Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане. Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. -Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово, ...

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група ...

Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска (на 13 и 14 декември) извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово. При контролата, како што соопшти МВР, биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два угостителски објекти биле затекнати малолетници по 24:00 часот. -Во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила ...

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со ...

Во Масачусетскиот институт за технологија (МИТ) и во предградието Бруклин владее шок по бруталното убиство на професорот Нуно Ф.Г. Луреиро, 47-годишен експерт по нуклеарни науки, инженерство и физика и директор на Центарот за наука за плазма и фузија на МИТ. Луреиро беше застрелан повеќе пати во понеделникот вечерта во својот дом на улицата Гибс и починал од повредите во болница рано наутро во вторник, потврди окружниот обвинител на округот ...

Младата Адна Боровац од Горажде, БиХ, дипломирана правничка, била брутално претепана поради тоа што одбила човек кој сакал емотивна врска со неа. Инцидентот се случил на 8 ноември во автомобил, кој ѝ го понудил пријател за превоз до дома по излегувањето со пријателка. Нападот го извршил пијан маж со иницијали Е.П. Адна храбро го сподели својот случај пред јавноста преку медиумите, објаснувајќи дека нападот бил насилен и долготраен: „Делумно ...

Во заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција, Граничната полиција и СВР Куманово, одземени се големи количини огревно дрво, а неколку косовски државјани се приведени. Исто така, запленето е и едно комбе со фалсификувана документација. Веста ја сподели заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, кој истакна дека против повеќе познати и непознати сторители се поднесени кривични пријави. „Во текот на изминативе ...

Од магацин на судот во истанбулската општина Бујукчекмеџе исчезнале поголеми количини благородни метали – околу 25 килограми злато и 55 килограми сребро. Според проценките, вредноста на исчезнатото надминува 147 милиони турски лири, односно приближно три милиони евра. Недостигот бил откриен откако вработените во судот забележале дека еден од нивните колеги подолг период не се појавува на работа. По извршената проверка било утврдено дека токму од ...

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ на 16 декември 2025 година биле приведени три странски државјани, откако полицијата утврдила дека еден од нив се бара со меѓународна потерница, а другите двајца користеле фалсификувани патни документи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, околу 15:20 часот при влез во државата бил лишен од слобода 46-годишен државјанин на Турција со иницијали О.А. При ...

Петмина жители на тетовското село Желино, кои според иницијалите се членови на едно семејство, ќе одговараат за насилство откако нападнале нивна 19-годишна соселанка, соопшти МВР. Препорачано „СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, ...

Куманово, 16 декември 2025 (МИА) - Осумнаесетгодишен жител на Египет украл предмети од Црвен крст во Транзитниот центар Табановце, соопшти денеска полицијата. - Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово, соопшти СВР Куманово. М.Х. е приведен во полициска ...

51-годишен тетовец ќе одговара кривично затоа што се заканувал на полицајци кои вршеле службени дејствија. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.11.2025 во Гостивар, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени ...

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни кривични пријави поднесени од полициските служби во Гостивар и Тетово. — реклама — Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против З.Р. (55) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според пријавата, на 15 септември 2025 година во Гостивар, пријавената ...

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кочани – Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според полицијата, на 16 декември 2025 година во 17:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди, возачот ...

На 16.12.2025 во 17:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(32) од с.Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од с.Росоман, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил ...

Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против ...

Скопјанец кој останал без велосипедот откако го оставил незаклучен пред маркет во населбата Капиштец, објави снимка од безбедносна камера, на која се гледа како крадецот доаѓа пеш, мирно го зема точакот и се качува на него, одвезувајќи се во непознат правец. Препорачано „На видеово е фатен моментот кога ова лице ми го краде точакот пред маркетот Стокомак во Скопски капиштец. Ако некој има информација за идентитетот на лицето, замолувам да ми ...

По терористичкиот напад во Сиднеј во неделата, при што загинаа 15 лица и десетици беа повредени, истрагата се насочува кон две клучни траги. Првата се однесува на мистериозното патување на напаѓачот и неговиот син на Филипини непосредно пред масакрот, а втората – на откривањето на две знамиња на Исламска држава (ИС) во автомобилот на еден од осомничените, паркиран во близина на местото на нападот на плажата Бонди за време на прославата на ...

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случи денеска во Гостивар, во која животот го загуби 76-годишен маж додека управувал велосипед. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за И.М. (76) од Гостивар, кој бил удрен од товарно возило „мерцедес“, управувано од Х.М. (44), исто така од Гостивар. По несреќата, возачот на камионот бил лишен од слобода. Инцидентот се случил денеска околу 12:35 часот на ...

Штипјанец бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под силно дејство на алкохол, а при контролата во возилото му била пронајдена и дрога, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според официјалните информации, на 16 декември 2025 година во 01:04 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле сообраќајна контрола на улицата „Маршал Тито“ во Штип. При контролата било сопрено патничко возило „сеат ибица“ ...

Инвеститор и градежен инспектор во Гостивар се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за бесправно градење и за несовесно работење во службата, информира МВР. Препорачано Според информациите, 65-годишниот З.М. од Гостивар, во март 2025 година, како инвеститор изградил станбен објект на два ката во една населба во градот, без потребната документација издадена од надлежен орган. Гостиварец лажирал документи со фирма за да протне дивоградба ...

Млад маж од Египет ограбил контејнер на Црвен крст на Табановце. - На 15.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во Транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово, соопштија од полицијата. М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка. ...

Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска околу 13 часот го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар. Повредениот, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, И.М. бил пренесен во ...

Полициски службеници лишија од слобода возачи од Штип и Охрид, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, а кај штипјанецот пронајдена била и марихуана. На 16.12.2025 во 01:04 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Е.А.(40) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што е констатирано дека ...

При претреси во Ресен и ресенско пронајдени две пушки, муниција, пиротехнички средства и масло од канабис. Уапсено било едно лице. Како што информираат од МВР, вчера (15.12.2025) во 21:00 часот полициски службеници од СВР Битола во Ресен го лишија од слобода О.Д. (51) од Ресен. Истиот ден полициски службеници од СВР Битола и Регионалниот центар за гранични работи Запад, по наредба на Основен суд Битола, во куќа во село Курбиново, ресенско и ...

40-годишен скопјанец кој „лежел“ казна во штипскиот затвор е пронајден починат. Вчера во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот В.М.(40) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, информираа од полицијата. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на ...

Изгоре куќа претпладнево во пожар во строгиот центар на Неготино. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила спречиле огнот да се прошири на густо населената околина, во која во опасност од пламените јазици биле уште неколку објекти. Некои од нив и биле опожарени. За среќа, не настрадал повозрасниот човек што живеел во куќата што изгорела во пожарот. Оваа информација ја потврди за МИА, Столе Атанасов, командир на Територијалната ...

Претпладнево, изгоре куќа во пожар во строгиот центар на Неготино. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила спречиле огнот да се прошири на густо населената околина, во која во опасност од пламените јазици биле уште неколку објекти. Некои од нив и биле опожарени. За среќа, не настрадал повозрасниот човек што живеел во куќата што изгорела во пожарот. Оваа информација ја потврди за МИА, Столе Атанасов, командир на Територијалната ...

Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1029
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
67%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.87
99%
1028
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
71%
1030
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1030
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1031
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Цинк

3.03

Калај

42.35

Злато

139470.53

Бакар

10.93

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

52470.02