Со илјадници години, луѓето што живеат високо во Аргентинските Анди се потпирале на вода за пиење, што смртно би ги разболела повеќето луѓе. Таму, природниот арсен во вулканската карпа се исцедува во подземните води, контаминирајќи го локалното водоснабдување со нивоа на токсичен металоид што би претставувале сериозен здравствен ризик за повеќето луѓе. Но, за една група во Северна Аргентина, природната селекција можеби обезбедила необична ...

Компанијата се соочува со стотици тужби во врска со нејзината безбедносна евиденција. Судските документи фрлаат нова светлина врз пријавените проблеми во врска со безбедноста на децата на TikTok. Според сведоштвата детално објаснети од NPR, неколку вработени постојано посочувале сериозни недостатоци во начинот на кој компанијата се справува со безбедноста на децата – вклучително и експлоатацијата на децата – но биле „фрустрирани“ од одговорот ...

На корисниците им се препорачува веднаш да ги ажурираат своите системи поради софистицирани напади и безбедносни ризици на постарите уреди. Apple соопшти дека ранливоста можеби била користена во „исклучително софистициран напад против одредени целни лица“ на верзии на оперативниот систем постари од iOS 27. Компанијата не откри кои биле целите, ниту прецизираше како биле извршени нападите. Apple објави безбедносно ажурирање за постарите модели ...

Палеонтолозите открија диносаурус што се хранел со овошје. Со големина приближно колку денешна мисирка, поседувал „бизарна анатомија“ – карактеристика што веднаш го привлекла вниманието на истражувачите кои го пронашле овој уникатен примерок. Студијата дава едни од најсигурните докази досега дека одредени диносауруси развиле специјализирана исхрана поврзана со цветните растенија. Претходно, палеонтолозите сметаа дека вакво откритие е речиси ...

Производител чии Android box уреди се поврзани со милиони телевизори, се покажа дека го користи своето присуство на пазарот за нелегални активности. Компанијата MECOOL ги продава своите евтини ТВ-уреди на страници како Amazon и AliExpress, но постојано се покажува дека ако нешто е евтино, веројатно има „цака“. Во овој случај, „цаката“ е всушност дупка во системот што е намерно оставена, што овозможува создавање мрежа на ботови преку уредите ...

Министерството за дигитална трансформација денес официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните. На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална ...

Американскиот онлајн речник Dictionary.com го прогласи „maxxing“ за збор на 2026 година. Овој термин стана составен дел од речникот на помладите генерации и се однесува на намерно и интензивно максимизирање на одреден аспект од животот, со цел да се постигнат најдобрите можни резултати. За да го изберат зборот на годината, тимот на Dictionary.com ги разгледува трендовите на пребарување, социјалните мрежи и вестите, „а потоа се прашуваме што ...

Екстремните летни температури би можеле да ја чинат европската економија околу 113 милијарди евра оваа година поради падот на продуктивноста, производството и работните часови, според проценките на осигурителната групација Allianz. Најголемите предвидени загуби се однесуваат на Италија, Германија и Франција. Проценката се заснова на алатката на Allianz за следење на климатските ризици (Climate Risk Tracker), која ги комбинира метеоролошките ...

„Епл“ (Apple) тестира нови можности за својот гласовен асистент Siri, кои би можеле значително да го променат начинот на користење на iPhone. Наместо само да одговара на прашања и да извршува едноставни команди, Siri ќе може да комуницира со апликации од други компании и да извршува посложени задачи по барање на корисникот. Новите функции се достапни за програмерите во тест-верзијата на iOS 27.3, а целта е гласовниот асистент да стане ...

Не треба да се грижиме само за порастот на нивото на морето: во многу делови од светот и тлото под нашите нозе тоне. Тонењето на земјиштето може да се случи речиси насекаде, како по природен пат, така и поради човечкото влијание врз екосистемите и пејзажите. Сепак, тоа може да биде особено штетно во крајбрежните подрачја, каде што спуштањето на нивото на земјиштето го зголемува ризикот од поплави и оштетување на инфраструктурата. За да ...

Технолошката компанија Nothing подготвува нов уред со вештачка интелигенција кој нема да има екран, а неговото официјално претставување е најавено за декември 2026 година. Со овој потег компанијата сака да истражи поинаков начин на користење на современата технологија, без постојана зависност од паметните телефони. Основачот и извршен директор на Nothing, Карл Пеи, ја потврди најавата преку објава на социјалната мрежа X, откривајќи дека ...

Научните истражувања покажуваат дека просечната телесна температура кај луѓето денес е пониска отколку што била пред 150 години. Иако со децении 37°C се сметаше за нормална вредност, поновите податоци укажуваат на тоа дека просечната температура кај возрасните е поблиску до 36,4°C. Научниците сега се обидуваат да објаснат што довело до оваа промена, пренесува BBC. Во 1860-тите години, германскиот лекар Карл Вундерлих спровел опсежно ...

Sony ги претстави MDR-3R, нови жични слушалки со USB-C приклучок чиј дизајн е инспириран од MDR-3, слушалките што во 1979 година стигнаа заедно со првиот Walkman, TPS-L2. Според Sony, Walkman и MDR-3 создадоа нов начин на слушање музика во движење. Компанијата наведува дека речиси половина век подоцна жичните слушалки повторно се откриваат поради едноставноста, бидејќи не бараат полнење ниту поврзување, а тука секако е и подобриот квалитет на ...

На прв поглед подводните соларни панели изгледаат како контрадикторност, бидејќи количината на сончева светлина брзо опаѓа со зголемувањето на длабочината. Сепак, истражувачи од Универзитетот Јунан во Кина развија перовскитни соларни ќелии специјално прилагодени на светлосниот спектар што продира низ водата и успешно ги тестираа на длабочини до 10 метри во Јужното Кинеско Море. Водата многу брзо ги апсорбира црвениот и инфрацрвениот дел од ...

Рopulus, хотел инспириран од природата, беше отворен во центарот на Денвер во 2024 година. Го опишуваат како „шума среде градот“ – иако нема сопствен паркинг. Зградата од 13 ката, со 265 хотелски соби и површина од приближно 12.500 квадратни метри, е дизајнирана од американското архитектонско студио Studio Gang. Името и архитектонскиот концепт на хотелот црпат инспирација од трепетликовата топола (Populus tremuloides), дрво што е автохтоно за ...

Според новата проценка на глобалните ризици, човештвото се соочува со закана од изумирање до 2100 година поради злонамерна употреба на вештачка интелигенција или нуклеарен конфликт. Овие две закани се на врвот на листата од 17 големи опасности по здравјето на луѓето во наредните 75 години. Други закани вклучуваат намалување на трошоците за меѓународна помош од страна на богатите нации, климатската криза и неухранетоста кај децата. Експертите ...

На границата меѓу Германија и Австрија се одвива загрижувачки природен процес – појава што научниците внимателно ја следат со години. Планината Хохфогел (Hochvogel), висока 2.592 метри, буквално се распукува, а огромна пукнатина на нејзиниот врв постојано се шири. Експертите предупредуваат дека, во одреден момент, би можеле да се срушат дури 400.000 кубни метри карпи. Оваа планина, која е дел од Алгауските Алпи, веќе ја покажала својата ...

Discord работи на нова верзија на својата апликација, повторно напишана од почеток во програмскиот јазик Rust. Компанијата денеска на X го сподели видеото на својот технички директор Станислав Вишневски, во кое тековната и новата верзија се отвораат една до друга на два лаптопи. Во видеото новата верзија се отвора видно побрзо од старата. „Помалата потрошувачка на „RAM“ меморија е само дел од приказната. Кликањето низ апликацијата делува ...

Во необичен и досега невиден симболичен протест, околу 30 софистицирани роботи маршираа пред зградата на Министерството за дигитални работи во Полска, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција (AI) и заштита на човечките работни места. Протестот го организираше организацијата „Демократизам „Democratism“ и нејзиниот „човечки лидер“ Гжегож Кулис. Наместо револтирани граѓани, пред државната институција се појавија напредни ...

Лидерите на најголемите платформи за вештачка интелигенција во светот рекоа дека е време да се забави темпото на развој на нивните најнапредни – и најпрофитабилни – модели, наведувајќи ги ескалирачките ризици од технологијата, извести Лос Анџелес Тајмс. Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, објави долг блог пост во саботата велејќи дека неговата компанија ќе имплементира нови безбедносни чекори како што се евалуатори од ...

Говорејќи на отворањето на 63. сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк оцени дека брзиот развој на ВИ отвора сериозни прашања за човековите права, приватноста и контролата врз технологијата. Само неколку луѓе денес имаат речиси неограничена моќ над развојот на вештачката интелигенција, предупреди Турк. „Неколкумина мажи имаат речиси неограничена моќ над ВИ“, ...

Огромните инвестиции на технолошките гиганти во изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција имаат позитивен ефект врз широк спектар компании и нивните акции, што му помогна на индексот S&P 500 да се зголеми повеќе од двојно од почетокот на растечкиот пазар во октомври 2022 година. На Волстрит внимателно се следат какви било знаци дека ваквото трошење, кое во 2026 година се очекува да достигне речиси 800 милијарди долари, ...

Научници успеаја да го претворат во звук драматичниот настан во кој пред околу 41.000 години дошло до големи промени во магнетното поле на Земјата. Користејќи податоци од сателитската мисија „Swarm“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), во комбинација со геолошки записи од древни карпи и седименти, истражувачите реконструирале како изгледал таканаречениот Лашампски настан, односно привремениот пресврт на магнетното поле. За звукот да биде ...

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава откри дека К-поп ѕвездата ТОП и диџејот Стив Аоки ќе биде меѓу осумте патници што планира да ги однесе на пат околу Месечината следната година со една од ракетите „Спејс икс“ на Илон Маск. Маезава ги купил сите места на првото патување на Месечината, на кое се работи од 2018 година и кое ќе следи по неговото патување со леталото „Сојуз“ до Меѓународната вселенска станица (ИСС) на 12-дневен престој минатата ...

Иднината на патувањето е со дигитални пасоши и доколку пилот-проектот што моментално го спроведува Финска се покаже како успешен, веројатно ќе стане практика во сите земји од Европската Унија. Финска е првата земја во светот која во моментов тестира дигитално патување. Сите Финци на летовите на „Финер“ кои патуваа за Лондон, Манчестер и Единбург, деновиве можеа да го тестираат својот дигитален патен документ, пишува веб-страницата „Шенген ...

Корекцијата на пазарот поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), растот на приносите од обврзниците и сајбер-заканите се три клучни ризици за светските финансии, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот Извештај за глобална финансиска стабилност, кој е презентиран на годишните состаноци на ММФ во Бангкок, Тајланд. ММФ посебно ги потенцира разочарувачките резултати од инвестициите во ВИ кои би можеле да предизвикаат ...

Во ерата на вештачката интелигенција, работодавачите сè повеќе ги вреднуваат љубопитноста, приспособливоста, критичкото размислување и способноста за проценка на резултатите што ги генерираат алатките за ВИ, додека конкретните технолошки знаења сè побрзо се менуваат, наведуваат раководителите за човечки ресурси и развој на таленти. Извршниот директор на платформата за вработување Гринхаус, Даниел Чејт, оцени дека поради брзите промени на ...

Американската технолошка компанија Anthropic, која развива вештачка интелигенција и стои зад познатиот асистент за вештачка интелигенција Клод (Claude) објави дека за неколку месеци помалите модели на вештачка интелигенција (ВИ) би можеле да станат способни независно да се шират на уреди поврзани на интернет, како што се смарт шпорети и телевизори со Андроид. Во експериментите, компанијата провери дали моделите на ВИ можат да пронајдат уреди ...

Бесмртната медуза која ги препишува законите на биологијата Во океанските длабочини живее суштество кое го пронашло рецептот за вечна младост. Малата медуза Turritopsis dohrnii е единственото познато животно што може да го сврти процесот на стареење наназад и да се врати во својата најрана младешка фаза кога животот и е во опасност. Истражувањата на морскиот биолог Марија Милиета од Универзитетот A&M во Тексас покажуваат дека дури и кога ...

Нејзината теорија за потеклото на животот беше одбиена 15 пати, а денес науката докажа дека била во право Американската биолошка научничка Лин Маргулис остави трага со откритија што денес ги прифаќаме како општо познати вистини. Во време кога класичните догми на дарвинизмот ја гледаа еволуцијата главно како сурова борба и истребување, таа тврдеше нешто сосема поинакво: дека соработката и симбиозата се меѓу најсилните двигатели на животот. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
55%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
74%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
1.03
76%
1025
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
6.69
58%
1024
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
6.08
79%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.0
96%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
2.57
66%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 3ᴼ
0.0
83%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
42%
1024
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1020
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
4.47
72%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
5.66
97%
1020
Currency

61.707

Currency

56.202

Currency

73.615

Currency

37.33

Currency

39.23

Currency

66.883

Currency

8.4296

Currency

0.68605

Currency

0.35331

Currency

0.52403

Currency

1.1113

Currency

0.6062

Родиум

287749.18

Сребро

1355.97

Калај

41.34

Паладиум

28164.05

Алуминиум

2.84

Кобалт

33.53

Платина

42213.93

Иридиум

326330.08

Цинк

3.67

Рутениум

59478.88

Злато

116266.74

Бакар

11.01