Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен натпревар против Босна и Херцеговина меѓу кои единствен дебитант е десниот бек на Вардар, Георгије Јанкулов. На голот е капитенот Столе Димитриевски, а во одбраната се стандардните Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Херера. Средниот ред го сочинуваат Бобан Николов, Јани Атанасов и Елиф Елмас, додека во нападот ...
По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија. Попладнево се одржа официјалната ждрепка за тимските спортови, а на женскиот одбојкарски турнир ќе настапат десет репрезентации. Македонија е дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во ...
Вечерва од 20:30 часот, репрезентациите на БиХ и Македонија ќе одиграа пријателска средба. Најавите се дека “Кошево“ ќе биде преполно, а домашните фанови и тоа како ја загреаја атмосферата во Сараево непосредно пред стартот на натпреварот. Имено атмосферата во главниот град на Босна и Херцеговина е на највисоко ниво уште од утринските часови. Навивачите на БиХ веќе ги „преплавија“ улиците на Сараево и меѓу нив владее голема еуфорија. ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Босна и Херцеговина од 20:30 часот, а на нешто помалку од еден час до почетокот познат е и составот со кој ќе настапиме. Maкедонскиот селектор Гоце Седлоски се одлучи да почне со еден од дебитантите во составот, Георгије Јанкулов ќе игра од првата минута на бековската позиција. Формацијата во која ќе играме 3-4-3. Димитриевски; Муслиу, Велковски, Зајков; Јанкулов, ...
Џан Пјеро Гасперини успеа да ја одведе Рома до пласман во Лигата на шампионите, а на тој начин очигледно доби и сериозно влијание во интерната распределба на моќ и функции во менаџментот. Откако уште пред крајот на сезоната Клаудио Раниери се повлече од својата улога на клупски советник, денеска е потврдено дека од Рома заминува и спортскиот директор Фредерик Масара. Масара дојде во редовите на „волчицата“ минатото лето и учествуваше во ...
На стадионот „Кошево“ во Сараево вечерва се случи необична сцена пред пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, публиката не аплаудираше само на домашните фудбалери, туку со громогласни овации поздрави и еден македонски репрезентативец. Станува збор за Агон Елези, кој доби силен аплауз од трибините уште за време на загревањето, во моментите кога стадионот почна да се полни пред почетокот на натпреварот. Причината за ...
Во периодот од 29 до 31 мај, ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе биде домаќин на финалниот турнир од ФФМ Детските лиги за сезоната 2025/2026. На завршниот турнир ќе настапат 96 екипи од целата држава, кои преку регионалните натпреварувања обезбедија место меѓу најдобрите. Во текот на тридневната програма, повеќе од 1500 млади фудбалери, родени од 2013 до 2018 година, ќе се натпреваруваат во шест возрасни категории. Предвидени се вкупно ...
Атлетико Мадрид на необичен и саркастичен начин реагираше на последните шпекулации кои го поврзуваат Хулијан Алварез со трансфер во Барселона. Во изминатите денови шпанските медиуми сè почесто пишуваа дека аргентинскиот напаѓач би можел да заврши на „Камп Ноу“, а од мадридскиот клуб очигледно решија преку хумор да испратат порака што мислат за таквите информации. На официјалните профили на социјалните мрежи, Атлетико објави три одделни ...
Дебитантот Георгије Јанкулов е големото изненадување на селекторот Гоце Седлоски во почетниот состав на македонската фудбалска репрезентација за вечерашното гостување во Сараево на пријателски меч со БиХ. Фудбалерот на Вардар е стартер и ќе добие шанса да заигра уште првата минута. На голот е Димитривски, пред него Зајков, Муслиу и Велковски, потоа Ерера, Јанкулов, Николов, Атанасов, а напред се Елмас, Миовски и Растодер. Дебитантот ...
Во пресрет на вечерашниот пријателски дуел помеѓу репрезентациите на Босна и Македонија кој што вечерва ќе се одигра во Сараево, на стадионот Кошево, раководните структури на двете репрезентации имаа официјална средба. На истата, срдечно и гостопримливо нашиот фудбалски врв беше пречекан од домаќините. Беше разговарано на повеќе теми, и секако ги спои двете пријателски земји уште повеќе. Во пресрет на вечерашниот пријателски дуел помеѓу ...
Гоце Седлоски и Сергеј Барбарез, селекторите на Македонија и Босна и Херцеговина, ги објавија стартните состави за пријателскиот натпревар во Сараево. Во нашиот национален тим има еден новитет од претходно, тоа е дебитантот Георгије Јанкулов кој ќе игра на страничната бековска позиција. Босанците, пак, се комбинирани во првите 45 минути. БиХ (4-3-3): Зломислиќ; Дедиќ, Радељиќ, Катиќ, Мукајиќ; Бајрактаревиќ, Тахировиќ, Гиговиќ; Баждар, Лукиќ, ...
Масар Омерагиќ, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), имаше средба со претставници на Фудбалската федерација на БиХ пред пријателскиот меч во Сараево. Претседателот на македонскиот фудбал истакна дека „секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.“. Омерагиќ беше на средба со делегација предводена од Вицо Зељковиќ. Првиот човек на ФФМ истакна благодарност за гостопримството во ...
Ракометарите на Куманово славеа со 25-27 на гостувањето против Пролет во рамките од последното коло од плејаут натпреварувањето. Дуелот беше максимално израмнет и неизвесен, но гостите подобро се снајдоа во самата завршница и стигнаа до посакуваниот триумф. Пролет беше подобар ривал во првото полувреме и на одмор замина со предност од 12-10. Домаќините имаа контрола само до 13-11, по што кумановци со четири гола во низа го свртеа резултатот ...
Баерн Минхен се збогува со играчот од средниот ред Леон Горецка. Овој 31-годишен фудбалер ќе го напушти клубот од Минхен на крајот од сезонава. „Осум години. 16 титули, тоа остаанув засекогаш. Ти благодариме за сè, Леон. За посветенооста, пасијата, незаборавните моменти“, се вели во соопштението на прес-службата на најтрофејниот германски клуб. Горецка се приклучи на Баерн од Шалке во летото 2018 година. Со клубот од Минхен освои седум ...
Микел Артета, тренерот на Арсенал, говореше пред медиумите пред финалето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Стратегот на новиот англиски првак покажа голема почит кон ривалот, но истакна дека Арсенал не се плаши и дека е подготвен да се надигрува со актуелниот европски владетел. „Тука сме во финалето затоа што заслуживме да бидеме тука. Сите сакаат да го играат овој натпревар и ние сме со целиот ростер. Тимбер и Мадуеке се ...
Мартин Едегард и Арсенал ги очекува уште еден голем натпревар за крај на сезоната. Веројатно и најголемиот во поновата историја. Во финалето на Лигата на шампионите, новиот шампион на Англија се среќава со францускиот и европски првак ПСЖ. „Малку ни олесна по освојувањето на Премиер лигата, но соблекувалната е иста. Поминавме многу како група, долго се подготвувавме за овие последни неколку недели и спремни сме. Добив порака од Патрик Виеира, ...
Челниците на Атлетико Мадрид беа бесни по бројните пишувања на медиумите дека Хулијан Алварез е подготвен да го напушти овој клуб и да се пресели во Атлетико Мадрид. Одговорот беше апсолутно оригинален, откако мадридскиот тим преку социјалните мрежи објави дека го купува ни помалку ни повеќе – туку Ламин Јамал… И тоа со извонредна „пакет-понуда“ што преку овие профили беше испратена до Барса. „HERE WE GO! Испративме факс до Барселона со наша ...
Мухамед Елмас е дел од У21-тимот за пријателскиот натпревар против Бугарија. Како увертира за натпреварот, играчот на Македонија ЃП кажа дека и покрај тоа што се работи за крај на сезоната и сите играчи зад себе имаат многу натпревари, заморот мора да се заборави кога се носи дресот со државниот грб. „Имаме контролен натпревар со Бугарија, сите спремни сме, иако ни фалат некоклку играчи заради повреди и заради клупски обврски, но ние што сме ...
По успешната сезона во Србија каде обезбеди опстанок со Борац Чачак, Матеј Гаштаров се стави на располагање на У21-тимот на Македонија со кого ќе игра пријателски натпревар со Бугарија. Еден од играчите од помладата генерација, очекува добар дуел и победа. „Како и на секој натпревар, ние ќе го дадеме максимумот. Убаво е кога си со репрезентацијата, сакаме победа, да ја завршиме сезоната како што треба. Има доста нови играчи на овој собир, до ...
Србија ќе добие нов кошаркарски шампион откако Партизан неочекувано беше елиминиран од ФМП во денешното полуфинале против тимот на ФМП, губејќи со 79-92. Федерацијата го промени форматот па шампионот на Србија се решава на фајналфор што се игра во Ниш, каде „црно-белите“ ослабени поради неиграњето на голем дел од странските кошаркари немаа одговор за расположениот состав на ФМП. Тимот на ФМП имаше контрола, на одмор замина со „плус 11“, во ...
Рио Фердинанд изгради вистинска бизнис империја по повлекувањето од фудбалот, спорт во кој беше меѓу најплатените играчи во светот. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед откри дека денес заработува повеќе отколку во најдобрите денови од кариерата, успешно трансформирајќи се од фудбалска икона во успешен бизнисмен. Фердинанд, кој како еден од најплатените фудбалери заработувал шест до седум милиони евра годишно, потврди дека денес неговите ...
Пеп Гвардиола наводно им се доверил на блиски луѓе дека во иднина би сакал да ја преземе репрезентацијата на Англија. Оваа информација се појави само неколку дена по неговото заминување од Манчестер сити, клуб со кој за десет години освои дури 17 трофеи, пренесуваат англиските медиуми. Новинарот Џек Гоган од „Дејли Мејл“, кој долго време го следи Сити, за „Скај Спортс“ изјави: „Мислам дека повеќе нема да го гледаме во клупскиот фудбал, иако е ...
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година отпатува за Бугарија каде ќе го одигра контролниот дуел со источниот сосед. Со неколку принудни промени, селекторот Горан Станиќ го собра тимот и ги одработува последните подготовки за пријателскиот натпревар кој ќе биде и влог за иднината која ни следи. „Сакавме да го искористиме овој ФИФА прозорец за пријателски натпревар. Имаме проблеми околу составот, доста играчи откажаа заради ...
Реал Мадрид го задржува првото место на ранкингот на највредни фудбалски клубови во светот, додека Премиер лигата има дури шест претставници во Топ 10 друштвото – објави магазинот „Форбс“, кој традиционално прави проценка во оваа категорија. Вредноста на Реал е проценета на 9,5 милијарди долари, а годинава второто место го презема Барселона, која го потисна Манчестер Јунајтед на третото место. Вредноста на Барса е проценета на 7,5 милијарди, ...
Очекувано, капитен на „гаучосите“ ќе биде Лионел Меси, а во тимот се најдоа и останатите носители на играта како Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Родриго Де Пол, Енцо Фернандез, Алексис Мак Алистер, Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез. Скалони не изненади со големи промени, туку се одлучи за проверени сили со кои Аргентина ќе ја започне мисијата за одбрана на светската титула. Аргентинците ќе го отворат настапот во групната фаза против ...
Оливер Глазнер е еден од најдобрите тренери, бидејќи кога ќе успеете да ја освоите Лигата на Европа и Конференциската лига, ФА Купот и Комјунити Шилд со тимови како Ајнтрахт и Кристал Палас, тогаш мора да си ги земете заслугите за такви работи бидејќи конкуренцијата е навистина жестока. Австриецот го напушти Палас , а „Билд“ денес носи вести за неговиот следен клуб. Може да биде – Баер Леверкузен. Андони Ираола беше човек кого многумина веќе ...
Искусниот Киран Трипие одамна најави дека ќе ја заврши соработката со Њукасл Јунајтед, но сега е јасно и во кој клуб планира да ја продолжи кариерата. Поранешниот англиски репрезентативец постигнал договор со Волвс и ќе се обиде да им помогне на „волците“ во желбата за експресно враќање во Премиер лигата. Составот од Вулверхемптон имаше најслаб ефект во Премиер лигата во веќе завршената сезона и се сели во Чемпионшип, а тоа подразбира дека ќе ...
Германскиот ракометар од редовите на Кил, Руне Дамке, изјави дека очекува спектакуларен завршен турнир во Европската лига на ЕХФ, каде неговиот тим има огромни амбиции. Гигантот од Германија во полуфиналето се среќава со францускиот Монпелје, а Дамке очекува балансиран меч, со победа на Кил и пласман во големото финале. „Мислам дека квалитетот на ова натпреварување постојано расте. Секој завршен турнир е прилично балансиран во силите, па ...
Поранешната македонска репрезентативка, Јелена Антиќ ќе продолжи да ја гради својата тренерска кариера во Бундес-лига. Таа потпиша нов договор на уште една сезоната со тимот на Келтерн, кој оваа сезона ја освои шампионскта титула. „Продолжувањето на договорот на Јелена Антиќ е значаен сигнал за континуитет и стабилност во клубот“, пишаа од таборот на германскиот тим. Антиќ соработува со Матеа Тавиќ која е главен тренер во бундес-лигашот. ...
Доскорешниот тренер на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ ќе биде нов тренер на Хапоел Ерусалим. Амбициозниот клуб учествуваше во Еврокупот минатата сезона, а имаше индиции дека се кандидати за добивање посебна покана за Евролигата. Останува да се види дали навистина ќе биде така и дали српскиот тренер повторно ќе работи во елитното натпреварување. Покрај Црвена звезда, Саша Обрадовиќ во својата тренерска кариера ги водеше Монако, Алба, Келн, ...