Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Искусниот Киран Трипие одамна најави дека ќе ја заврши соработката со Њукасл Јунајтед, но сега е јасно и во кој клуб планира да ја продолжи кариерата. Поранешниот англиски репрезентативец постигнал договор со Волвс и ќе се обиде да им помогне на „волците“ во желбата за експресно враќање во Премиер лигата. Составот од Вулверхемптон имаше најслаб ефект во Премиер лигата во веќе завршената сезона и се сели во Чемпионшип, а тоа подразбира дека ќе ...
Германскиот ракометар од редовите на Кил, Руне Дамке, изјави дека очекува спектакуларен завршен турнир во Европската лига на ЕХФ, каде неговиот тим има огромни амбиции. Гигантот од Германија во полуфиналето се среќава со францускиот Монпелје, а Дамке очекува балансиран меч, со победа на Кил и пласман во големото финале. „Мислам дека квалитетот на ова натпреварување постојано расте. Секој завршен турнир е прилично балансиран во силите, па ...
Поранешната македонска репрезентативка, Јелена Антиќ ќе продолжи да ја гради својата тренерска кариера во Бундес-лига. Таа потпиша нов договор на уште една сезоната со тимот на Келтерн, кој оваа сезона ја освои шампионскта титула. „Продолжувањето на договорот на Јелена Антиќ е значаен сигнал за континуитет и стабилност во клубот“, пишаа од таборот на германскиот тим. Антиќ соработува со Матеа Тавиќ која е главен тренер во бундес-лигашот. ...
Доскорешниот тренер на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ ќе биде нов тренер на Хапоел Ерусалим. Амбициозниот клуб учествуваше во Еврокупот минатата сезона, а имаше индиции дека се кандидати за добивање посебна покана за Евролигата. Останува да се види дали навистина ќе биде така и дали српскиот тренер повторно ќе работи во елитното натпреварување. Покрај Црвена звезда, Саша Обрадовиќ во својата тренерска кариера ги водеше Монако, Алба, Келн, ...
Готово е. Големото враќање во шпанската престолнина сега е факт – Жозе Мурињо го потпиша договорот и ќе биде следниот главен тренер на Реал Мадрид. Португалецот ги парафираше своите услови, потпишувајќи го договорот до јуни 2029 година. Именувањето на Мурињо беше целосно на иницијатива на претседателот на клубот, Флорентино Перез. На 12 мај, 79-годишниот менаџер повика на претседателски избори во клубот, на кои ќе се соочи со претприемачот ...
Манчестер Јунајтед обезбеди значителни средства за летниот преоден рок, откако во последните недели отплати долг од 110 милиони фунти, односно околу 127 милиони евра. Овој потег му дава на тренерот Мајкл Керик многу посилна основа за реконструкција на тимот пред новата сезона. Според британските медиуми, клубот значително ја зголемил својата финансиска моќ пред летниот преоден рок со отплата на кредитите во последните шест недели. По овие ...
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени за десетина дена, пренесува лондонскиот „Телеграф“. Освојувачката со 23 Грен слем титули не играла од УС Опен 2022, а сега побарала „вајлд-карта“ за турнирот во Квинс во Лондон. Серена ќе настапи само во двојки на овој турнир, а нејзина партнерка ќе биде Викторија Ембоко, 19-годишна Канаѓанка, која во моментов е деветта на светот. „Серена треба официјално да објави дали ќе игра. Тоа треба да биде ...
Жерсон Родригеш и официјално е првото задилување на Вардар за европскиот настап и за следната сезона во првенството на Македонија. Шампионот на Македонија успеа да постигне договор со најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург, кој потпиша на една сезона, до можност договорот да биде продолжен. Португалецот со пасош на Луксембург пристигна од првенството на Тајланд, а во својата кариера има шампионски титули во три ...
Кошаркарскиот клуб Бург одлучи да игра во Еврокупот, и покрај можноста да игра во Евролигата. Бург, како победник на Еврокупот, не сакаше да ја искористи таа шанса пред се поради финансиски и организациски предизвици, па затоа барем во следните три сезони ќе игра во второто по ранг натпреварување. Како што објавува „Еурохупс“, Монако и Париз сигурно ќе играат во Евролигата следната сезона иако тимо од кнежевството имаше многу финансиски ...
Капитенот на ПСЖ, Маркињос, беше полн со оптимизам пред финалето во Лигата на шампионите против Арсенал, обраќајќи им се на новинарите на прес-конференцијата во Будимпешта. Маркињос е убеден во квалитетот на неговиот тим, а воедно го пофали и тренерот Енрике, за кого рече дека е еден од најдобрите тренери во светот. „Чувството и за ова финале е како за секое финале. Како да е истата енергија пред дуелот во Минхен минатата година. Откако дојде ...
Францускиот ПСЖ се подготвува за најголемиот предизвик во сезоната - финалето во Лигата на шампионите. „Светците“ веќе допатуваа во Будимпешта, а на новинарите им се обрати Усман Дембеле, кој изјави дека „Арсенал е одлична екипа, имаат одличен тренер и не случајно се шампиони на Англија и непоразени во Лигата на шампионите. Мислам дека одговорноста на мојот грб е уште поголема откако дојдов во ПСЖ, но мислам дека добро се справувавм со тоа. ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар официјално го потврди своето најново и најзвучно засилување. Нов член на „црвено-црните“ е искусниот репрезентативец на Луксембург, Жерсон Родригез Кореа Леал. Станува збор за исклучително квалитетен напаѓач со богато меѓународно искуство, кој во својата кариера настапуваше за клубови како Динамо Киев, Троа, Сиваспoр и Слован Братислава. Неговото пристигнување во Скопје се очекува драстично да ...
ПСЖ веќе испратил исклучително богата понуда до Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварес. Според шпанските медиуми, францускиот шампион понудил 120 милиони евра плус двајца фудбалери за 26-годишниот Аргентинец. Се претпоставува дека станува збор за Ли Канг-ин и Гонсало Рамош. Дополнително, „светците“ се подготвени да му понудат плата еднаква на онаа на освојувачот на Златната топка, Усман Дембеле, која изнесува 22 милиони евра годишно ...
Ракометарите на Пелистер вчера го одиграа последниот натпревар во сезоната во кој славеа против Алкалоид и на тој начин го потврдија второто место на табелата. На овој дуел дел од ракометарите го одиграа и последниот натпревар пред битолската публика, а навивачите имаа посебна порака за Филип Кузмановски. Од трибините моежеше да се слушне како публиката скандира: „Фитиљ остани“ Инаку, Кузмановски во јуни ќе се пресели во Кувајт на еден месец ...
Славниот германски клуб Минхен 1860 се соочува со сериозна финансиска криза и опасност од целосен банкрот, пренесуваат германските медиуми. Клубот има огромни долгови и е под силен притисок на финансиските доверители, поради што иднината на организацијата е неизвесна. Во случај на дополнително влошување на состојбата, не се исклучува ниту сценарио за административни мерки и евентуална владина помош за излез од „амбисот“. Германските извори ...
Срамен грабеж ја згрози јавноста во Србија, откако засега непознати сторители упаднале во семејната куќа на легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ во Сремска Каменица. Инцидентот се случил во ноќта меѓу вторникот и средата, во периодот меѓу два и три часот по полноќ, додека во домот спиела неговата мајка Викторија. Според информациите на српските медиуми, крадците одзеле пари, вредни предмети, но и бројни сувенири од богатата ...
Ал-Наср, шампионот на Саудиска Арабија во чиј состав настапува Кристијано Роналдо, официјално го објави заминувањето на тренерот Жорже Жезус. „Каква авантура. Какво поглавје во историјата. Ви благодариме, господине“, стои во соопштението на клубот. Португалскиот стратег има 71 година и го водеше Ал-Наср од јули 2025 година. Неговиот договор важеше до 30 јуни 2026 година, но двете страни на крајот не успеале да постигнат договор за ...
Пелистер после одигрувањето на последниот натпревар од оваа сезона на домашен терен, на специјална и свечена церемонија им се заблагодари на ракометарите кои си заминуваат. „Спортските разделби се емотивни, посебно кога се последица на нови проекти, нови почетоци, нови предизвици. Но, кога веќе мора и треба да се случат – ќе ги паметиме многубројните добри спомени, освоени трофеи, постигнати голови, склучени пријателства. Илија Абутовиќ – ...
Милан долго време важеше за тим кој е кандидат за титулата во Серија А, но од месец март доживеа сериозен пад на формата и тоа откако го победи градскиот ривал и сега веќе шампион Интер. Екипата почна да губи доста натпревари, тешко да победува, а кулминацитата беше последното коло во кое се посрамоти на домашен терен и загуби од Калјари со 2-1, ситуација која беше искористена од конкурентите и Милан не ја оствари и основната цел, пласман во ...
Барселона покажува интерес за дефанзивецот на Арсенал, Пјеро Инкапије, пренесуваат британските медиуми. Според информациите, „каталонците“ ја разгледуваат можноста за ангажман на репрезентативецот на Еквадор. Инкапије настапува за „топчиите“ како позајмен играч од Баер Леверкузен, но откупот на неговиот договор се смета за обична формалност. Трансферот треба да биде реализиран за 45 милиони фунти, а јужноамериканскиот дефанзивец веќе има ...
Фудбалерот на Новаци, Стефан Јовановски, зад себе има фантастична сезона во Втората македонска фудбалска лига и со своите настапи се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во второлигашката конкуренција. 26-годишниот Јовановски сезоната ја заврши како трет најдобар стрелец во Втората лига со постигнати 18 погодоци, шест помалку од лидерот на листата Виктор Ангелов од Скопје, кој постигна 24 гола. За Јовановски ова беше најдобрата сезона во ...
Кошаркарот на Њујорк Никс, Мичел Робинсон, го скршил малиот прст на десната рака, и тоа пред почетокот на големото НБА финале. Според повеќе американски медиуми, Робинсон ќе мора да паузира најмалку две до три недели, што значи дека сезоната за него веќе може да биде завршена Лекарскиот тим ветил дека ќе даде максимум за да го оспособи за настап во финалната серија, но шансите за такво нешто во моментов се многу мали. Робинсон на последниот ...
На денешен ден пред 35 годинa Црвена Звезда го направи најголемиот успех во југословенскиот клупски фудбал, откако славеше победа во финалето на Купот на европските шампиони, одиграно во Бари, против францускиот гигант Олимпик Марсеј. Таа генерација на белградскиот тим беше составена и од двајца Македонци – Илија Најдоски и Дарко Панчев. Двајцата имаа огромна заслуга за историскиот успех на Црвена Звезда – Најдоски беше незаменлив во ...
Мохамед Салах одигра клучна улога во сите успеси на Ливерпул во изминатава деценија, период во кој клубот стана англиски, европски и светски клупски шампион. Африканецот даваше голови, асистираше и правеше разлика на теренот и нема да му биде лесно да премиерлигашот да најде соодветна позиција на таа десна страна на теренот. Во јавноста веќе некое време се вртат некои имиња, меѓутоа засега нема ништо конкретно и се останува отворено. Џон ...
Откако по пауза од шест години ја врати шампионската круна во своите витрини, ФК Вардар влегува во новата натпреварувачка сезона предводен од нов предводник на стручниот штаб, Аргентинецот Кристијан Фабијани. Наследникот на Гоце Седлоски пред себе ја има тешката задача да ја одбрани неодамна освоената титула, а и да ја нападне двојната круна. Со таа цел, веќе комплетираше својот стручен штаб. Станува збор за спој на луѓе кои веќе добро ја ...
По вчерашниот спаринг дуел кој заврши нерешено 2:2 во сетови, одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва (18:30 ч.) ќе одигра и официјален контролен натпревар со селекцијата на Црна Гора во Подгорица. На вчерашниот дуел за наша несреќа се повреди Љафтов, кој останува да се види колку време ќе мора да паузира поради повредата на скочниот зглоб. Селекторот Миленкоски вечерва во салата „Верде“ ќе има можност на официјален меч со ...
Барселона е на чекор до договор со искусниот португалски играч за врска Бернардо Силва. Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб е многу блиску до комплетирање на трансферот на фудбалерот на Манчестер сити. Ангажманот на 31-годишниот Португалец добил зелено светло и од тренерот Ханси Флик, кој го гледа Силва како важно засилување за средниот ред на тимот. Во текот на следната недела се очекува агентот Жорге Мендеш да има средба со ...
Шокантни сцени на Ролан Гарос го одбележаа четвртокот во Париз. Првиот фаворит на турнирот, Јаник Синер, веќе беше елиминиран во второто коло по нереалниот пресврт на 56-от играч во светот, Хуан Мануел Черундоло. Италијанецот имаше сè во свои раце – водеше со 2:0 во сетови и имаше неверојатни 5:1 во третиот сет, а потоа целосно остана без сила. Во жештината на Париз, 24-годишниот Синер „остана без гориво“ и го загуби мечот со резултат 6:3, ...
Градењето на нов проект и подготовката за следните предизвици во ракометна Европа неминовно носат промени во ростерот. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска официјално потврди дека врти нов лист, разделувајќи се со четворица интернационалци кои оставија длабока трага во Битола во изминатиот период. Клубот се одлучи на достоинствено и емотивно испраќање на ракометарите кои помогнаа пехарите да останат во градот на конзулите. ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:30 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против БиХ на Кошево во Сараево. За домаќинот, ова ќе биде прва проверка во пресрет на Светското првенство, додека за Македонија натпреварот претставува уште една можност за воигрување под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, кој третпат ќе ја предводи националната селекција откако ја презеде функцијата во март. Македонија и БиХ досега се ...