Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Викендов во Македонската филхармонија во Скопје во организација на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, македонската публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт „Јапонско срце бие во македонски ритам“. Котецу е добро познат во Македонија поради неговата одлична интерпретација на македонски традционални песни, а овојпат во Скопје ја донесе и јапонската сопранистка Чихиро Суганума и јапонскиот женски хор Tomoni Utao, кои заедно ...
Централна алка на компанијата Агриа е кланицата, од каде што излегува целиот вложен труд во фармите, фабриката за сточна храна и земјоделството. Таа е врската помеѓу примарното производство и финалните производи, безбедни за потрошувачите, односно сѐ што се работи во работните единици, како финален производ излегува токму од овој погон. Марјана Караѓорѓиевска, менаџерка на кланицата во интервју за еМагазин.мк вели дека се работи под строго ...
Мојата мотивација произлегува од еден јасен императив – Скопје има потреба од суштинска промена. Главниот град, кој треба да биде симбол на модерноста и двигател на државата, предолго беше заробен од неконтролирана урбанизација, партиски интереси и нефункционално управување, вели во интервју за „Локално“, директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Град Скопје, ...
Очајната инфраструктура, пад на квалитетот на услугите, недостатокот на нови сместувачки капацитети…се главни карактеристики на македонскиот туризам. Поради тоа, Македонија се повеќе станува дневна дестинација за туристи кои летуваат во Албанија и Грција и нема туристи кои многу трошат бидејќи нема луксузни сместувачки капацитети. Треба да се запрашаме што ние нудиме и какви туристи привлекуваме со нашите атракции, туристички производи и ...
Осум години бев активен член на Советот на Градот и имав можност одблизу да ги согледам проблемите со кои се соочува главниот град. Тоа искуство ми дава самодоверба и сигурност да понудам конкретни решенија за јавните претпријатија, урбанизмот, транспортот и чистотата, вели во интервју за „Локално“, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски за неговите амбиции и каде доаѓа предизвикот да застане на чело на градската ...
Ќе работиме на системско решение кое ќе дава навремено, организирано и селектирано собирање на отпадот што потоа ќе се депонира на вистинското место. Но, и ќе се преработува на начин што ќе даде бенефит за заедницата. Ќе нема диви депонии, но затоа ќе создадеме повеќе зелени површини – „произведувачи на кислород“, вели во интервју за „Локално“ кандидатот за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав ...
Матевж Томшиќ, e професор на Факултетот за применети општествени студии во Нова Горица, Словенија. Во разговор за еМагазин.мк вели дека овој факултет нуди иновативни студиски програми, постои флексибилност и индивидуален пристап кон секој студент. Искуството со македонските студенти е позитивно, и тие лесно се прилагодуваат на словенечките високообразовни студии. Објаснете ни е која е дополнителната вредност доколку некој студент заврши на ...
Летото остава сериозни последици врз кожата – од пресушување и појава на темни дамки, до забрзано стареење и ризик од кожни заболувања. Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог од Жан Митрев Клиника, објаснува како да се препознаат и ублажат овие состојби и кои третмани се најефективни за нега по завршувањето на летото. Во интервјуто, д-р Илиева се осврнува и на употребата на хијалуронски филери и колаген-стимулирачки третмани, кои денес се меѓу ...
По изјавите на претставници на Владата дека државата се соочува со организирано и мотивирано подметнување на пожари мора да има институционално реагирање. Со оглед на информациите дека имаме закана од центри на моќ и од внатре и од надвор, досега требаше да заседава Националниот совет за безбедност – вели во интервју за „Локално“ полковникот во пензија, Велин Стојановски, магистер по национална стратегија за одбрана. Реакција на институциите: ...
Македонските инвеститори покажаа силен интерес за купување на новите хартии од вредност по пат на иницијална јавна понуда (IPO) на Македонската берза, информираа од компанијата Свод Мастер АД Скопје (сопственик на стриминг платформата „Глеј“). Ова е прва историска продажба на акции преку иницијална јавна понуда на која се понудени 200.000 обични акции со продажна цена од 600 денари по акција и вкупна вредност на емисијата од 120.000.000 ...
Харфата навистина делува нежно, но во исто време бара и многу сила и јачина за да се свири. Затоа оној кој седи зад овој инструмент, мора да биде психофизички јак за да произведе звук од жиците на харфата. Можам слободно да кажам дека таа во себе го носи и машкиот и женскиот дел, како јин-јанг, вели во интервју за „Локално“ харфистката Мерсиха Шукри, која воедно е првиот студент по харфа во Македонија, и прв дипломиран харфист на Факултетот а ...
Серија на промени и новини во енергетскиот сектор го реформираат амбиентот за користење на обновливите извори на енергија и подигање на заштитата на животната средина. Новините се резултат на активностите во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини од каде забележуваме засилена динамика на енергетските реформи и зајакнување на институционалната одговорност која директно влијае на граѓаните и локалните заедници. Програма за ...
Уште на само една година и два месеци, младиот музичар кој го изгуби животот во т.н. дискотека во Кочани, Џоко Ѓоргиев (24), покажал колку ја сака музиката и што ќе биде кога ќе порасне. -Наместо со играчки, чукаше по различни тенџериња, тави…, а што е најинтересно сфаќаше дека чукањето на различни предмети создава различен звук. Мислевме дека му е некоја фаза, дека подоцна ќе го интерсира нешто друго, но тоа продолжи и во следниот месеци и ...
Мира Митрова е македонски уметник кој живее и твори во САД од 2010 година. Нејзиното Art Mira Studio успеа да се издигне како едно од најдобрите студија во Њу Џерси, а посетители и клиенти доаѓаат и од Њујорк. Неодамна Митрова имаше изложба во HACPAC – Hackensack Performing Arts Center во Њу Џерси, каде што се претстави со серија дела кои ја носат нејзината суптинска идеја – дека уметноста е алхемија, процес што ги спојува внатрешните светови ...
Центар е комплексна општина, целиот град практично доаѓа овде, односно целата држава. Има огромна фреквенција на луѓе и автомобили и сето тоа го отежнува работењето, но и животот на центарци. Би рекол дека најголем проблем е комуналната хигиена и ова што се случува со Град Скопје. Ако ги следите моите активности ќе видите дека ние четири години постојано чистиме зад нив и хаосот кој ни го оставаат. Бевме приморани да обезбедиме дополнителна ...
Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) во Скопје, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со петте регионални комисии на Обединетите нации – ...
Македонија има потенцијал да биде мала земја со големи приказни. Нашата централна позиција, богатите ресурси и талентираните луѓе ни овозможуваат да станеме препознатливи по квалитет и иновација. Со правилна стратегија и со храброст кај компаниите да размислуваат глобално, можеме да извезуваме не само производи, туку и идеи, услуги и вредности, вели во интервјуто за „Локално“, Тања Евросимовска, основач на првата Извозна академија во државата ...
„Божјиот лекар Свети Нектариј Егински“ е нова книга од поетесата Билјана Андоновска, која неодамна беше промовирана со уште една нејзина литературна рожба, збирката-поезија „Твојот крст“. Во романот за Св.Нектариј Егински, таа одблиску ги претставува најзначајните настани од животот на светителот, преку еден разбирлив и возбудлив раскажувачки стил, за чии што настани кои се одигрувале пред еден век, читателот добива впечаток дека се одвиваат ...
СДСМ се тетерави. СДСМ е веќе политички труп, партија на богаташите која постои само за да се спомнува како лажна опозиција. Но, Левица е таа што расте, што им го зема воздухот и на едните и на другите. И ДПМНЕ и СДСМ се уплашени и во грч од налетот на Левица затоа што конечно созреа и се појави сила која не е нивен производ, не е нивен договорен „опозиционер“, туку реална закана за нивниот политички картел, вели професорот и лидер на Левица ...
Се вклучувам во политиката затоа што чувствувам незадоволство за се што негативно се случува во Скопје во изминатиот период, Сите гледаме во каква лоша состојба се наоѓа нашето Скопје, а се поради катастофалното менаџирање со градот, вели во интервју за „Локално“, генералот Горанчо Котески, носител на советничката листа на ЗНАМ во Советот на Град Скопје. На овие избори, вели тој, очекувам да победи визијата за поубаво Скопје, за Скопје што ќе ...
Продуктивноста подолго време е актуелна тема во државата и пречка во преговорите за повисоки плати меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. За едните работниците во државата не заслужуваат повисоки плати бидејќи не се продуктивни, за други пак македонските работници се многу повеќе продуктивни отколку што се платени. „Локално„ побара објаснување од универзитетскиот професор и член на Советот на Народната банка, проф. д-р Синиша Наумоски ...
Влегов во овој предизвик многу искрено, со цел да се делува за подобар живот на лица со посебни потреби, лица со попреченост и сите категории на маргинализирани лица. Колку и да се зборува за „општество за сите“ ние воопшто не го чувствуваме, дотолку повеќе што ниту една институција, ниту еден тротоар, ниту една улица не ни се ни приближно пристапни според стандардните параметри и потреби, вели во интервју за „Локално“, носителка на листа за ...
Нашите деца имаат светски квалитети, ова уште еднаш го покажа Тина Русева(20) од Струмица, која веќе 10 години со семејтвото живее и работи во Леверкузен, Германија. Во новата сезона на популарниот музички натпревар „The Voice of Germany“ нашата Тина настапи со “Do It Like A Dude” од Џеси Џеј , буквално растури, жирито падна во несвест од нејзините гласовни способности, а тоа значеше дека оди понатаму во овој светски популарен музички ...
Италија има богата медиумска традиција и динамична новинарска сцена, во која локалните медиуми играат клучна улога во известувањето за заедниците. Во земја со силна регионална структура и социјална разноликост, новинарството често се соочува со предизвици поврзани со дигитализацијата, довербата во медиумите и односот со локалната политика. Во рамки на студиски престој во Виченца, Италија, имавме можност да разговараме со Џиан Марко Манкасола, ...
Резултатот не е познат однапред. Тоа што вели владејачката партија е нивна стара тактика – да создадат впечаток на сигурна победа за да го обесхрабрат народот да излезе и да гласа за промени, вели во интервју за „Локално“, кандидатот на Левица за градоначалник на Општина Аеродром, Марјан Димитриев за битката во оваа скопска општина. Димитриев истакнува дека е отворен за соработка со сите што искрено сакаат промени, без калкулации и без ...
Во земја во која речиси секоја третa возрасна личност пуши, алармантен е податокот дека сè повеќе млади во Македонија го прифаќаат чадот како дел од секојдневието уште од најрана возраст. Истражувањата на „Аналитика Тинк Тенк“ откриваат дека просечната возраст на започнување со пушење е околу 13 години – што ја става нашата држава меѓу земјите со најран почеток на оваа навика во Европа. Во интервју за Канал77, Тамара Мијовиќ Спасова од ...
Ќе го поставиме работењето на Општината на нови вредности и принципи. Пред се, целиме да има отворена, зелена и праведна Општина. Ќе постигнеме ваков функционален триаголник со вклученост на граѓаните и експертите, при што ќе имаме некорумпирана власт. Експертите ќе работат по професионални стандарди, а не по нарачка на приватни инвеститори, вели во интервју за „Локално“, кандидатката на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина ...
Иако електричните тротинети станаа дел од секојдневието на многу граѓани, особено на младите, нивната употреба сè почесто предизвикува загриженост. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, децата под 14 години не смеат да управуваат електричен тротинет, но во пракса ова правило речиси секојдневно се прекршува. На улиците низ градовите може да се забележат малолетници кои без заштитна опрема, па дури и по две лица на еден ...
Сигнализација што не одговара на реалната состојба, институции што не излегуваат на терен и полиција која повеќе казнува отколку што предупредува – тоа, според сообраќајниот инженер Роберт Рогожаров, е сликата на македонскиот сообраќај денес. Во интервју за Канал77, тој вели дека системот се фокусира на репресија наместо на превенција, а нефункционалните институции создаваат забуна, опасност и недоверба кај возачите. „Имаме патишта со ознаки ...
Мојот план за развој на Ѓорче е хуман развој на Ѓорче каде што човекот ќе биде пред профитот на инвеститорите и од таа причина во првите 100 дена, наместо да се градат нови згради, ќе работиме на нови сообраќајни решенија, нови паркови и нови зелени површини. Идејата за селекција, рециклирање и енергетско искористување е во втората фаза на мојата идеја за системска грижа за хигиената, вели во интервју за „Локално“ кандидатот за градоначалник ...