Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Оригиналниот iPod слави 25-ти роденден, а Apple одлучи да го одбележи овој јубилеј со интересно изненадување на својата интернет-страница Apple Music. Со посета на адресата music.apple.com/us/ipod се отвора целосно функционална дигитална верзија на музичкиот плеер од првата генерација, со препознатливото тркалце за навигација и голем избор кратки 90-секундни извадоци од песни од тој период. Ова е забавен начин повторно да се доживее еден од ...
Алатката Playden на модифицираните PlayStation 5 конзоли овозможува најавување на Steam и локално извршување одредени PC-игри, но бидејќи проектот сè уште е во рана фаза на развој, компатибилноста со игрите е прилично ограничена. Благодарение на проектот Playden, на модифицираните конзоли PlayStation 5 сега е можно преземање и извршување PC-игри од Steam директно на конзолата, без потреба од стриминг од компјутер. Како што пренесува Tom’s ...
Зимата е периодот кога навистина доаѓаат до израз моќта и перформансите на системите за климатизација во домот. Особено во региони каде што зимите се исклучително студени, сигурен, моќен и енергетски ефикасен систем за греење претставува основен предуслов за комфор. Hisense инвертер клима уредите се развиени да функционираат таму каде што другите се соочуваат со предизвици. Не само за брзо загревање на домот во студените зимски утра, туку и ...
Xiaomi на почетокот на септември во Кина ја претстави новата генерација на својата паметна нараквица, која сега пристигна и на европскиот пазар по цена од 59,99 евра за стандардната верзија и 79,99 евра за моделот со NFC. Станува збор за моделот Xiaomi Smart Band 11, кој го задржува препознатливиот издолжен AMOLED-екран со дијагонала од 1,72 инчи, каков што имаше и претходната генерација. Главната разлика е во осветленоста, која сега ...
При купувањето автомобил, сигурноста е еден од најважните критериуми. Без разлика дали станува збор за мал градски автомобил, семеен теренец или електрично возило, никој не сака често да го остава автомобилот во сервис, да плаќа непланирани поправки и постојано да се грижи дали ќе се појави нов проблем. Најновото истражување за сигурноста на автомобилите на „What Car?“ покажува дека одредени модели речиси и да немале пријавени дефекти. Кај ...
Сè поголем број возачи во Франција се обидуваат да го заменат дизелот со масло од репка, поттикнати од огромната разлика во цената. Но, додека некои на овој начин се обидуваат да ги намалат трошоците за гориво, стручњаците предупредуваат дека употребата на прехранбено масло може да предизвика проблеми со моторот, пишува „Еуроњуз“. На социјалните мрежи деновиве масовно се споделува снимка од возач кој во резервоарот на автомобилот сипа масло ...
Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ го објави најголемото поединечно повлекување на автомобили од околу 1,7 милиони возила ширум светот, поради можен дефект што би можел да доведе до откажување на воланот, јавуваат светските медиуми. Ова соопштение доаѓа само неколку дена откако матичната компанија „Фолксваген“ и нејзините брендови „Ауди“ и „Сеат“ повлекоа неколку милиони возила поради истиот проблем. Повлекувањето ги опфаќа моделите ...
Со години се веруваше дека автомобилот најмногу штеди гориво кога се вози со брзина од околу 90 километри на час. Сепак, истражувањата покажуваат дека најекономичната брзина всушност може да биде пониска, пишува „Метрополитан“. На потрошувачката не влијае само брзината со која се движи автомобилот. Важни се и бројот на вртежи на моторот, степенот на пренос, оптоварувањето на возилото и отпорот на воздухот. Потрошувачката не се намалува или ...
Одржувањето на чистотата во автомобилот не се однесува само на надворешниот изглед и на контролната табла. Автомобилските седишта секојдневно собираат прашина, трошки, влакна и дамки, а со текот на времето можат да ја изгубат свежината и оригиналниот изглед. Сепак, со неколку едноставни трикови, нивното чистење може да биде полесно отколку што мислите. Најважно е да знаете од каков материјал се направени седиштата, бидејќи текстилот, ...
Првите студени октомвриски утра за многу возачи носат исти проблеми – моторот тешко се стартува, стартерот врти бавно или автомобилот воопшто не сака да запали. Иако многумина веднаш ја обвинуваат ниската температура, проблемот често се крие во ослабениот акумулатор. Но, уште поголема штета може да настане ако во обид да го запалите автомобилот постојано го вртите клучот. Една од најчестите причини за тешко палење е истрошениот акумулатор. ...
Легендарниот „Спачек“ би можел да се врати на улиците во 2028 година, овојпат како електричен автомобил со ретро дизајн и цена од околу 15.000 евра. Новиот концепт беше претставен во Салонот за автомобили во Париз, а идејата за оживување на култниот модел веќе предизвика поделени реакции кај љубителите на автомобили. За новиот проект, влијанието на кинеската конкуренција и враќањето на ретро моделите пишува „Еуроњуз Србија“. Оригиналниот ...
Новиот електричен спортски автомобил на „Тесла“ изведе салто во воздух и слета пред публиката. Според Илон Маск, возилото со помош на технологија развиена во соработка со „СпејсИкс“ може да изведува и други воздушни маневри, пишува „Евроњуз“. Илон Маск го претстави новиот „Тесла роудстер“ на настан што се пренесуваше во живо. Најголемо внимание привлече демонстрацијата во која автомобилот се искачи по закривена рампа, се преврте наопаку, а ...
Со доаѓањето на есента, возачите се соочуваат со променливи временски услови, влажни коловози, магла и сè пократки денови. Во ноќта меѓу 24 и 25 октомври стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето. Поради тоа, темнината ќе паѓа порано, а возачите ќе треба да бидат повнимателни и да го приспособат возењето на условите на патиштата. На влажен коловоз запирањето трае многу подолго Еден од ...
Научниците дигитално го реконструирале лицето на еден од најстарите познати припадници на нашиот вид, хомо сапиенс, кој живеел пред околу 315.000 години. Реконструкцијата е направена врз основа на фосилни остатоци пронајдени во Мароко, а резултатот открива лице со изразени црти и истакната вилица, кое сепак не би изгледало сосема туѓо во денешниот свет, објави научниот портал „Саенс алерт“. Зад оваа реконструкција стои бразилскиот дигитален ...
Полната месечина во октомври, позната како „Ловечка месечина“, го осветли небото низ светот и ги воодушеви љубителите на астрономијата со својот впечатлив изглед. Во ноќта меѓу 25 и 26 октомври, таа доминираше на есенското небо, создавајќи прекрасни глетки што ги инспирираа фотографите да ја овековечат во кадри со величествени природни пејзажи, светлечки градски панорами и древни знаменитости. На полните месечини во текот на годината ...
Роверот „Персеверанс“ на американската вселенска агенција (НАСА) откри ултраситни честички прашина на Марс, кои имаат дијаметар од само 100 нанометри, околу 500 пати потенки од човечка коса, што ќе има влијание врз организирањето на слетувањето на човечките екипажи на таа планета. Како што е наведено во студијата на научниот тим, роверот на НАСА, кој го истражува подрачјето на кратерот Језеро на северната хемисфера на Марс од слетувањето во ...
На 29 октомври 1969 година, два компјутера се обиделе да воспостават врска преку мрежа што претходела на денешниот интернет. Намерата била да се испише зборот „ЛОГИН“ (LOGIN), но системот паднал откако биле испратени само првите две букви – „ЛО“ (LO). Така, еден навидум неуспешен обид станал историски момент во развојот на технологијата, пишува „Еуроњуз“. View this post on Instagram A post shared by Shawn Lucus (@california_history31st) Две ...
Научниците создадоа дигитален модел на однесување за вештачка интелигенција, кој ѝ овозможува да покажува личност, емоции и расположенија под влијание на таканаречени „дигитални хормони“. Тие се активираат како одговор на човечката интеракција, соопшти прес-службата на рускиот Самарски универзитет „Корољов“. Научниците од Самарскиот универзитет развија посебен софтверски модул што ја прави вештачката интелигенција послична на човекот. ...
Антропик на 5 ноември објави анализа на 207.000 истражувачки сесии со Клод и Клод код. Компанијата испитувала во кои научни области и за какви задачи истражувачите најчесто ги користат овие системи. Анализата покажува дека обработката на податоци и пишувањето се меѓу главните примени. Самата анализа на податоци опфаќала околу една третина од сесиите со Клод и речиси половина од сесиите со Клод код. Употребата била позастапена во ...
Европската комисија побара од платформата ТикТок да го промени начинот на кој функционира алгоритмот за препорачување видеа во делот „For You“. Според прелиминарните наоди на европските регулатори, постојниот систем може да ги изложува корисниците на долготрајно гледање слични содржини, вклучително и материјали што негативно влијаат врз нивната психолошка благосостојба. Брисел смета дека алгоритмот може да создава затворен круг на препораки ...
Климатските рекорди продолжуваат да се нижат, а податоците од европската програма „Коперник“ покажуваат дека планетата сè повеќе се приближува до границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври во историјата на мерењата на глобалните температури и трет последователен месец во кој беше надминат прагот на затоплување утврден со Парискиот договор, соопшти денеска главната програма на Европската ...
Комисијата за заштита на податоци (ДПЦ) на Ирска го казни „Гугл“ (Google) со 403 милиони евра за начинот, на кој компанијата ги обработувала податоците за локација на корисниците. Казната е резултат на повеќегодишна истрага за „Гугл Ирска“ (Google Ireland), европската подружница на „Алфабет“ (Alphabet). Истрагата се фокусираше на законитоста на обработката на податоците за локација и дали „Гугл“ доволно им објаснил на корисниците како и зошто ...
Маж во Дубаи доживеал ненадеен срцев удар, но неговиот живот бил спасен благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим и употребата на автоматска машина за кардиопулмонална реанимација (CPR). दुबई में एक व्यक्ति को अचानक हृदय घात की स्थिति बन गई, लेकिन स्वचालित CPR मशीन के उपयोग से मरीज की जान बचा ली। pic.twitter.com/vgx2k5XXYj — RS KHATANA (@rskhatana72) September 23, 2026 Уредот овозможил континуирани и контролирани компресии на ...
Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, овој подводен енергетски систем отвора нови можности за снабдување со енергија за време на подводни операции. Успешните тестови покажаа дека сончевата светлина може да се претвори во електрична енергија дури и во слабиот „самрак“ на океанските длабочини. Chinese scientists have achieved the world’s first practical demonstration of underwater #solar power generation at a depth of 10 meters, ...
Американската технолошка компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) објави дека нејзиниот асистент со генеративна вештачка интелигенција, „Чет-ГПТ“ (ChatГПТ), го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе секоја недела. Оваа бројка на корисници беше откриена на „Девдеј“ (DevDay) – годишната конференција на компанијата за развивачи во Сан Франциско, САД, каде што беше истакнато и дека имаат 2,5 милиони деловни корисници. Овој сектор е клучен за финансирање на ...
Истражувачи од Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција (ВИ) и роботи за да создадат дигитален музеј што содржи околу 70 милиони примероци од животни, растенија, фосили и карпи од збирки низ целата земја. Проектот, познат како „Дистрибуиран систем на научни збирки (ДИССКО УК / DiSSCo UK), има за цел да им овозможи на јавноста и на истражувачите пристап – преку телефон и компјутер, до збирки коишто претходно беа достапни само во ...
Платформата за запознавање „Тиндер“, со седиште во САД и во сопственост на „Меч груп (Match Group)“, воведува нова функција што им овозможува на корисниците да се запознаваат и да организираат групни излегувања, со цел да ги привлече помладите генерации и да го запре трендот на опаѓање на бројот корисници. Функцијата, наречена „Групни дружења (Group Hangouts)“, му овозможува на корисникот прво да избере активност, а потоа да покани најмалку ...
Кинеската новоформирана компанија „Photon matrix lab“, со седиште во Чангџоу, со користење на лидар и ласер ќе се справува со комарците, со почетно месечно производство од 3.000 до 5.000 уреди. Производот привлече големо внимание за време на кампањата за групно финансирање на странски пазар. – Првата серија на уредот треба да биде испорачана овој месец, изјави директорот за продажба, Лоренс Ленг. Уредот се нуди во две верзии, со инфрацрвен и ...
Илон Маск планира да ја преименува својата компанија за вештачка интелигенција (ВИ) во согласност со настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп оваа технологија да се нарекува „суперинтелигенција“. Милијардерот од технолошкиот сектор вчера, одговарајќи на прашање на својата платформа „Икс“, потврди дека неговата компанија „СпејсИксАИ“ (SpaceXAI) ќе биде преименувана во „СпејсИксСИ“ (SpaceXSI). „Да, ќе ја направиме таа промена“, ...
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, изјави дека верува оти вештачката интелигенција би можела да генерира доволно раст на продуктивноста за да им овозможи на Американците да се префрлат на тридневна работна недела или да се потпрат на еден приход во домаќинството – отфрлајќи ги загриженостите дека технологијата би довела до масовни загуби на работни места за американските работници. Извршниот претседател на „Амазон“ го разгледува говорот на ...