Apple денеска го претстави iPhone 17e, кој доаѓа со A19 чип, MagSafe безжично полнење, побрзо полнење и двојно поголема почетна интерна меморија од 256 GB. iPhone 17e го содржи A19 чипот, првпат претставен со iPhone 17. Уредот располага со 6-јадрен CPU и 4-јадрен GPU, а од компанијата истакнуваат дека е до 2 пати побрз од iPhone 11. Новиот 16-јадрен Neural Engine е оптимизиран за големи генеративни модели. Дополнително, iPhone 17e го користи ...

Компанијата Vivo најавува глобална достапност на X300 Ultra и претставува нов 400mm ZEISS телеконвертор со напреден камера-систем и професионална видео-опрема. Од нашиот известувач: Никола Бурагев БАРСЕЛОНА, MWC 2026 – Како што се очекуваше, vivo го прикажа својот врвен камера-флегшип – X300 Ultra на Mobile World Congress (MWC). Ова не беше официјално претставување, туку најава за тоа што следува, а поважната вест е дека X300 Ultra е потврден ...

„Меѓународната организација за цивилно воздухопловство процени дека секоја година низ целиот свет се случуваат околу 5.400 судири меѓу авиони и птици, при што вкупната штета врз авиокомпаниите достигнува една милијарда долари. За да се спречат вакви инциденти се развиваат орнитолошки безбедносни системи. Еден од нив е автоматизираниот комплекс Орни“, се наведува во официјалното соопштение. Системот ги следи надморската височина, брзината и ...

Колку пати дневно посегнувате по мобилниот „само за секунда“, а потоа одеднаш се наоѓате еден час подоцна како и понатаму без размислување скролате? За тиктокерката Иона Бурчјага од Калифорнија тој рефлекс станал толку силен што го опишала како навика што повеќе не ја контролирала, особено на „TikTok“. Штом ќе го земела телефонот в рака, инстинктивно ја отворала апликацијата и со часови гледала видеа – често и без да сфати колку време ...

Повеќе од половина македонски средношколци пишуваат домашни со вештачка интелигенција – пропаѓа ли нашето образование? Македонските средношколци сè почесто користат вештачка интелигенција (ВИ) како лесен пат до оценка, наместо како помошна алатка за учење. Шокантни податоци откриваат дека секој втор ученик признава дека најмалку еднаш користел алатки како ChatGPT за пишување домашни. Стравот расте дека идните генерации ја губат способноста ...

Американскиот писател Дан Симонс (Dan Simmons), познат по својот класичен научно-фантастичен роман „Хиперион“ (Hyperion) и по богатото творештво во жанровите фантастика и хорор, почина на 21 февруари 2026 година во возраст од 77 години. Тој починал по компликации од мозочен удар во Лонгмонт, Колорадо, објави списанието Локус. Симонс бил роден на 4 април 1948 година во Пеорија, Илиноис. Пред да стане професионален писател работел како ...

Научниците го создадоа најмалиот QR код во светот, толку мал што може да се види само под електронски микроскоп. QR кодот е квадратен бар-код што складира дигитални информации – како што се интернет врски – во мрежа од црно-бели пиксели и може да се прочита со камера на телефон. View this post on Instagram A post shared by Sky_Go (@adventure_094) Новата минијатурна верзија влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи е 37% помала од ...

Microsoft не запира тука и носи повеќе нови функции во Notepad. Софтверскиот гигант со седиште во Редмонд веќе додаде голем број нови функции во Windows Notepad, претворајќи ја едноставната алатка за обработка на текст во полноправна апликација со поддршка за вештачка интелигенција, табели, форматирање, табови, опција за „автоматско зачувување“ и друго. Notepad го замени WordPad, стара апликација која беше исклучена пред неколку години. Сега, ...

02/03/2026 07:42 - Инфо - +1

Компанијата Meta официјално одлучи да го затвори сајтот Messenger.com. Почнувајќи од април 2026 година, messenger.com повеќе нема да биде достапен за пораки, објави Meta на својата официјална веб-страница. Апликацијата Messenger за десктоп исто така повеќе не е достапна, а корисниците можат да продолжат да испраќаат пораки на интернет на facebook.com/messages. Откако messenger.com ќе се повлече, автоматски ќе бидете пренасочени на ...

Досега, роботот работел во смени од 10 часа, пет дена во неделата, што значи дека имал слободен викенд. Компанијата BMW започна нов пилот-проект за воведување на хуманоидни роботи во производството. По тестирањето во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина, следниот чекор е фабриката во Лајпциг. Станува збор за проект наречен „Physical AI“, кој се спроведува во соработка со компанијата Hexagon. Нивниот хуманоиден робот AEON треба да помогне ...

По успехот на необичните нијанси на своите неодамнешни модели, технолошкиот гигант од Купертино наводно размислува да воведе црвена боја како главна ексклузива за своите претстојни врвни модели. Според најновите извештаи, Apple ја разгледува можноста црвената боја да стане следната премиум боја за серијата iPhone Pro. Иако компанијата со години нудеше црвена боја како дел од својата добротворна линија (PRODUCT)RED, таа главно беше резервирана ...

Оригиналниот Nintendo Switch стана најпродаваната конзола на Nintendo во историјата, со вкупно 155,37 милиони продадени единици на 31 декември 2025 година. Ова го става Switch пред легендарниот Nintendo DS, кој продаде 154,02 милиони единици помеѓу 2004 и 2011 година. Овој резултат беше постигнат благодарение на силната празнична сезона, во која компанијата продаде 7,01 милиони единици од конзолата Switch 2, додека вкупната продажба на Switch ...

Руски научници програмирале роботска рака која користи мозочни сигнали. Научници од рускиот Државен технички универзитет во Новосибирск (NSTU) развија хардверски и софтверски систем кој може да контролира роботска рака со препознавање на мозочните импулси на корисникот и би можел да се користи за помош на лицата со попреченост. Интерфејсот мозок-компјутер (BCI) е технологија која директно разменува информации помеѓу мозокот и електронски уред ...

Реномираниот производител на часовници Hamilton се здружи со Capcom за да создаде два специјални часовници во ограничено издание за да го прослави објавувањето на Resident Evil Requiem. Во Resident Evil Requiem, времето игра централна улога во создавањето тензија, а дизајните на Hamilton ја одразуваат оваа тема преку часовници прилагодени на главните протагонисти: агентот Леон С. Кенеди и аналитичарката Грејс Ешкрофт. Часовниците се ...

Од иновации во роботиката до флегшип уреди, HONOR го проширува својот AI екосистем на MWC 2026 [Барселона, Шпанија – 1 март 2026] – На Mobile World Congress 2026 (MWC 2026), HONOR ја унапреди својата визија за Augmented Human Intelligence (AHI) и ја забрза реализацијата на ALPHA PLAN преку три поврзани столба: Alpha Phone, Alpha Store и Alpha Lab. Надоврзувајќи се на долгорочната посветеност кон развој на AI решенија насочени кон човекот, ...

Во пресрет на MWC 2026 саемот, во Барселона беше претставен еден од најинтересните уреди во областа на мобилната фотографија – Leica Leitzphone, резултат на досега најдлабоката и најамбициозна соработка на компанијата Leica Camera AG со еден производител на паметни телефони. По повод 100-годишнината на Leica, компанијата во соработка со Xiaomi разви уникатен мобилен уред кој обединува вековна традиција и современа технологија. Leica ...

Анализата на глобалниот интернет сообраќај за 2026 година ја потврдува апсолутната доминација на американските технолошки гиганти, но носи и значајни промени во редоследот благодарение на вештачката интелигенција. Според најновите аналитички податоци, мапата на најпосетуваните страници во светот во 2026 година јасно покажува две работи: никој не може да го загрози Google, но вештачката интелигенција повеќе не е само тренд, туку секојдневна ...

И покрај тоа што се соочи со мешани критики и строги хардверски барања од самиот почеток, Windows 11 официјално ја премина границата од една милијарда активни корисници. Она што беше особено изненадувачки беше фактот дека сегашниот оперативен систем на Microsoft го постигна овој успех побрзо од неговиот претходник, Windows 10. Информацијата ја потврди извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, за време на презентацијата на кварталните ...

Еден од првите луѓе во Велика Британија на кои им е вграден мозочен чип од Neuralink, Себастијан Гомез-Пења, изјави дека „се чувствува неверојатно“ и верува дека уредот би можел да ги трансформира животите на луѓето со тешка парализа, објавија британските медиуми. „Огромна промена е во вашиот живот кога одеднаш не можете да поместите ниту еден од вашите екстремитети“, изјави за „Скај њуз“ Гомез-Пења, волонтер во првото британско испитување на ...

Европските верзии на Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra се практично исти како кинеските, со исклучок на нешто помалиот капацитет на батеријата. Xiaomi со настан во Барселона официјално ги донесе Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra на европскиот пазар. Од компанијата истакнуваат дека станува збор за модели позиционирани како уреди што комбинираат премиум дизајн, издржливост и напредни фотографски можности. Xiaomi 17 Ultra воедно е и најтенкиот и најлесниот ...

Новите паметни нараквици пристигнуваат во две верзии, додека слушалките FreeBuds Pro 5 по кинеската премиера конечно стануваат достапни и на глобалниот пазар. Huawei, покрај новиот Watch GT Runner 2, ја претстави и новата серија паметни нараквици Band 11, како и глобалната достапност на безжичните слушалки FreeBuds Pro 5, кои досега можеа да се купат исклучиво на кинескиот пазар. Band 11 и Band 11 Pro Паметните нараквици од серијата Band 11 ...

Она што пред две години го најави македонската компанија „Comsove“ — дека ќе започне со продажба на електрични автомобили произведени во Кина и дека ќе се појават на европскиот пазар во 2024-та година — би требало да се оствари оваа година, најавил претставник на компанијата кој го контактирал хрватски „Forbes“. „Forbes“ наведува дека преднарачките неодамна се отворени и дека автомобилите наводно ќе бидат достапни оваа година. Погледот на ...

Откако ја отстрани „Bluetooth“ функционалноста на „S Pen“ со минатогодишниот „Galaxy S25 Ultra“, некои корисници шпекулираа дека „Samsung“ постепено би можел да се откаже од своето препознатливо пенкало. Сепак, откако „Galaxy S26 Ultra“ беше претставен со „S Pen“, тие претпоставки пропаднаа, а „Samsung“ сега потврди дека не се откажува. Имено, во интервју за „Bloomberg,“ Вон-Џун Чои, главен оперативен директор на „Samsung“ за „Mobile ...

Развојот на универзална вакцина против настинки, грип, ковид и алергии постигна значителен напредок, веруваат научниците. Експерти од Медицинскиот факултет при Универзитетот Стенфорд во САД развија универзална вакцина која може да се нанесува како спреј за нос и може да заштити од широк спектар на респираторни вируси, бактерии и алергени. Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „Наука“, било спроведено на глувци и им ...

Дали ви се случило некогаш Laravel апликацијата што ја градите „да станува сè потешка и побавна”, иако не сте додале толку многу нови функционалности? Една од најчестите причини за ова е проблемот со N+1 query. Eloquent релации кои се повикуваат повторливо затоа што сме заборавиле да примениме eager loading. Во овој текст ќе зборуваме за Laravel Query Detector од Beyond Code, пакет кој автоматски ги детектира N+1 query-ја за време на ...

По ригорозните тестирања на германскиот Федерална канцеларија за безбедност на информатичката технологија (BSI), iPhone и iPad станаа единствените комерцијални уреди одобрени за ракување со податоци од нивото „NATO Restricted“ без дополнителни софтверски прилагодувања. Apple официјално објави дека iPhone и iPad станаа првите и единствени уреди наменети за широка потрошувачка кои целосно ги исполнуваат строгите барања за информатичка ...

Возбудување за љубителите на видеоигрите и филмовите донесе неодамнешната објава на ново промотивно видео за претстојната игра "LEGO Batman: Legacy of the Dark Knight". Во новиот промотивен материјал е прикажана сцена што секој обожавател на Бетмен веднаш ќе ја препознае: преземањето на музејот во Готам Сити од страна на Џокер. Станува збор за верна „LEGO“ рекреација на легендарната секвенца од филмот "Batman" на Тим Бартон од 1989 година, ...

Корисниците на Apple уреди повторно се најдоа на мета на паметни онлајн измамници. Иако вашиот iPhone веројатно не е „заразен“ во класична смисла, спам пораките од календарот можат да нанесат сериозна штета. Ако одеднаш сте се нашле бомбардирани со чудни состаноци, известувања за наводни вируси или „награди“ што ве чекаат, не сте сами. Ова е бран измами што ја користат функцијата за претплата на календарот на Apple за да ве бомбардираат со ...

Американската војска го разви „Coyote Block 3“, електромагнетен систем за повеќекратна употреба способен да соборува роеви дронови, а потоа да се враќа во базата. Во неодамнешна демонстрација на американската војска, дрон наречен „Coyote Block 3“ успешно „спржи“ роеви дронови, потврдувајќи дека дроновите за повеќекратна употреба опремени со електромагнетно оружје се многу поекономична алтернатива од традиционалните пресретнувачи со експлозив. ...

OpenAI, креаторот на ChatGPT, наводно работи на својот прв хардверски уред – паметен звучник кој се очекува да се појави на почетокот на 2027 година. Уредот е дел од поширокиот план на компанијата да влезе на пазарот на потрошувачка електроника со цела фамилија уреди напојувани од вештачка интелигенција. Според извештај објавен од The Information, OpenAI ангажирал тим од над 200 експерти да работат на хардверот. Клучна фигура во овој проект е ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
7.72
71%
1011
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
76%
1012
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
93%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
76%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
11.24
71%
1009
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
95%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
61%
1007
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1009
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
48%
1008
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
9.77
67%
1004
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
61%
1010
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
72%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Калај

54.16

Цинк

0.00

Бакар

12.70

Родиум

320703.70

Сребро

2585.69

Паладиум

46843.64

Платина

65233.86

Алуминиум

3.50

Рутениум

51376.89

Злато

150267.72

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09