
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Двајца малолетници се сериозно повредени во сообраќајна несреќа на пешачки премин во Карпош 4, откако автомобил марка „Ауди“, управуван од 26-годишниот скопјанец М.Р., удрил во нив. Едното дете го туркало својот велосипед, додека второто се движело пеш кога возилото налетало на нив. Повредените малолетници итно биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека ...
Со прашања од страна на одбраната и обвинителство на Боре Видевски, денеска, во Основниот кривичен суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Видевски, одговарајќи на прашања рече дека под физичка тортура во полиција бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерлае да каже дека го познаваа таткото на девојчето. За познанството со Палевски рече дека е ‘партиски’, и дека ...
Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшто Јавното обвинителство. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице. Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително ...
Тетово, 24 март 2025 (МИА) - Повторното судење за смртта на Теодора Ристовска која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа треба да почне во четврток 27 март, откако еднаш се одложи на првичното закажаното рочиште на 4 март. Тогаш судијата Елведин Ферати го одложи процесот поради отсуство на обвинетиот Менсур Пајазити. Сестрите и родителите на Теодора велат дека секое одложување за нив претставува болка и ...
Полицицијата го лишила од слобода М.Р. (26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на булеварот “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Како што информираат од МВР, двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен ...
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена куќа во населбата Шуто Оризари, чиишто сопственици се надвор од државата, по што полицајци на местото затекнале жител на Гостивар, кој е приведен во полициска станица под сомнение дека го подметнал пожарот, соопшти МВР. Препорачано „На 23.03.2025 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека била опожарена куќа на подрачје на Шуто Оризари, сопственост на Р.Б.(57) и А.Б.(53), двајцата ...
Сведочњето на обвинетиот Боре Видевски продолжи со испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска. Таа го запраша зошто криел дека го тепале. Од страв, кратко одговори Видевски. Физичкото малтрерирање беше со цел да запамтав се што кажам и се што не треба да кажам, додаде обвинетиот. Таа го праша дали е каратист и тренер на што обвинетиот одговори. И каратистите се луѓе со семејство и некогаш потклекнуват. Обвинителката го праша и дали ...
Поради питачење вкупно шест лица биле приведени вчера на Граничниот премин Табановце. Приведените се на возраст меѓу 27 и 41 година. – На 23.03.2025 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, при питачење на Граничен премин Табановце ги затекнале Т.Џ.(41), Д.М.(33), Е.М.(29), Б.С.(32), А.С.(28) и С.А.(27), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што ...
Основниот суд Куманово го осуди шеесетгодишниот државјанин на Р. Бугарија и на Р. Србија, Предраг Миленков за кривично дело измама на затворска казна од четири години и десет месеци. Тој во јануари годинава со други непознати лица ја измами 66 годишна кумановка за 30.000 евра. „Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци. На оштетените, семејството Величковски, му се досудува износ ...
Со Велибор Манев се знам одамна, од извидничкиот клуб во Велес. Потоа го немав видено се додека не ми се јави една вечер за да дадам потпис за формирање на партијата Десна. Љупчи Палевски го запознав во седиштето на Десна за верификација на партијата, го започна своето сведочење обвинетиот Боре Видевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Познанството е на партиска основа, рече во сведочењето Боре Видевски. Тој ...
Откако ќе го истепаа Кешишев знаев дека сум јас на ред бидејќи бевме преку една ќелија, го продолжи своето излагање Боре Видовски. Во судот кажав се што кажав во станица но тоа не реална изјава бидејќи е под принуда, се пожали Видевски во судот. Откако се вратиле во притвор тепањето продолжило и го вратиле во ќелија и при влезот ми ја удрија главата од вратата. Вратата е железна. Имав болки во бубрезите. До денеска имам навреди и закани кон ...
Со Велибор Манев се знам одамна, од извидничкиот клуб во Велес. Потоа го немав видено се додека не ми се јави една вечер за да дадам потпис за формирање на партијата Десна. Љупчи Палевски го запознав во седиштето на Десна за верификација на партијата, го започна своето сведочење обвинетиот Боре Видевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Познанството е на партиска основа, рече во сведочењето Боре Видевски. Тој ...
На 23.03.2025 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 61 годишно лице од с.Оровник, охридско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 23.03.2025 околу 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 21 годишно лице од с.Шум, струшко ...
На 24.03.2025 во 02.30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник. Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино. Пронајдените ...
Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо и Кешишев, раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје. Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на Макпетрол на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ...
Утрово Волково осамна во крв и во солзи. Тежок злостор ја потресе мирната населба кога кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо. Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го одзел животот со истрел во главата. Жителите раскажуваат дека ги разбудиле пукотници од огнено оружје, проследени со сирени на полицијата и на Брзата помош. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, кој се сомничи дека на 20 март извршил кражба во менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Според обвинителството, осомничениот ја искористил невнимателноста на вработениот, кој во еден момент накратко излегол надвор поради работни обврски. Тој влегол во менувачницата, брзо ги зел парите од благајната – вкупно 10.100 евра и веднаш побегнал. ...
Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост. Информацијата утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци. – Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на крсосницата кај Брушански мост во градот. Четирите ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван Велибор Манев, еден од обвинетите. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче. Манев беше испитуван од Љупло Палевски и неговата одбрана при што му беа поставени повеќе прашања во однос на ...
Во координирана акција низ Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово, 17 лица се уапсени за пуштање музика во време на 7-дневната жалост. Лицата, меѓу кои и два малолетни, се лишени од слобода. Ќе одговараат по член 387 од Кривичниот законик, што предвидува казни до 3 години затвор. (ВИДЕО) Огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија Во рамки на акцијата, затворени се три угостителски објекти во Куманово, Скопје и Кичево, чии сопственици и ...
Тешко повредени се двајца возачи во две одвоени сообраќајни несреќи откако со возилата излетале од пат. Околу 20 минути по полноќ, 51 годишниот скопјанец А.Н. излетал со возилото „цитроен берлинго“ од магистралниот пат Охрид – село Подмољје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Втората несреќа се случила вчера околу 21 часот на локалниот пат с.Боговиње-с.Пирок кога ...
Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор. „Јавноното обвинителство денеска ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. -Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил ...
Ноќеска, 20 минути по полноќ, 00.20 на магистралниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен скопјанец, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера, пак, во 15.35 ...
На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...
Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. МВР денеска соопшти дека покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена ...
Три пријави за физички напад врз малолетни лица доби полицијата, од кои два случаи во Скопје и еден во Виница. Во полицијата во Скопје вчера 41-годишен маж во 11.30 часот пријавил дека во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици, а биле употребени и тврди предмети. Во полициска станица во Скопје било пријавено дека во средно приватно училиште на подрачјето на Карпош, малолетник со ...
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп осомничен дека претходно, околу 14.30 часот, на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева. Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната ...
На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна ...