Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека во текот на денот ќе отпатува во западна Украина за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Денеска патувам во Закарпатје, каде што ќе разговарам со претседателот на Украина и ќе се сретнам со претставници на унгарската заедница“, напиша тој во објава на Фејсбук. Како што додаде, заедно со министерот за надворешни работи и заменик-премиерката Анита Орбан, ќе посети ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, се договорија да ги разгледаат можностите за испорака на природен гас и дизел за Украина, поголемо користење на украинските складишта за гас, како и воспоставување нови директни железнички линии меѓу двете земји. Зеленски по средбата со Маѓар во Ужгород, западна Украина, соопшти дека разговарале за соработката во областа на енергетиката, билатералната ...

