Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Современ SUV со plug-in хибриден погон, електричен домет до 81 километри и комбиниран домет до 1.200 километри Кон крајот на октомври, македонскиот автомобилски пазар ќе биде побогат за нов модел од гамата на Dongfeng – Mage PHEV. Со современ дизајн, напредна технологија и plug-in хибриден погон, новиот SUV е наменет за возачите кои сакаат да ги спојат практичноста на автомобилот за секојдневна употреба со поголема слобода при подолгите ...
Нови можности за возачите, со модели што ги обединуваат функционалноста, современиот дизајн и разновидноста на погонските решенија. Автомобилскиот бренд JAC наскоро ќе биде повторно достапен на македонскиот пазар, со понуда што опфаќа модели наменети за различни потреби и животни стилови. Палетата ќе ја сочинуваат четири модели: пикап возилата T8 Pro и T9, SUV моделот JS6 и неговата plug-in хибридна изведба JS6 PHEV. Со оваа понуда, JAC ги ...
Американската технолошка компанија „Мета (Meta)“ претстави нови модели на вештачка интелигенција – „Мјуз вондер“ и „Мјуз вондер фул“ (Muse Wonder / Muse Wonder Full), тврдејќи дека тие можат да им соперничат на најнапредните системи од „Опен-АИ“ и „Антропик“. Овој потег е дел од напорите на „Мета“ да го зајакне своето место во глобалната трка во развојот на ВИ. Од „Мета“ изјавија дека новите модели се дизајнирани за сложени задачи што ВИ може ...
Моделот на вештачка интелигенција „Клод“ (Claude) заобиколи систем за плаќање и извлече агрегирани, јавно достапни податоци за излезноста на гласачите во американската сојузна држава Џорџија без човечка дозвола, соопшти „Антропик“. Моделот Клод не добил пристап до системот за регистрација на гласачи на државата, ниту ги измени или извлече податоци од евиденцијата на гласачите, соопшти компанијата, додавајќи дека презела чекори за блокирање на ...
Американската компанија „Гугл“ (Google) го претстави „Џемини 4 карбон“ (Gemini 4 „Карбон“) – нов модел на вештачка интелигенција, кој, според наводите, се наоѓа на првото место на „Индексот на анализа на ВИ“ (Artificial Analysis Intelligence Index). Како што соопшти технолошкиот гигант, во почетната фаза тој ќе биде достапен исклучиво за избрани стручњаци за кибербезбедност. „Карбон“ доаѓа по моделот „Џемини 4 аргон“ (Gemini 4 Argon). Новиот ...
Кога една компанија ќе изгради напреден модел на вештачка интелигенција, нејзините конкуренти можат да научат нешто од него само со поставување прашања. Ако соберат доволно одговори и ги употребат како примери за обука, можат да го подобрат сопствениот модел. Токму таквата употреба на американските системи од страна на кинески компании отвори спор во Вашингтон за тоа каде завршува конкуренцијата и каде почнува неовластеното користење на туѓа ...
WhatsApp од 8 септември 2026 година повеќе не поддржува телефони кои користат Android 5.0 или Android 5.1. Новиот минимум за апликацијата е Android 6.0 или понова верзија. Промената ги засега само уредите кои не можат да се надградат на понова верзија на Android. Ако вашиот телефон има Android 6 или понов систем, нема потреба од никаква промена. WhatsApp ја прекинува поддршката за старите верзии поради безбедноста и техничките ограничувања. ...
По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (ISS), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата. Станува збор за двајцата астронаути на НАСА, Стивен Бовен и Ворен Вуди Хобург, како и Русинот Андреј Федјаев и Султан ал Нејади од Обединетите Арапски Емирати, кој е првиот астронаут од арапските земји кој поминал долго време во орбитата, објави АП. Нивното враќање беше ...
Генетско истражување ги поврзува домородните Хавајци со жителите на Рапа Нуи и Мангарева, расветлувајќи дел од историјата на населувањето на Тихиот Океан. Од каде пристигнале луѓето што први ги населиле Хавајските Острови? Ново истражување, објавено во списанието Science, нуди дополнителни генетски докази за патиштата по кои древните полинезиски морепловци стигнале до овој оддалечен архипелаг, пренесува ScienceAlert. Научниците откриле силна ...
Психоделична супстанција од отровот на жаба може да помогне во лекувањето на депресијата, откриваат научниците Соединение што некогаш беше поврзувано со сензационалистички приказни за халуцинации денес влегува во клинички протоколи како можен третман за луѓе кај кои класичните антидепресиви не помогнале. Научниците го испитуваат како синтетизирана супстанција во спреј за нос, со резултати што покажуваат брзо намалување на симптомите по само ...
Кинескиот ласерски систем успешно уништи неколку бранови на дронови за напад На неодамнешни теренски тестирања во пустина во северозападна Кина, групи ударни беспилотни летала се приближувале на мала височина од повеќе правци. Пред да стигнат до целите, тие одеднаш се запалиле во воздух, ја изгубиле контролата и се урнале. Пресретнувањето го извел кинескиот противдронски ласерски систем од семејството „Гуангџјан“ („Светлосен меч“), пренесува ...
Кобила која се ождреби на улица во Скопје утрово беше повод за реакција на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој побара институциите итно да преземат мерки за заштита и згрижување на животните. Ѓорѓиевски информираше дека екипите на ЗОО – Скопје веднаш реагирале и дека кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно место, каде што ќе добијат соодветна нега и стручен третман. – Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. ...
Играта „AION 2” (во верзија наречена “Global“) ќе излезе на 5 октомври во Америка, Европа и Јапонија во своја глобална верзија на англиски јазик, иако веќе околу десет месеци се игра во Кореја и Тајван со својата оригинална азиска верзија со која се нудат доста нови информации што е добро да се знаат, кои ќе бидат вклучени како готови измени од стартот на играта. „AION 2“ е видеоигра на фирмата „NCSoft“ чиј успех кулминираше со првата верзија ...
Иако играта „Wo Long 2: Wings of Ember“ е најавена да излезе на 4 Март 2027 год. веќе има достапно бесплатно „Demo“ на „Steam“ што може уште сега да се симне и да се преигра, иако демото не е предолго сепак нуди увид во тоа што направиле девелоперите „Team Ninja“ досега со второто продолжение во серијалот, дека на оваа игра и претходи играта „Wo Long: Fallen Dynasty“ за која може повеќе да прочитате овде. Играта има претерано слични околини ...
Мрежната игра „Dune: Awakening“ е скоро надоградена со тоа што не мора да се игра со други играчи туку е имплементирана цела „Single Player“ кампања во која можете да играте сами. И не само тоа туку на играчите им се дава слобода да ја направат играта потешка или полесна по свој избор со менување многу опции рачно кои го дефинираат играњето и секако дека ветераните во гејмингот и стримерите ќе прават содржини од играње на најтешка тешкотија. ...
Иво Бару е новиот државен шампион на Македонија во најпознатата друштвена игра во светот „CATAN“, откако вчера, 27 септември, ја освои титулата на „Државното првенство во Catan 2026“ и со тоа обезбеди место на Европското првенство кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Rulebook“ во Скопје, а турнирот повторно беше организиран од „Гоблин Друштвени Игри“. На масите во ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за формирање на Советот на поранешните претседатели на Собранието – тело кое за првпат се воспоставува во историјата на законодавниот дом. Како што информира Гаши преку објава на Фејсбук, целта на Советот е искуството и знаењето на поранешните претседатели да се претворат во вредност за работата на актуелниот парламентарен состав, преку зачувување на институционалната меморија и ...
Со отворање на изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност синоќа во Скопје започна новото издание на „Европските дијалози – Европско наследство и иднина“, во организација на Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Настаните продолжуваат од денес до 2 октомври на повеќе локации низ градот, меѓу кои Младинскиот културен центар, Инокс центарот, Културниот центар „Јадро“, Europe House и ...
Се работи динамична и брза игра со тркање во „Star Wars универзумот“ наречена Galactic Racer, каде се користат „podracer“ – возила, но за разлика од првата ваква игра има да бирате и лебдечки моторцикли и таканаречени „Ramjet“ возила кои може да лебдат и сосема свртени вертикално за маневрирање на околината и поминување низ тесни процепи на карпи и напуштени индустриски структури. Во играта има пет достапни планети низ кои „шалтате“ низ ...
Sony ги најави интересните проѕирни контролери DualSense за конзолата PlayStation 5, кои потсетуваат на златната ера од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, кога многу технолошки уреди имаа проѕирен дизајн. Колекцијата Prism ќе биде достапна во три варијанти на бои: портокалова, зелена и сива. Како што пренесува Engadget, компанијата ветува дека секој контролер има проѕирна површина со висок сјај, која се протега и на задната страна, ...
Исклучувањето на Always On Display го продолжува траењето на батеријата за 6 до 8 часа, без да се жртвуваат паметните функции. Ова важи за речиси сите паметни часовници. Паметните часовници нудат напредни функции за следење на здравјето и примање известувања, но траењето на батеријата и понатаму е еден од главните проблеми за повеќето корисници. Ова особено важи за покомпактните модели, како што е Samsung Galaxy Watch 9 од 40 милиметри, со ...
Играта „God of War Laufey“ од креаторите „Santa Monica Studio“ не ја таргетира само женската популација во гејмингот, туку е обид да се направи навистина солиден и силен нов женски лик во „светот на игрите“. Лауфеј е тајно неодредена божица и сопруга на Кратос -Богот на Војната, која е во светот на мртвите слично како премисата во игрите за нордиската хероина Сенуа („Senua Sacrifice“ и „Senua Hellblade“), пробива пат за себе низ пеколот. ...
Двајца членови на тимот на OpenAI, со помош на моделот GPT-6 Astra, за помалку од една недела дизајнирале уред за разговор со Codex. Моделот ги изработил куќиштето, печатената плочка и софтверот, но пред почетокот на производството била потребна и проверка од инженери. OpenAI во вторникот објави дека двајца членови на неговиот тим го развиле уредот како спореден проект. Преку него може да се разговара со Codex, алатката за програмирање на ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци). Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. – Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени – ...
Последниве денови излезе многу важна вест за хакирање на портовите од PlayStation 5 каде поголем број од игрите веднаш станаа бесплатно достапни пиратски за персонални компјутери. Оваа појава излезе како резултат на експериментирање со AI во кое првично било побарано спојување на различни видеоигри во една нова игра, Вештачките Интелигенции користени за овие задачи за кратко време отворија нови можности, како пробивање на заштитите нa ...
Nova Lake го носи понапредниот производствен процес на Intel, кој треба да овозможи подобри перформанси и поголема енергетска ефикасност. Повеќе информации се очекуваат на CES. Intel за време на презентацијата на финансиските резултати за третото тримесечје од 2026 година потврди важен детал за следната генерација процесори Nova Lake. Според извршниот директор Лип-Бу Тан (Lip-Bu Tan), станува збор за првата клиентска процесорска платформа на ...
„Terra Scape“ е игра без насилство со градење на градови и инфраструктури на лебдечки острови каде во однос на теренот и ресурсите мора да направите просторно планирање за најдобра ефикасност. Во играта нема борби со други народи или пак природни невремиња со кои треба да се соочувате, просто се гради куќи и тврдини со различни намени и функции додека се слуша релаксирачка музика од самата игра. Мапите во „Terra Scape“ се генерираат ...
Samsung веќе тестира преклопен таблет од 17 инчи, кој по склопувањето би се намалил на приближно 8 инчи Samsung наводно развива преклопен таблет од 17 инчи, кој по склопувањето би се намалил на приближно 8 инчи. Информацијата доаѓа од познатиот извор @kro_roe, кој тврди дека развојот веќе започнал и дека истовремено се тестираат неколку верзии на уредот. Засега, Samsung нема официјално потврдено дека го развива овој производ, ниту ги открил ...
RAM-меморијата стана ново поле на судир меѓу локалната вештачка интелигенција и облачните центри за податоци RAM-меморијата во персоналните компјутери можеби не е најдоброто место за ограничените светски залихи на DRAM-чипови, смета извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман. Во разговор за емисијата Cheeky Pint, тој изјави дека, од гледна точка на глобалната распределба на ресурсите, е „прилично лошо“ огромни количества меморија да стојат во ...
Фотографијата Места на кои со задоволство им се враќаме на авторката Викторија Стојковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. – Фотографијата е направена на мое омилено место на врвот Вртешка кој се наоѓа над малата црквичка Св. Спас на Баба Планина каде има прекрасен поглед кон Преспанско Езеро. Место со посебна аура. Постојат места на кои со задоволство им се враќаме повторно и повторно – вели авторката. ...