Во време кога е сè потешко да се препознае што е видео создадено со вештачка интелигенција, а што е вистинска снимка, можно е наскоро да се соочиме со фактот дека ќе престанеме да веруваме во сè што лично не сме го доживеале. Социјалните мрежи се преполни со видеа кои на прв поглед изгледаат сосема реално. Границата меѓу вистински и AI-видео речиси исчезна. Видеа во кои луѓе намерно со камен кршат стаклени мостови и паѓаат во бездна, ...

Во Шведска, трендот на вградување микрочипови со големина на зрно ориз, најчесто во мекото ткиво на раката, помеѓу палецот и показалецот, веќе со години е во пораст. Со еден допир на читачот, корисниците отклучуваат врати, влегуваат во канцеларии и теретани, складираат контакти за итни случаи, па дури и користат дигитални билети за воз. Идејата е едноставна – да се заменат картичките и клучевите со нешто што секогаш е „при рака“. Повеќето од ...

Развиена од AdHoc Studio, тим составен од ветерани и клучни девелопери зад култните класици како Tales from the Borderlands и The Wolf Among Us, играта се позиционира како суперхеројска комедија од работното место. Наместо да летате низ облакодери, вие ќе управувате со хаосот од вашето биро и ќе барате начини да се справите со хаосот кој ќе го прави вашиот тим од неискусни херои. Доколку бевте фанови на Telltale игрите тогаш Dispatch е, без ...

Извршниот директор на компанијата „OpenAI“, Сем Алтман, предизвика нов бран реакции со своите коментари за иднината на трудот во ерата на вештачката интелигенција. Говорејќи на конференцијата „DevDay“, Алтман изјави дека работите кои наскоро ќе ги замени вештачката интелигенција „можеби и не биле вистински работи уште од самиот почеток“. Во разговор со новинарот Рован Чанг, Алтман се обиде да објасни дека секоја технолошка револуција ја ...

Samsung најави и потврди дека неговиот прв тројно преклоплен паметен телефон ќе биде претставен оваа година, но сè уште нема официјален датум за лансирање на уредот. Сепак, изгледа дека на чекањето му доаѓа крај. Извештајот на The Korea Herald сугерира дека следната генерација преклоплив телефон ќе дебитира на самитот на Азијско-пацифичката економска соработка (APEC) 2025 оваа недела. Самитот ќе се одржи од 31 октомври до 1 ноември во ...

Стартапот Stardust Solutions собра 60 милиони долари за вештачки да ја олади планетата и да го намали Сонцето Стартап компанијата Stardust Solutions собра неверојатни 60 милиони долари за да развие технологија со која би можело да се „затемни“ Сонцето и да се олади Земјата – чекор што ги шокира и загрижува научниците ширум светот. Содржина: Технологија за „затемнување“ на Сонцето Геоинженерингот подразбира прскање аеросолни честички во ...

Поради глобалното затоплување и затоплувањето на Арктикот, ледените покривки почнуваат да се топат, а микробите во нив постепено се будат. Пермафростот, трајно замрзнато тло во период од над две години, е природен фрижидер што содржи огромни резервоари на јаглерод, а кога се топи, микробите во него можат да ослободат јаглерод диоксид, метан и други штетни гасови што придонесуваат за ефектот на стаклена градина, според порталот Брајтерсајд. За ...

Новата функција Prioritize notifications во One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците важните известувања секогаш да бидат на врвот и да се намали дигиталниот метеж. Samsung подготвува голема софтверска надградба — One UI 8.5, која би можела да стане достапна во наредните месеци, а најновите информации откриваат корисна функција наменета за подобра организација на известувањата. Новата опција со назив „Prioritize notifications“ автоматски ги ...

A.I.L.A. e хорор игра во прво лице, сместена во блиска иднина, каде што играчите влегуваат во улога на тестер на игри за револуционерна, експериментална вештачка интелигенција. Но, работите брзо тргнуваат наопаку кога В.И. почнува да ги користи најдлабоките стравови на играчот, бришејќи ја линијата помеѓу виртуелното и реалноста. Со најава дека играта ќе биде објавена за PC и конзоли подоцна оваа година, имавме можност да поразговараме со ...

На 16 октомври Скопје и Македонскиот народен театар (МНТ) беа домаќини на Првата конфренција за развој на видео игри во Македонија во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри (МГИ). Конференцијата изобилуваше со бројни предавања, панели и работилници посветени на продукцијата, креативните процеси и растот на екосистемот за видео игри. На настанот присуствуваа врвни говорници, меѓу кои и Јари-Пека Калева, ...

Јапонската компанија „Сајенс корпорејшн“ (Science Corporation) ја претстави „футуристичка машина за миење луѓе“, под називот „Мирај нинген сентакуки“ (Mirai Ningen Sentakuki). Новитетот е изложен на Саемот „Осака-Кансај Експо 2025“, во градот Осака, објави „Пункуфер“ (Punkufer). Самоуправувачката машина за капење е, всушност, уред-капсула со ниско седиште. Откако човекот ќе седне во неа, капакот се спушта, капсулата целосно се затвора и ...

Apple планира сите модели од серијата iPhone 18 да ги опреми со најмалку 12 GB RAM меморија, благодарение на новите LPDDR5X чипови што ги произведува Samsung. Според најновите информации, Apple подготвува значително зголемување на количината на меморија кај својата наредна генерација телефони. Моделите iPhone Air, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max веќе располагаат со 12 GB RAM меморија, што е за 4 GB повеќе во однос на нивните претходници, ...

Apple планира да вгради систем за ладење со испарувачка комора (vapor chamber) во iPad Pro, сличен на оној кај iPhone 17 Pro моделите, наведува познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман. Во најновото издание на својот неделен билтен „Power On“, Гурман објаснува дека, со оглед на сè помоќните чипови, Apple планира да воведе ладење со испарувачка комора кај iPad Pro. Оваа нова технологија може да се појави веќе со следната генерација, која ...

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за општа намена почнувајќи од 15 јануари 2026 година. Овој потег е дел од стратегијата на компанијата да го задржи контролираниот пристап до користењето на AI технологијата во своите апликации. Во последните години, „Meta “ активно додава AI функционалности во WhatsApp и останатите свои платформи, без опција тие да се ...

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и икони до големината и стилот на фонтот. Без разлика дали сакате поголеми букви, поелегантен изглед или подобра читливост, менувањето на фонтот е едноставно и може да се направи директно преку поставките. На повеќето Android телефони, како Google Pixel или Xiaomi, опциите за промена на фонтот се наоѓаат во Settings > ...

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги видите сите видеа од Reels што сте ги гледале, дури и ако не сте ги лајкнале, зачувале или споделиле. Досега, доколку случајно наидевте на интересно видео и не го зачувавте, беше речиси невозможно повторно да го пронајдете. Новата опција го решава токму овој проблем. Според изјавата на директорот на Instagram, Адам ...

Доживејте ја иднината на забавата со врвниот Samsung Neo QLED 8K Samsung Electronics со години е на чело на иновациите во областа на дисплеј технологијата, особено со пионерската комерцијализација на првите квантни точки без кадмиум во светот. Оваа револуционерна технологија, сега беспрекорно интегрирана во QLED телевизорите, поставува нови стандарди во искуството на гледање. По една деценија истражување и развој, Samsung ја усоврши оваа ...

Случајно ја освеживте страницата и изгубивте интересен Reel? Instagram конечно воведе историја на гледање, овозможувајќи им на корисниците лесно да го пронајдат и повторно да го погледнат секој видео запис што некогаш го виделе. Шефот на Instagram, Адам Мосери, објави дека на социјалната мрежа пристигнува нова функција која им овозможува на корисниците да ги прегледаат сите Reels видеа што ги имаат гледано досега. „Ако одите на вашиот профил, ...

Кога природата ќе удри, прашањето не е само каде, туку и кој ќе биде најмногу погоден, но вештачката интелигенција на Гугл Ерт сака да одговори и на тоа прашање. Гугл вели дека најновото надградување на својот систем за вештачка интелигенција (Ерт ВИ) сега може однапред да идентификува и катастрофи и оние кои ќе бидат најпогодени. Гугл објави проширување на својата геопросторна технологија, комбинирајќи го својот модел на вештачка ...

Научни докази: Неидентификувана интелигенција надгледувала нуклеарни локации уште од 1940-тите, долго пред човештвото да излезе во вселената Повеќе илјади објекти, пратени од не-човечка интелигенција, можеби ја надгледувале нуклеарната активност на Земјата уште од средината на 20 век. Ново објавено истражување нуди научно потврдени докази дека нешто — или некој — ги следел нашите нуклеарни полигони од вселената, многу пред да испратиме први ...

Целиот процес на чистење на телото трае само неколку минути и не бара никаква акција од лицето кое се наоѓа внатре во машината. Јапонската компанија „Science Corporation“ ја претстави „Mirai Ningen Sentakuki“, односно футуристичка машина за перење луѓе и ја изложи во рамки на павилјонот „Osaka Healtcare“ на светската изложба „Osaka-Kansai Expo 2025“, која заврши претходно овој месец. Овој необичен концепт има за цел да го промени ...

Отворањето на апликацијата Maps на Apple би можело да изгледа малку поинаку во блиска иднина. Според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple планира да воведе реклами во апликацијата Maps веќе следната година. Иако тие нема да бидат толку „досадни“ како рекламите на YouTube, Apple сака да понуди подобра видливост на Maps за рестораните и бизнисите кои се подготвени да платат за тоа. Кога барате нов ресторан или соодветен бизнис, можеби ...

Според извештајот на The Information, компанијата OpenAI е заинтересирана за развој на алатка која би можела да генерира музика од текстуални и аудио инструкции, а соработувала и со студенти од музичкото училиште Juilliard School за да помогнат во создавањето на податоци за обука. Компанијата замислува нешто што би можело да се користи за создавање гитарска придружба за вокална песна или за додавање музика на видеозаписи, изјавиле извори ...

Дамјан Груев, или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари 1871 – Русиново, 23 декември 1906) е македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација (МРО). Возвишуван е како апостолот и волјата на револуционерна Македонија. Потекнува од Смилево, а се школувал во Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во солунската егзархиска гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ...

Научниците со помош на телескоп во Австралија откриле дека универзумот бил потопол отколку што се мислело пред да се запалат првите ѕвезди. Околу милијарда години по Големата експлозија, универзумот влегол во период познат како „епоха на рејонизација“, кога неутралните атоми на водород станале јонизирани под влијание на ултравиолетовото зрачење од првите ѕвезди. Иако многу се знае за жешката и густа фаза на Големата експлозија, периодот што ...

Тој ја спореди ситуацијата со садење сопствен зеленчук и забележа дека работата, како и садењето, ќе стане нешто што ќе биде прашање на задоволство за луѓето, а не потреба. Американскиот бизнисмен на овој начин коментираше за актуелната вест дека Амазон планира да ја замени работната сила од 600.000 вработени со роботи до 2033 година. Технолошките компании и некои инвеститори сметаат дека вештачката интелигенција ќе ги замени работниците ...

Откритието на месечина Титан на Сатурн ја доведе во прашање една од основните поставки на хемијата, менувајќи го разбирањето за тоа како молекулите можат да се комбинираат во екстремни услови. Според новото истражување, на екстремно ниските температури на Титан, некои, на прв поглед непомирливи молекули, можат да се спојат и да формираат цврсти материи што досега никогаш не биле забележани во Сончевиот систем. Овие вонземски материјали, ...

WhatsApp со години користи телефонски броеви за регистрирање сметки, а тие служат и како кориснички идентификатори. Сепак, тоа наскоро би можело да се промени, бидејќи WhatsApp планира да се поврзува преку кориснички имиња. Функцијата, која Telegram и Signal ја имаат веќе некое време, сега е достапна во најновата бета верзија на WhatsApp за Android 2.25.28.12 и прикажува опција за резервирање на корисничко име во поставките. Ова значи дека ...

Според повеќе извори, Apple можеби веќе работи на план за наследник на својот извршен директор Тим Кук, кој е на чело на компанијата речиси деценија и пол. Тим Кук, кој е извршен директор од 2011 година, сè уште не направил никакви конкретни планови за повлекување, но компанијата наводно разгледува потенцијални наследници. Меѓу најверојатните кандидати е Џон Тернус, потпретседател на Apple за хардверско инженерство, кој е во компанијата од ...

Владата на Кина воведе построги мерки за проверка на акредитациите со цел да ја зајакне контролата врз активностите на инфлуенсерите на социјалните мрежи. Според новите правила, секое лице што објавува содржини на специјализирани теми – како што се медицина, право, образование или финансии – мора пред објавување да достави валиден доказ за своите квалификации, објави порталот "The Wall Street Journal". Оваа уредба ја донесе Канцеларијата за ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
6.17
58%
1029
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
82%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.69
62%
1029
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
2.78
73%
1033
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
87%
1026
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
70%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
31%
1021
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1022
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -3ᴼ
2.24
60%
1033
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
90%
1031
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.72
81%
1028
Currency

61.5417

Currency

53.0647

Currency

70.9755

Currency

35.4631

Currency

38.1088

Currency

66.1009

Currency

7.61455

Currency

0.68229

Currency

0.33542

Currency

0.52456

Currency

1.22615

Currency

0.58472

Злато

147342.27

Паладиум

57131.88

Иридиум

198077.91

Платина

73104.70

Родиум

324722.54

Бакар

11.73

Цинк

3.29

Сребро

2872.23

Алуминиум

3.16

Калај

54.43

Кобалт

62.83

Рутениум

45750.51