Љупка Вртева, добитничка на признанието „Инженерка на годината 2023“ во Словенија, е избрана меѓу 12-те инженерки во светот кои треба да ги познавате во 2026 година, во рамките на престижниот меѓународен избор Women Engineers You Should Know – 2026, организиран од Society of Women Engineers (SWE) – најголемата светска организација за поддршка и поврзување на жените во инженерството. Во образложението за изборот, SWE особено го истакнува ...

Во повеќе делови на Гостивар во тек се инфраструктурни активности, а локалната самоуправа најавува засилена динамика на работа со цел најголем дел од проектите да бидат завршени пред летниот период, кога во градот традиционално печалбарите се враќаат во родниот крај и има поголема раздвиженост низ улиците. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани денеска излезе на увид на реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“, која го поврзува ...

Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Јас му честитам и на ...

Пожарот се појавил, вчера доцна попладне, откако А.С го предизвикал кога искрите од циркуларот, со кој што работел на нивата, зафатиле соседен овоштарник и сандаци со пчели во соседната нива. Пожарот го изгаснале пожарникари – спасители на Територијална против пожарна единица Велес. А.С бил повикан на службен разговор во Полициска станица Велес а увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес (СВР) направила увид. Повредени нема и се ...

Во период кога политичката комуникација во Македонија сè повеќе се сведува на брзи пораки, конфликти и борба за доминација на дигиталниот простор, прашањето за тоа дали институциите навистина комуницираат со граѓаните станува поважно од кога било. Во новото интервју за „48 Часа“, разговараме со Марјан Забрчанец, поранешен координатор за стратешки комуникации во Владата, човек кој директно беше вклучен во креирањето на владините комуникациски ...

СДСМ денеска обвини дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а пари нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Според опозицијата, како што велат, пари има само за криминални тендери. -Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори. СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за ...

Скопјани од 1 септември ќе можат да ја користат првата линија од проектот „Градски воз“, кој има за цел да обезбеди побрз и поефикасен јавен превоз и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во главниот град. Според најавите од Македонски железници, прва ќе биде пуштена во употреба трасата Миладиновци – Транспортен центар Скопје. Возот ќе сообраќа преку Илинден и Маџари, а патувањето од почетната до крајната станица ќе трае околу 18 ...

Дали ја паметите Аркадија? За многу скопјани кои растеле во 90-тите и почетокот на новиот милениум, Аркадија не беше само сендвичара. Таа беше место на кое завршуваше вечерта, последна станица по диско, концерт или ноќно излегување, кога градот полека се смируваше, а гладот стануваше најважната работа на светот. Сместена на булеварот „Св. Климент Охридски“, тогашна ЈНА, Аркадија со години беше еден од најпрепознатливите локали во центарот на ...

Охрид, 14. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со многу смеа, аплаузи и препознатливи животни ситуации, претставата „Жени се, сине!“ на Црвен крст Суботица го затвори годинешното, 11 по ред издание на фестивалот „Вдиши театар“ во Охрид. Станува збор за комедија која на духовит и сатиричен начин ја отсликува реалноста на современото балканско семејство, оптоварено со кредити, потрошувачки навики и постојаната трка по привиден успех. Низ приказната за едно ...

На обвинувањата од СДСМ дека евентуални парламентарни избори се алиби бидејќи Владата ги потрошила државните пари и дека државната каса е празна, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа нема логика. Порача дека „политички кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се редовни или вонредни“. -Нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има 3-4 кои држат прес-конференции ...

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево и топло со слаб до умерен променлив ветер. Утрото ќе биде свежо, особено во западните и источните предели, каде минималните температури ќе се движат околу 5 до 7 степени. Во јужните и централните делови утринските температури ќе бидат нешто повисоки, главно од 9 до 12 степени. Во текот на денот ќе биде ...

Скопје е град кој постојано се обновува и повторно се измислува себеси, оценува Euronews во својата репортажа посветена на македонската престолнина, објавена во пресрет на 2028 година кога градот ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата. Авторката на текстот го опишува Скопје како „град на меѓународната солидарност“, потсетувајќи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година, по кој помош за обновата пристигнала од 78 земји ширум ...

„Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа што треба да говориме со факти – дали имаме раст на инфлацијата? Имаме. Имаме ли раст на цени на ѓубрива? Имаме и тоа со извештај. Мислам дека во такви ситуации каде што економската состојба се влошува генерално заради глобалните кризи, мислам дека е многу неблагодарно пак да се зборува за трошења кои што се трошат директно од ...

Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос ...

Многу е важно Македонија да не се фрустира од перцепцијата дека е „мала држава“, ниту да се однесува како мала држава, субмисивно, на европскиот пат, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА. Македонија, истакнува претседателката, мора да ги изнесе националните интереси и ставови во преговорите во една нова ера на политика на докази и европски вредности, кои, како што вели, не се само европски, туку и македонски ...

Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, а платите остануваат статични, секојдневното управување со финансиите може да биде вистински предизвик, особено ако сте човек кој не знае да ги задржи своите пари подолго време во џебот. Сепак, со внимателно планирање и со неколку стратегии, може значително да ја зголемите ефикасноста на вашата плата. Економистите експерти на оваа тема велат дека клучот за подолготрајност на платата е во ...

Автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, соопштуваат од ВЛЕН на својата официјална Фејсбук-страница. Со завршувањето на постапката за избор на изведувач, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти за земјата конечно го добива вистинскиот правец. „Во изминатите 24 години, на граѓаните постојано им се ветуваше овој автопат, но тој остана само на хартија. Денес, со ВЛЕН во Владата и со ангажманот на нашите ...

Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, ...

Неговиот пост го пренесуваме во целост: „Можеби ќе се јавев порано, но какофонијата што ја слушам и читам, а која доаѓа од македонските политички и други кругови, во врска со бугарските тенденции во однос оспорувањето на влезот на Македонија во ЕУ, едноставно ме блокира. Кому да верувам, се прашувам себеси и на крајот заклучувам – на самиот себеси и на своето четириесетгодишно искуство и знаење што ги имам за Македонија. Лично, никогаш не би ...

Со санкционирање, одговорност, важење на правдата и за оние на највисоки позиции, а не со нејзино избегнување и со сериозно преиспитување на потеклото на имот може да се надминат проблемите, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. – Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во ...

Не смееме да ги заборавиме граѓаните. Ние сме привремени, ние не сме совршени. Денес политиката е во голема криза бидејќи главно се занимава со тоа кој, кога, како и каде ќе добие, но граѓаните се изворот на нашиот легитимитет и тие се носителите на суверенитетот, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. Во однос на прашањето како ќе спречиме граѓаните да не ја изгубат вербата во европската ...

Во светот на модерните политички комуникации, границите помеѓу теоретските идеали и практичното дејствување на терен честопати бараат разбирање на реал-политиката. Во интервјуто за онлајн порталот 48часа.мк, долгогодишниот стратег за односи со јавноста, Марјан Забрчанец, нуди демистифицирачка анализа за два концепта кои јавноста честопати погрешно ги доживува како дијаметрално спротивни: транспарентноста и популизмот. Според Забрчанец, во ...

Вообичаена работа е, особено во младите демократии како македонската, Собранието годишно да менува или носи стотици закони. Ако на тоа се додадат и другите одлуки, станува збор за илјадници избори, именувања, измени, дополнувања… Во таква динамична атмосфера многу нешта минуваат под радарот на јавноста, освен ако опозицијата не крене глас за некое прашање. Повремено, има и теми за кои власта најавила дека каде и да е ќе поминат, но тие ...

Во Домот на кулурата во Ресен, поранешен Сарај на Нијази-бег, поставена е изложба фотографии од Али Фети-Окјар (1881-1943) кој во два наврата бил премиер на Турција, претседател на турскиот парламент, министер за внатрешни работи и за правда, турски амбасадор во Франција, Велика Британија и балканските држави, пратеник во Парламентот во пет мандати. Тој бил роден во Прилеп, а го нарекувале Македонецот, што говори за неговата љубов кон родната ...

Високиот холестерол, состојба предизвикана од премногу масни супстанции во крвта, може да се контролира со промени во животниот стил. Поврзан е со исхрана богата со масти, недостаток на вежбање, прекумерна тежина, пушење и пиење алкохол, но воведувањето на одредени видови храна може значително да помогне. Лекарот и автор на бестселери, д-р Каран Раџан, истакна четири корисни видови храна што би ги јадел доколку му биде дијагностициран висок ...

Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата – и сега не треба да се исклучува, нема ...

Охрид, 14. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во манастирот на големиот светец во Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба, со која, според најавите, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Празнувањето ќе продолжат и утре, кога ќе се служи света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, со која, исто така, ќе чиноначалствува Неговото ...

Во анализата на политичките и комуникациските процеси од периодот 2017-2022 година, поранешниот шеф на стратешки комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, во интервју за онлајн порталот 48часа.мк презентираше осврт за тоа каде државниот ПР испорача високи резултати, а каде беше потребен поинаков стратешки пристап. Според Забрчанец, тогашната власт предводена од СДСМ покажа исклучително висока успешност во комуницирањето на стратешките и ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на денешната прес-конференција алармираше за сериозниот проблем со недостигот на лекот ‘фактор 8’, неопходен за лицата со хемофилија. „Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во вистинска голгота поради недостигот на лекот ‘фактор 8’. Уште од мај минатата година, кога беше раскинат тендерот за овој лек, пациентите постојано добиваат ограничени количини, далеку под нивните реални потреби“, ...

Охрид, 14. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 8 до сабота 13 мај 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.76
37%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
1.46
54%
1019
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.99
69%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
0.98
34%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.52
40%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
64%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
43%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.03
46%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.03
46%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
39%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
50%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.01
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2745

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Сребро

2236.23

Иридиум

253540.09

Платина

57196.18

Родиум

257205.97

Калај

55.36

Алуминиум

3.43

Кобалт

45.39

Паладиум

42696.19

Бакар

13.11

Злато

139029.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59