Без разлика дали биле на маргините или во самиот политички мејнстрим, во Србија секогаш постоеле екстремно десничарски организации кои, со повеќе или со помалку успех, откажувале различни настани со чие одржување не се согласуваат, ги заплашувале ранливите групи, влегувале во судир со властите, а понекогаш дури и работеле за нив, пишува „Н1“. Препорачано Таква е, на пример, организацијата „Народна патрола“, која закажа протест против т.н. ...

Двајца државјани на Босна и Херцеговина, кои исчезнаа во африканската земја Мали пред речиси два месеца, се живи и здрави и набргу треба да се вратат кај своите семејства, објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина. Марио Кокоруш и Марин Петровиќ, двајца авантуристи кои патувале во многу други земји пред Мали, според достапните информации, исчезнале на почетокот на септември и се претпоставувало дека биле или уапсени од владините сили во ...

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имаомоглу, вчера беше сослушан околу три часа во Палатата на правдата во Чаглајан во рамки на нова истрага за наводна шпионажа, додека денес турскиот суд издаде дополнителен притворски налог по истите наводи. Опозицискиот лидер, кој се смета за клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани. Обвинителството поднесе нови точки на обвинение поврзани со наводни ...

Подгоричката полиција истражува кој запалил автомобил на паркингот „Зерен Моторс“ во Забјело синоќа, околу полноќ. Пожарот не се проширил на другите автомобили на паркингот, сопственост на турски државјанин, објавува „Вијести“. Овој инцидент е дел од спиралата на насилство и уништување на имот на турски државјани што ескалираше синоќа во таа населба, откако во саботата навечер беше избоден млад човек од Црна Гора. Поради нападот, полицијата ги ...

Словенечките купувачи повторно можат да купуваат во реновираниот „Туш“ маркет „Дебро“ кај Лашко. Како што истакнува компанијата, со реновирањето на просторот и опремата, „Туш“ обезбедил современо купувачко искуство кое овозможува прегледност и едноставност при купувањето. Купувачите во обновената продавница можат да избираат меѓу широката понуда на свежи производи и свежо печени пекарски деликатеси, овошје и зеленчук, производи под трговската ...

Речиси 100 милиони евра ќе изнесува фондот кој ќе се распредели на пензионерите во Албанија како новогодишен бонус. Бонусот ќе биде распределен на 765 илјади пензионери, и тоа во две групи. Оние кои земаат помалку ќе добијат повеќе, а тие кои земаат повисока пензија ќе добијат помалку. Па така сите пензионери кои земаат над 20.000 леќи ќе добијат бонус од 10.000, додека оние кои земаат под тој 20.000 ќе добијат парична поддршка од 15.000 леќи. ...

Се појави шокантно видео од смртоносна несреќа што се случи во петокот во Романија, во која загинаа две лица, 42-годишен маж и неговиот сопатник, објави романски Инфомат. Препорачано Како што може да се види на видеото од безбедносните камери, во смртоносната несреќа учествувале камион и автомобил, при што возачот ја изгубил контролата врз големото возило, кое скршнало на патот, згмечувајќи го автомобилот во спротивна насока. A deadly crash ...

По инцидентот што ја потресе подгоричката населба Забјело во саботата, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведува низа проверки, додека двајца мажи од Азербејџан и Турција се уапсени под сомнение за учество во насилството. Во меѓувреме, нападнат е и бар во турска сопственост. Како што соопшти Полициската управа, уапсени се азербејџанскиот државјанин Ј.Г. (31) и турскиот државјанин Н.Д. (54), осомничени за кривично ...

Десет лица се во притвор во случајот со ОПЕКЕПЕ и незаконски добиени европски земјоделски субвенции, соопштија грчките медиуми. Постапката, што ја води европски истражен судија, следи по минатонеделните апсења на 37 осомничени, а обвиненијата опфаќаат криминална организација, измама поврзана со грантови, присвојување лажни потврди и перење пари. Според грчката полиција, штетата кон ЕУ и грчката држава од 2018 година досега изнесува најмалку пет ...

Најмалку четворица луѓе загинале откако потонал мигрантски чамец кај југозападниот брег на островот Лезбос во Грција, објави „Катимерини“. Препорачано Седуммина преживеани, сите државјани на Судан, биле спасени за време на тековната акција за пребарување и спасување, при што биле извадени и телата на четворицата загинати. Според државната телевизија ЕРТ, спасувачките напори ги отежнува ветар со јачина од шест бофори, а во операцијата ...

Управата на црногорската полиција објави дека синоќа во просториите на Одделот за безбедност во Подгорица се приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан, кои биле предмет на кривична обработка, како и проверка на легалноста на нивниот престој на територијата на Црна Гора. Во паралелна операција, полицијата во Подгорица уапсила еден азербејџански државјанин и еден турски државјанин, осомничени за нанесување повреди на маж и извршување на ...

Тројца турски државјани се забарикадирале во казино во Подгорица, откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се пресметаат со нив, јавуваат црногорските медиуми. Инцидентот следел по претепување и прободување на жител на Подгорица од група Турци, што предизвикало револт и немири во населбата Забјело. Полицијата морала да интервенира за да ја растера толпата, а владата на Црна Гора најави дека денеска, по итна постапка, ќе ...

Десет лица добија мерка притвор, меѓу кои и лицето кое се смета за водач на криминалната група вмешана во скандалот со европските земјоделски субвенции незаконски добиени преку Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Откако минатата седмица беа уапсени 37 лица, кои кривично се гонат за конкретниот случај, во тек се сослушувањата пред европскиот истражен судија Лицето ...

„Кока Кола Хбц“-БиХ го претстави својот четврти Извештај за одржливо работење, кој ги опфаќа резултатите остварени во 2024 година и ја потврдува континуираната посветеност на компанијата кон одржливоста, иновациите и создавањето заедничка вредност во Босна и Херцеговина. Компанијата во 2024 година оствари напредок во сите клучни области на одржливоста: ја намали директната емисија на CO2 за 66% во однос на 2017 година, а целата електрична ...

По убиството на 48-годишен маж во Ново Место, кое го извршил припадник на ромската заедница, словенечкиот премиер Роберт Голоб најави заострување на казнената политика и серија репресивни мерки за зголемување на безбедноста. Во обраќање на државната телевизија и на POP TV, Голоб изјави дека државата мора да реагира „трезвено, но одлучно“, предупредувајќи дека не смее да се поттикнува омраза ниту вооружување на граѓаните. „Луѓето денес навистина ...

Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција информираа дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото воздухопловство и едно возило на копно, се спроведува акцијата за можно ...

Голем пожар избувна денес во центарот на Белград, во паркот „Кирил и Методиј“, познат како „Чациленд“, а според снимките од местото на настанот, густ црн чад се издига над центарот на градот. Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание. За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ. Таа вели дека најпрво се слушнало пукање по ...

Грчката православна црква создаде своја алатка за вештачка интелигенција, наречена „Логос“ (LOGOS), објави „Катимерини“. Препорачано „Логос“ функционира како дигитална „библиотека“ што собира информации за прашања поврзани со христијанската вера и ги претвора во јасни и корисни одговори. На прашањето дали може да прима исповед, апликацијата одговорила дека не може, но понудила насоки и молитви за подготовка. Стотици научници, политичари и ...

MC Стојан се ожени со девојката на која ѝ го крие лицето – бугарска невеста во мини фустанче (фото) „Конечно и Стојке стапна на лудиот камен“ - Српскиот пејач MC Стојан на раце ја изнесе сопругата во мини невестинско фустанче од матично во Бугарија, а уште го крие ликот на саканата. Марко Стојковиќ, познат како MC Stojan, е српски пејач кој има хумористични и провокативни текстови во своите песни, кои се мешавина од поп, фолк и хип-хоп ...

Со свечената „Вечер посветена на јубилејните 40 години Макфест“, заврши овогодинешното фестивалско издание кое траеше три дена, а го одбележа емоција каква што само Штип и „Макфест“ можат да создадат. Ден сончев, атмосфера полна со возбуда — се чувствуваше дека се случува нешто големо. Учесници, новинари, гости и љубители на песната ги исполнуваа штипските улици, хотелот „Оаза“ беше преполн, а црвениот килим блескаше под чекорите на најголемите ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка. „За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Синоќа беше ...

Жителите на населба во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодеа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на М.Ј. од Подгорица со употреба на ладно оружје. Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски ...

Контроверзниот српски новинар и водител Миломир Мариќ ја напушти телевизијата „Хепи Телевизија“ по 18 години. Тој е автор на култните емисии „Ќирилица“ и „Голи живот“. Тој потврди за медиумите во Србија дека неговата одлука е конечна и дека од ноември повеќе нема да биде дел од телевизијата „Хепи“, а порталот „Нова.рс“ пишува дека Мариќ веќе основал своја продуцентска куќа. Миломир Мариќ им потврди на медиумите во Србија дека неговата одлука е ...

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на жителот на Подгорица, М.Ј. со ладно оружје. Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски ...

Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“. Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“. Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече ...

Запомнете што сте виделе прво Оптичките илузии честопати можат да ни помогнат да утврдиме дали нашата лева или десна страна од мозокот е подоминантна, но и да откријат некои интересни факти за нас. Секако, се зависи од тоа како и на кој начин ја гледате илузијата. Сè што треба да направите е внимателно да ја погледнете илустрацијата пред вас и да запомните што сте виделе прво. Кога ќе го направите ова, ќе знаете дали сте оптимисти или ...

На социјалната мрежа Икс се појави видео од бруталната тепачка што се случила во ноќта меѓу четвртокот и петокот во словенечкото Ново Место, при што еден маж бил жестоко нападнат, завршил со тешки повреди на главата и подоцна починал. Препорачано Словенија на нозе: Маж брутално претепан до смрт од Роми во Ново Место Жртвата, 47-годишниот Алеш Шутар, била повикана од својот син да дојде пред клубот „Локал патриот“, каде што момчето му се ...

Воочи годишнината од трагичниот пад на надстрешницата на студентскиот дом на 1 ноември, студентите од Белград повторно ќе тргнат пеш кон Нови Сад – во знак на протест, но и на упорност. Овојпат, организаторите очекуваат најголем број учесници досега, па преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните од Инѓија и Стара Пазова да помогнат со сместување на „пешаците“ кои ќе ноќеваат на патот. „Минатиот пат дел од нас спиевме на отворено. Сега не ...

Американските санкции воведени против Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, ја спречиле клучната испорака на сурова нафта, што може да доведе до запирање на единствената рафинерија во земјата доколку не се обезбедат нови залихи, пренесе „Ројтерс“, цитира „Индекс“. Според неименувани извори запознаени со ситуацијата, Србија има само уште неколку дена пред рафинеријата на НИС во Панчево да мора да го прекине ...

Саша Ковачевиќ се вери. Српскиот пејач клекна на едно колено и со елегантен прстен ја побара за жена долгогодишната девојка Зорана Тасовац. Во видео објавено на социјалните мрежи, 40-годишниот музичар сподели снимки од приватни моменти со Зорана и нејзината ќеркичка Искра, а на крајот следуваше и запросувањето. Видео @sashakovacevic Moje si danas, moje si sutra! ♬ original sound - Sasa Kovacevic Саша секогаш отворено зборувал за односот со ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
75%
1025
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
78%
1029
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1030
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
7.72
71%
1025
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.82
89%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1030
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
80%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1022
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
5.81
85%
1021
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
83%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1020
Currency

61.5517

Currency

52.2803

Currency

70.513

Currency

35.0663

Currency

38.2804

Currency

66.2737

Currency

7.43873

Currency

0.66192

Currency

0.33432

Currency

0.52439

Currency

1.2182

Currency

0.57997

Родиум

265243.66

Алуминиум

2.96

Иридиум

145787.60

Сребро

2410.56

Злато

145225.50

Калај

43.36

Цинк

3.06

Паладиум

57581.99

Кобалт

58.42

Рутениум

29514.39

Бакар

11.49

Платина

78779.42