Шкендија Арачиново утре ќе го игра најважниот натпревар во својата клупска историја, откако во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со Пелистер, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, место кое буди убави спомени кај фудбалерите на Шкендија Арачиново. Токму на овој стадион минатата сезона екипата од Арачиново го совлада Осогово и обезбеди ...

Македонија ремизираше 0-0 на гостувањето против БиХ, во првиот од двата пријателски натпревари што нашата репрезентација ќе ги одигра во овој ФИФА прозорец. Дебитантот во репрезентацијата, Дин Аломеровиќ по мечот даде свое мислење за натпреварот одигран во Сараево. „Задоволен сум од моето деби. Игравме против квалитетна репрезентација, дадовме се од себе. Можевме во прво полувреме да дадеме гол, но тоа е фудбалот. Бевме компактни добро се ...

Организаторите на Отвореното првенство на Франција изјавија дека на Адолфо Даниел Ваљехо ќе му биде изречена „значајна санкција“ откако Парагваецот рече дека неговиот натпревар од второто коло не требало да го суди жена. Ваљехо предизвика контроверзии велејќи дека Бразилката Ана Карваљо не можела да ги држи домашните навивачи под контрола додека загуби на Ролан Гарос и сега може да очекува казна. Ваљехо се соочи со францускиот тинејџер Моиз ...

6001 ПСЖ – Арсенал (21 часот) Европскиот првак Пари Сен Жермен нема да дозволи да го загуби финалето, барем не во регуларниот тек од натпреварот, а очекувањата се дека ќе има од два до пет гола. Предлог тип: 1X & 2-5 (1.95) 4979 Фламенго – Коритиба (21 часот) Домаќинот е сериозен фаворит, а типуваме дека на овој дуел ќе има најмалку три гола. Предлог тип: 1 & 3+ (2.11) 3565 Ауда – Огре (16 часот) Ауда можеби не е најдобриот тим во ...

Екипата на Интер ја освои последната титула во Серија А, а во своите редови го имаше и Федерико Димарко, кој заслужено беше прогласен за МВП на сезоната во италијанското првенство. Иако не се работи за класичен офанзивен играч, членот на „нероазурите“ блескаше во текот на целата сезона и успеа да го собере признанието кое со право заврши во редовите на шампионот. Димарко интересно е и прв Италијанец кој ја добива наградата откако истата се ...

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца. По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека ...

Арсенал веќе си обезбеди огромна заработка од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона, откако со пласманот во финалето инкасира најмалку 105,6 милиони евра, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, конечната сума може да достигне и до 150 милиони евра, во зависност од приходите од ТВ-правата што клубот ќе ги добие од УЕФА. Доколку лондонскиот тим го совлада ПСЖ во финалето, вкупната заработка дополнително ќе се зголеми. Арсенал доби ...

Големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, кое се игра вечерва во Будимпешта, доби увертира со немили сцени и навивачки хаос низ улиците на унгарската престолнина. Синоќа дојде до жесток меѓусебен судир помеѓу навивачките групи на двата тима. Видеата кои брзо се проширија на социјалните мрежи прикажуваат алармантна состојба со многу запалени факели, фрлање камена и разни тврди предмети. Иако физичката пресметка ...

Ракометниот клуб Охрид е на чекор до историски успех, а интересот за реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп против Татабања достигнува невидени размери. По победата од 28-29 на првиот меч, во Охрид владее вистинска ракометна еуфорија. Директорот на клубот, Славчо Ристески, истакна дека огромниот интерес најдобро се гледа преку брзината со која се распродале билетите. „Сè беше очигледно во брзината на продажба на билети. До пред ...

Од петте квоти на денот во Sport Life за кои вкупниот коефициент е 46.95, поединечно најголемата е за најважниот натпревар, финалето во Лигата на шампионите. Предлогот за ПСЖ – Арсенал е да одиграте дека нема да биде нерешено после 90 минути игра и притоа дека во двете полувремиња ќе има барем по еден гол. Оваа комбинација ви носи супер квота од 2.80. Квота од 2.05 се нуди за победа на Малме над Халмстад и притоа треба да има 2-5 гола за оваа ...

Супермилеџ: Револуционерен автомобил што троши само 1 литар гориво за пат од Скопје до Париз Во време кога светот се ориентира кон електрични возила, тим од студенти на Универзитетот во Јута создаде исклучително ефикасен автомобил на фосилни горива кој може да помине стотици километри со само еден литар етанол. Сето тоа се должи на ултралесната, компактна и аеродинамична конструкција, што на сите им ја отвора маката — што сѐ може да направи ...

Поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг (31) бил уапсен во четвртокот наутро под сомнение за повеќе прекршоци, вклучувајќи и возење под дејство на недозволени супстанции, откако со своето Ламборџини удрил во заштитна ограда на автопат во Англија. Според полициското соопштение, инцидентот се случил околу 9 часот наутро, а во несреќата немало други вклучени возила ниту повредени лица. Фудбалерот е приведен под сомнение за возење под ...

Ентони Гордон вчера официјално беше претставен како засилување на Барселона, а предизвика многу реакции и со фактот што на промоцијата зборувал течен шпански јазик. Англискиот репрезентативец пристигна од Њукасл за сума од 70 милиони евра и истакнал дека трансферот во Барса му бил детски сон. – Сонував да играм за Барселона уште од тригодишна возраст. – Сакав да зборувам шпански затоа што, верувале или не, очекував дека ќе играм за Барселона ...

Вечерва, со натпреварот од финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал ќе се спушти завесата од клупскиот фудбал оваа сезона. Несомнено дека во Будимпешта нè чека вистински фудбалски спектакл, но истиот беше најавен со грди сцени низ улиците во главниот град на Унгарија. Clashes in Budapest last night between PSG and Arsenal ahead of today’s Champions League League final! pic.twitter.com/3LWyRPatD6 — Ultras Clips ...

Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот доминира, но и тениски мечеви има во завиден број. Секако, сето тоа со максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува од 11 чассот со тенискиот дуел меѓу Сакари и Чвалинска. Зголемени се максимално коефициентите на Гимпо, Коболи, Беретини, Черундоло, Малме, Остерс, ПСЖ, Оже-Алијасим, Фламенго, Атлетико ПР… Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот ...

Најновото издание на Ролан Гарос донесе низа изненадувања во првите две рунди, а после елиминацијата на неколку важни носители и на светскиот рекет број еден Јаник Синер, пристигна шок и од мечот на кој се чинеше дека Новак Ѓоковиќ е на добар пат да се најде во четвртата рунда. Српскиот тенисер отвори одлично против младиот Жоан Фонсека и поведе со 2:0 во сетови, но потоа енергетски падна во третиот и му дозволи на Бразилецот да се врати во ...

Новиот англиски шампион, Арсенал, се подготвува за активен летен преоден рок, пренесуваат медиумите во Велика Британија. Раководството на клубот заедно со менаџерот Микел Артета веќе подготвило листа на потенцијални засилувања, со цел дополнително да се зајакне тимот во борбата за домашни и европски трофеи. Како главни цели се споменуваат неколку имиња од врвот на европскиот фудбал. Меѓу нив се играчи како Сандро Тонали, Хулијан Алварез, ...

По освојувањето на шампионската титула, во таборот на Вардар интензивно се работи на креирање на играчкиот кадар за претстојната сезона, а клубот денеска потврди и две разделби. Црвено-црните нема да сметаат на услугите на голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски, откако со двајцата фудбалери беше постигнат взаемен договор за прекин на соработката. Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера ...

Американецот со македонски пасош, Омари Мур одигра одличен меч во дресот на Валенсија и беше лидер во важната победа над Гран Канарија во АЦБ лигата. Домаќините славеа со 105:81, а вистински лидер беше токму Мур кој за 21 минута на паркетот постигна 21 поен со 1 скок и 4 асистенции. Зад него остана Бадио со 18 и двоецот Тејлор и Сако кој уфрли по 10 кошеви, додека кај поразените се истакна Брусино со 16 кошеви. Ова беше болен пораз за Гран ...

Македонија се уште нема дадено гол под водство на Гоце Седлоски, а помина и третиот натпревар. Но, тој не е загрижен многу за тоа. „Првото полувреме имавме шанса да поведеме, а покажавме и иницијатива. Не искористивме две ситуации од кои можеше да се направи натпреварот поинаков. Кога ќе согледаме, ова е нова репрезентација со доста трчање и помагање еден на друг. Игравме со силна репрезентација која ќе игра на Светско првенство. Кога ќе се ...

Финалето на Лигата на шампионите вечерва во Будимпешта ги носи Арсенал и ПСЖ во дуел кој може да означи нова пресвртна точка во европскиот фудбал. На „Пушкаш Арена“, англискиот шампион ќе брка прва европска круна, додека Пари Сен Жермен ќе се обиде да ја потврди новата моќ по минатогодишниот историски триумф. Ова не е само меч за трофеј. Ова е судир на две фудбалски идеи кои последните сезони созреваа на различен начин. Арсенал на Микел ...

Возачот на Дукати Леново, Марк Маркез, официјално доби дозвола да го продолжи натпреварувачкиот викенд за ГН на Италија. Шпанскиот мотоциклист се врати на патеката Муџело за време на првиот слободен тренинг (ФП1) по неодамнешната повреда. Маркез ја заврши воведната сесија на 15-тата позиција со најдобро време од 1:47.419, заостанувајќи 1.177 секунди зад лидерот Фабио Ди Џанантонио. По завршувањето на тренингот, тој замина на закажан контролен ...

Една од најбрзите и најконкретните трансфер-операции во поновата фудбалска историја доби своја официјална разврска. Англискиот репрезентативец и досегашен член на Њукасл Јунајтед се сели на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант преку својот официјален сајт го потврди трансферот со наслов Anthony Gordon becomes an FC Barcelona player. Договорот е потпишан на пет сезони, со важност до јуни 2031 година, а офанзивецот ќе му се приклучи на тимот ...

Македонската фудбалска репрезентација во моментов во Сараево, пред преполниот стадион Кошево го игра пријателскиот натпревар проти домаќинот Босна, учесникот на следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. На полувреме резултатот е 0:0, во дуел во кој домаќинот сериозно се чува од било каков проблем, но и потенцијално се заканува кон нашиот гол. Во почетните минути, младиот Алајбеговиќ распали од далечина, топката од Зајков доби лошо ефе и ...

Заборавете на тактички анализи, формации, ВАР-системи и милионски трансфери. Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ, кое викендов се игра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, веќе има свој победник. Барем ако ги прашате најрелевантните фудбалски експерти на денешницата, пингвините од зоолошката градина во унгарскиот град Ниреѓхаза. Во духот на легендарниот октопод Пол, чуварите пред овие нелетачки птици поставија два плика со ...

Трет натпревар по ред под водство на новиот стручен штаб. Трет натпревар без постигнат гол. Но, она што повеќе загрижува од нулата на семафорот е фактот што ова беше трет меч по ред без ниту една континуирана, сериозна и опасна акција кон противничкиот гол. По дебаклот во Данска (4-0) и „приспивната“ нула во Даблин против Ирска, синоќешното реми (0-0) против Босна и Херцеговина во Сараево само го потврди дефанзивниот грч во кој се наоѓа ...

Италијанскиот шампион, Интер, го договори трансферот на српскиот фудбалер Алекандар Станковиќ, за кого ќе плати 22 милиони евра. Станува збор за еден од најталентираните млади играчи од Балканот, а „нероаѕурите“ решија да ја активираат откупната клаузула и да го вратат во Милано по одличните настапи во Белгија. Синот на легендарниот Дејан Станковиќ минатата сезона блескаше во дресот на Клуб Бриж, каде беше еден од клучните играчи во средниот ...

Познати судиите за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига. Три натпревари ќе бидат одиграни во сабота, а еден меч во недела. Дуелот во Кратово меѓу Каменица Саса и Еуромилк ГЛ ќе го суди Доне Ристовски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Роберт Црвенов, а Боби Величков ќе биде четврт судија. Делегат ќе биде Илија Поп Костов, контролор ќе биде Сашо Лазаревски, комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Кренар Шуку, а комесар за ...

Македонија ремизираше 0-0 на гостувањето против БиХ, во првиот од двата пријателски натпревари што нашата репрезентација ќе ги одигра во овој ФИФА прозорец. Целта е исполнета – солиден меч во кој видовме на дело поголем број на играчи во националниот тим, неколку дебитанти, кои имаа можност да опчувствуваат што значи да се носи репрезентативниот дрес. Играта можеше да биде подобра, но и противникот дефинитивно поседува квалитет, па затоа на ...

Екипата на Сарагоса го дочека последното коло од шпанското кошаркарско првенство во најлоша позиција во однос на ривалите Андора и Гран Канарија, но на крајот на чудесен начин избори опстанок во елитата. Сарагоса мораше да го победи Рио Бреоган и да чека пораз на ривалите, па иако вториот услов се реализираше, тимот предводен од Гонсало Гарсија де Виторија се мачеше пред своите фанови. Рио Бреоган имаше предност 91:83, но Сарагоса некако се ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.63
83%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
1.92
63%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.33
75%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.66
79%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
55%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.2
80%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.79
54%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.23
69%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.38
71%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.7
71%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
56%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
3.57
100%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Паладиум

42889.10

Злато

139701.84

Платина

57581.99

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Бакар

13.02

Алуминиум

3.35

Цинк

0.00

Калај

54.89

Родиум

257205.97