Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Мечот се одигра во прекрасна атмосфера на стадионот Кошево, но навивачите кои дојдоа да го проследат овој дуел не видоа голови. Сепак во една славеничка атмосфера Босанците беа испратени на Светско првенство. БиХ енергично го отвори натпреварот, во 4. минута Алајбеговиќ имаше шанса да донесе водство за домаќините, но неговиот удар со помош на еден од нашите дефанзивци заврши во пречката од голот на Димитриевски. Македонија првиот шут го имаше ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево на стадионот Кошево пред преполни трибини и прекрасна атмосфера одигра 0:0 против домаќинот Босна, која што се подготвува за настап на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Она што го очекувавме тоа и го добивме од овој меч. Претпазлив домаќин кој што се воигрува и концентрира за она што следува, и Македонија која што сеуште се бара со новиот селектор Гоце Седлоски. И со ...
За нешто помалку од половина час, на стадионот Кошево во Сараево, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра пријателскиот дуел против домаќинот Босна. Во прекрасна атмосфера и 30.000 присутни навивачи, босанците се подготвуваа за Мундијалот, а ние им сме претпоследниот спаринг партнер пред турнирот. Репрезентациите веќе наголемо се загреваат за дуелот, а при излегувањето на теренот, покрај домашните звезди уште еден репрезентативец доби ...
Македонскиот селектор Гоце Седлоски, по ремито 0-0 против Босна и Херцеговина, беше задоволен од залагањето на неговите фудбалери, а се надева и дека наскоро ќе ја прекинеме серијата без постигнат гол која е три меча по ред. „Задоволен сум од залагањето, од трката што ја покажаа момците во текот на целиот натпревар кој се играше во една прекрасна атмосфера. Имавме две шанси кои требаше да ги искористиме, но и Босанците имаа шанси и погодија ...
Бојан Миовски ја имаше најубавата шанса за Македонија вечерва на „Кошево“, нашиот голгетер успеа да го измами и босанскиот голман, но топката да не заврши во мрежата спречи босанскиот дефанзивец Радељиќ со интервенција пред самата гол-линија. Миовски по натпреварот истакна дека е задоволен од играта, потенцирајќи дека дуели со ривали од ваков калибар се добредојдени во пресрет на новите предизвици што ќе го очекуваат нашиот национален тим од ...
Вистинска сензација се случи во завршницата на српското кошаркарско првенство, откако за првпат во историјата финалето ќе се игра без белградските великани Црвена звезда и Партизан. Во полуфиналниот натпревар, Спартак Суботица приреди големо изненадување и ја совлада Црвена звезда со 90-89, обезбедувајќи место во финалето. Претходно во текот на денот, уште еден шок приреди ФМП, кој го елиминираше Партизан во второто полуфинале. Со тоа, ...
Убави сцени во Сараево по натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Македонија приредија навивачите на двете репрезентации. Мечот заврши без голови, но навивачите на трибините и атмосферата го одбележаа натпреварот во Сараево. По дуелот, неколкумина Македонци се здружија со Босанците, па ги научија на познатата навивачка песна „зига-зага Македонија, але“. Заедно навиваа по натпреварот, сите беа одушевени. Убави сцени во Сараево по натпреварот ...
Бојан Миовски се најде во нападот на Македонија, а ја имаше најубавата шанса на мечот за нашиот национален тим во ремито против Босна и Херцеговина. По мечот кој заврши без голови 0-0, тој кажа дека силните пријателски мечеви се добри за оваа нова Македонија. Првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имавме ние свои шанси, исто и противникот, но не се искористија. Се воигруваме, знаеме што ни следува. Имаме доста нови играчи, нова ...
Ница вечерва слави откако оваа екипа успеа да излезе како победник од бараж двомечот со Сент Етјен, со што стигна до билет за и следната сезона да се натпреварува во елитното француско фудбалско друштво. Првиот меч во Сент Етјен заврши без голови, реваншот поради казната за Ница се играше пред празни трибини, па и првите 45 минути од вечерашниот дуел не донесоа преголеми возбудувања. Затоа пак вториот дел беше супер-возбулив, Ница успеа да ...
Џејмс Тедеско постигна спектакуларен обид на само 90 секунди до крајот, со што тимот на Нов Јужен Велс Блуз (NSW Blues) направи голем пресврт и победи со 22-20 против Квинсленд Марунс во првиот натпревар од State of Origin серијата, одигран на дождливиот „Стадиум Австралија“ во Сиднеј. Квинсленд отвори фуриозно и поведе со 20-0 по само 20 минути игра. Марунс изгледаа доминантно, а Калин Понга беше меѓу најдобрите на теренот. Но, натпреварот ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално го освоија второто место во Супер лигата и следната сезона ќе имаат можност да настапат во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани три сезони по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона завршија со 52 бода, колку што има и Охрид на третата позиција, односно осум помалку од шампионот Вардар. Во мечот од последното коло, Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше над Алкалоид со 31-26 и ...
Монца е третиот тим (по Венеција и Фросиноне) што обезбеди промоција во Серија А откако оваа екипа со многу среќа го мина бараж-двомечот со Катанцаро. Монца имаше огромни 0-2 по првиот меч на гостински терен, но потоа целосно потфрли на вечерашниот реванш што Катанцаро го доби со идентични 0-2. Во секоја друга ситуација се очекуваат продолженија или пенали, но во Италија правилата се поинакви, па Монца обезбеди директен пласман во Серија А, ...
Македонската репрезентација одигра мирно прво полувреме со малку шанси на двете страни. Селекторот Гоце Седлоски се одлучна шанса од првата минута да му даде на еден од шестмината што чекаат деби, а тоа е десниот бек Георгије Јанкулов од Вардар. на голот почна со стандардниот Столе Димитриевски, кој е и капитен во отсуствои на повредениот Енис Барди. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски и Ѓоко Зајков, по латералните позиции лево ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизира со Босна и Херцеговина (0-0) во пријателски натпревар во мајско-јунскиот циклус. Нашата репрезентација добро му се спротивстави на домаќинот на стадионот „Кошево“ во Сараево, па иако беше во подредена улога успеа добро да се одбрани, а имавме шанса и да постигнеме гол. Првата шанса на натпреварот ја имаа Босанците кои во четвртата минута ја погодија пречката по удар на Гиговиќ кој од ...
Историја се испишувз во српската кошарка откако за првпат од осамостојувањето на оваа земја во финалето на плејофот нема да играат ниту Партизан, ниту Црвена Звезда. Федерацијата го промени форматот, па победникот на шампионатот се решава на фајналфор на неутрален терен во Ниш, таму најпрвин шампионот Партизан загуби од ФМП, за вечерва да биде комплетирано уште едно изненадување, Црвена Звезда загуби од Спартак Суботица со 90-89, втора година ...
Откако успешно ги мина задолжителните лекарски прегледи, Родригес стави потпис на едногодишен договор со „црвено-црните“, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Новата ѕвезда на тимот ќе го носи дресот со бројот седум. Се работи за фудбалер со импресивно резиме зад себе. Со екипата на Динамо Киев има настапувано во Лигата на шампиони, тој е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург. Во интервју ...
Босанските навивачи го искористија натпреварот против Македонија како прослава за пласманот на Светското првенство. На тестот на „Кошево“ имаше и организирана навивачка група која во вториот дел направи пиротехничко шоу, покрај „ѕвезденото“ небо од светилките на телефоните. Сепак, еден од факелите предизвика и мал пожар кој беше на само една локација кој почна да се шири под трибината. Пиротехничкото шоу во Сараево: Сепак, членовите на ...
Голем пех доживеа резервниот голман на репрезентацијата на Босна и Херцеговина Осман Хаџикиќ. Се работи за 30-годишен чувар на мрежата кој требаше да влезе во игра и да дебитира за босанската репрезентација откако претходно беше дел од младинските категории на Австрија. 0-02-05-42988690332373730cdbc34323481ac05f1091c5f4f914f40a7c9ed690cb755d_6745d2f8225f2376.jpg Сепак, иако замената беше најавена на загревањето меѓу двете полувремиња тој ...
Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на овогодинешниот Ролан Гарос и се приклучи на листата фаворити кои предвреме го завршија настапот во Париз. Српскиот ас загуби со 3-2 во сетови од 19-годишниот Бразилец Жоао Фонсека, иако имаше водство од 2-0 по четири часа и 57 минути игра. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и целосно доминираше во првиот сет, во кој поведе со 5-1, а потоа го доби со 6-4. Контролата ја задржа и во вториот сет за предност од ...
Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Босна и Херцеговина и е „спаринг-партнер“ пред настапот на Мундијалот на Босанците, а на стадионот во Сараево владее празнична атмосфера. Полни трибини, песни се пеат во еден глас, моменти да се наежиш. Босанците „дишат“ фудбал, ги тресе мундијалската грозница и сите едвај чекаат на стартот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонија не успеа да се квалификува на СП 2026, ...
Женската репрезентација на Македонија со 1:3 (25:23, 24:26, 16:25, 24:26) загуби од селекцијата на Косово во првиот пријателски тренинг натпревар, кој се играше попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија имаше убаво отворање со водство од 1:0 во сетови, и иако сите сетови се играа тесно и со многу осцилации, противникот успеја да се избори за комплетен пресврт. Во четвртиот сет имавме и сет-топка, 24:22, но не ја искористивме, ...
Македонската фудбалска репрезентација за десетина минути ќе го започне пријателскиот меч во Сараево против домашната Босна. Нашиот национален состав е гостин на пријателскиот тим кој што се подготвува за Мундијалот во САД, Мексико и Канада. На перполниот стадион „Кошево“ има околу 30.000 гледачи, а ечи легендарната песна „Љиљани“ од Халид Беслиќ, неофицијалмата химна на националниот тим на Босна. Македонската фудбалска репрезентација за ...
ЕКИПА во Сараево, БиХ Горан Бошев Полувреме без голови, но и не и без возбудувања играат Босна и Херцеговина и Македонија во Сараево. Иако Босанците добро го отворија мечот, ја погодија и пречката, Македонија имаше одлична шанса кога ја натера противничката селекција да чисти од самата гол линија. Крилните играчи беа најопасни кај домаќинот на оваа средба, додека Македонија играше трпеливо, чекаше грешка на противникот, и токму по една таква ...
Македонската репрезентација одигра мирно прво полувреме со малку шанси на двете страни. Селекторот Гоце Седлоски се одлучна шанса од првата минута да му даде на еден од шестмината што чекаат деби, а тоа е десниот бек Георгије Јанкулов од Вардар. на голот почна со стандардниот Столе Димитриевски, кој е и капитен во отсуствои на повредениот Енис Барди. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски и Ѓоко Зајков, по латералните позиции лево ...
Новак Ѓоковиќ испдна од 20 години помлдиот Жоао Фонсека со 6-4, 6-4, 3-6, 5-7, 5-7 на тенискиот гренслем турнир „Ролан Гарос“ кој се игра на земјена подлога во Париз. Ѓоковиќ играше добро во првите два сета, но потоа почна кризата, го загуби третиот, четвртиот, а во петтиот сет Бразилецот беше посвеж. Српската легенда испушти прекрасна шанса да ја освои 25-тата гренслем титула. Кој и да го освои турнирот, тоа ќе му биде прваа гренлем титула ...
Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска испиша нова страница во домашниот спорт, откако од денеска официјално е најдобро рангирана џиу-џицу борачка во светот во својата категорија. Со одличните резултати и континуираните успеси во изминатите години, Ацевска се искачи на првото место во сениорска конкуренција над 70 килограми, оставајќи зад себе дури 70 натпреварувачки од 30 различни земји. Од Џиу-џицу федерацијата не го криеја ...
Ракометниот клуб Е.Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ракометари кои во следната сезона нема да го носат дресот на битолскиот состав. Заминуваат Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ и Домен Тајник, ракометари кои во изминатиот период беа дел од успесите на Пелистер и со клубот освоија две шампионски титули во Македонија, како и еден Суперкуп. Ракометниот клуб Е.Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ...
Ѓоковиќ го напушти Ролан Гарос по драматичен пораз од 3:2 во сетови од бразилскиот тинејџер Жоао Фонсека, во меч што почна како рутинска контрола на српскиот шампион, а заврши како симбол на новата генерација која сè погласно тропа на вратата на тенискиот врв. Ако резултатот биде официјално потврден, тоа ќе биде најголемиот удар во досегашниот машки дел од турнирот, особено по претходното испаѓање на Јаник Синер. Ѓоковиќ влезе во мечот како ...
Најдобрите македонски одбојкари со 3:0 (28:26, 25:20, 31:29) загубија од Црна Гора во вториот пријателски натпревар во Подгорица. Репрезентациите одиграа неизвесен натпревар полн со пресврти во кој домаќинот се радуваше на крајот. Како и на вчерашниот тренинг натпревар, така и денеска селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање. Репрезентацијата утре се враќа дома Најдобрите македонски одбојкари ...
Турската тенисерка Зејнеб Сенмез мораше да го предаде мечот во дубл поради повредата заработена откако се сопна од рекламен панел поставен на задниот дел од теренот на Ролан Гарос. Сенмез играше дубл со Татјана Марија и обидувајќи се да врати една долга топка, не го забележа панелот на еден од главните спонзори, се сопна на него и заврши во оградата. Турчинката заработила два конца и болка во коленото, а за да биде полошо, ова е втор случај ...