октомври 2025 година (сабота) во ресторанот Воденица Мулино, Скопје. Овој уникатен настан, кој првпат се одржа во 2023 година, денес е препознатлива платформа што ги поврзува претприемачите, инвеститорите, креаторите и визионерите од ...
Алгоритмот на „TikTok“ им препорачува порнографија и сексуална содржина на детски профили, се наведува во нов извештај на организацијата за човекови права „Global Witness“. Истражувачите крајот на јули и почетокот на август оваа година отвориле четири профили на „TikTok“, претставувајќи се како 13-годишни деца. И покрај тоа што активирале безбедносни поставки, на нив им биле понудени предлози за пребарување со сексуална содржина. ...
Meta планира да почне да ги користи разговорите со АИ за персонализирање на огласите од 16 декември, но во Европската Унија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја таа промена нема да биде спроведена поради GDPR и загриженост на регулаторите. Од 16 декември сите разговори на корисниците со Meta AI, без разлика дали се текстуални или гласовни, ќе бидат искористени за персонализација на содржината и огласите на Facebook, Instagram и WhatsApp. Тоа ...
Речиси две недели по стартот на продажбата, новите „iPhone 17“, „iPhone 17 Pro“ и „iPhone 17 Pro Max“ бележат исклучително добри резултати на пазарот. Аналитичарите наведуваат дека подолгите рокови за испорака на официјалниот сајт „Apple Store“, како и податоците од синџирот на снабдување, се знак дека побарувачката ги надминала очекувањата. Ултра-тенкиот „iPhone Air“ засега не го следи тој тренд и бележи помала популарност кај купувачите. ...
Dying Light: The Beast се поставува како стратешки наративен инструмент дизајниран да ги пополни канонските празнини што останаа по Dying Light: The Following. Со враќањето на Кајл Кран, протагонистот од првата DL, Techland конечно става крај на сите нејаснотии кои произлегоа од двата катастрофални исходи за Кран. Покрај долго-очекуваното наративна кулминација, добивате и огромен свет за истражување кој е полн со впечатливи ликови за разговор ...
Со цел што побрзо да излезе со уред кој ќе конкурира на Ray-Ban очилата на Meta, Apple се откажува од поволниот уред за проширена реалност и го забрзува развојот на своите први паметни очила. Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, уште на почетокот на оваа година објави детална временска рамка за носливите уреди на Apple, според која подостапниот и полесен наглавен уред за проширена реалност, Vision Air, требаше да се појави на ...