Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Кина продаде 5 милијарди евра во обврзници деноминирани во евра, што е нејзин најголем ваков договор во европската валута и втор за седум месеци. Министерството за финансии на Пекинг продаде петгодишни, осумгодишни и 12-годишни обврзници со распон од 3,12 и 22 базични поени, соодветно, над просечната своп-каматна стапка, според лице запознаено со ова прашање кое зборуваше под услов да остане анонимно, цитирано од „Bloomberg“. Овие нивоа се ...
Сладолед од ванила, а ванила никаде. На хартија звучи како ситна финта, ама за купувачот што плаќа поскапо мислејќи дека зема производ со вистинска ванила, тоа веќе не е само прашање на вкус. Тоа е прашање на доверба. Потрошувачките проверки покажуваат дека секој петти сладолед што се продава како ванила воопшто не содржи вистинска ванила. Наместо тоа, во дел од производите се користат ароми, синтетички ванилин или други замени кои треба да ...
Цените на нафтата продолжија да паѓаат во петокот, додека инвеститорите ги следеа случувањата во конфликтот на Блискиот Исток, проценувајќи дали неодамнешните дипломатски напори ќе го намалат ризикот од прекини во синџирот на снабдување, пренесува Сеебиз. Меѓународните референтни фјучерси за суровата нафта Брент за август паднаа за 2,03% на 73,73 долари за барел. Фјучерси за суровата нафта од Западен Тексас Интермедијард за август паднаа за ...
Европската унија (ЕУ) ќе предложи реформа на банкарскиот сектор за отстранување на финансиските бариери во рамките на блокот и намалување на неговата зависност од странските банки за критични потреби за финансирање, според нацрт-извештајот на Европската комисија (ЕК) што го виде „Euronews“. Извештајот, кој треба да биде доставен на 15-ти јули, ги поставува темелите за пошироки реформи во банкарскиот сектор што се очекуваат во 2027-ма година. ...
Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност. Ова го истакнува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of ...
Добивај вести на Viber Цените на нафтата продолжија да паѓаат утрово, додека инвеститорите го следеа развојот на настаните во конфликтот на Блискиот Исток, проценувајќи дали неодамнешните дипломатски напори ќе го намалат ризикот од прекини во синџирот на снабдување. Меѓународните фјучерси за сурова нафта Брент за август паднаа за 2,03% на 73,73 долари за барел. Фјучерси за сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар за август паднаа за 2,11% ...
Добивај вести на Viber Се бараат кандидати кои би работеле во Управата за јавни приходи, а огласите се поставени на веб страната на Агенцијата за администрација. Во нив може да се види дека се бараат заинтересирани лица кои би работеле на различни места низ земјава, но зачудува податокот дека институцијата која се грижи за финансиските текови во земјава, нуди плати кои воопшто не се привлечни. Условите за пријавување на огласите се горе доле ...
Добивај вести на Viber Петте најголеми компании од малопродажбата на облека во 2025 година оствариле вкупна добивка од околу 7,9 милиони евра. На врвот е компанијата поврзана со ЛЦ Ваикики, а зад неа се фирмите на други добро познати брендови. ЛЦ ВАИКИКИ РЕТАИЛ МК ДООЕЛ Скопје е најпрофитабилна компанија во оваа група во 2025 година. Фирмата што го носи брендот ЛЦ Ваикики остварила добивка од околу 3,81 милиони евра, додека во 2024 година ...
Добивај вести на Viber Јазот помеѓу политичките амбиции и реалните реформи останува преголем. Минатиот октомври, францускиот претседател Емануел Макрон стоеше во Копенхаген заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, полскиот премиер Доналд Туск, данската премиерка Мете Фредериксен и лидерите на 28 од најголемите европски компании. Тие се собраа на Самитот за конкурентност во Копенхаген, чија цел беше едноставна: ...
Добивај вести на Viber Некои од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека за плата повисока за 100 евра би заминале да работат во друга компанија, а дел објаснуваат дека 20 отсто повисока плата од таа што ја примаат би била мотив да направат трансфер. Граѓаните велат дека секој си бара подобро работно место со повисока плата. Велат дека важно им е да ја работат истата работа, да имаат добра работна атмосфера, но да заработуваат повеќе. „Тоа е ...
Пред околу три децении кога некој ќе спомнеше протеини, првата асоцијација беа бодибилдерите кои, според тогашните приказни, јадеа по дваесетина - триесетина јајца дневно за да изградат мускулна маса. Производите со висок процент на протеини, прашоци, шејкови и така натаму, освен што беа премногу скапи, како да беа и исклучиво „резевирани“ единствено за професионалните спортисти, оние што се натпреваруваа на големите спортски настани. ...
Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денеска се одржаа во општините Струмица, Радовиш и Валандово, соопштија од Министерството за економија и труд. Пред жителите на општините заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за ...
Претседателот на владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија. -Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило би рекол условно кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година ...
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски оценува дека ребалансот покажува оти расходната страна на државниот Буџет продолжува да расте, додека капиталните инвестиции и понатаму се реализираат со побавно темпо од очекуваното. -Ребалансот укажува дека расходите продолжуваат да растат, додека капиталните инвестиции се реализираат со послаба динамика од очекуваната. Во такви услови, важно е внимателно да се следи структурата на трошењето и ...
За дел од експертите, ова не е дилема само во Македонија туку и низ Европа веќе се водат сериозни дебати околу изградбата на дата-центри, бидејќи носат голема потрошувачка на електрична енергија, вода и простор, па оттаму локалните заедници и активистите бараат поголема транспарентност, јасни проценки за влијанието врз животната средина и гаранции дека јавниот интерес ќе биде заштитен. Како што вели, Виктор Андонов – експерт за енергетска ...
Добивај вести на Viber Ирак би можел да ги разгледа сите достапни опции, вклучително и промена на својот статус во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), доколку не му биде одобрено значително зголемување на квотата за производство, изјави денеска висок функционер на ирачкото Министерство за нафта. Ирачките власти сметаат дека зголемувањето на квотите е неопходно поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа земјата по ...
Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, денеска навести дека институцијата најверојатно ќе продолжи со зголемување на клучните каматни стапки во обид да ја намали инфлацијата, откако на почетокот од овој месец ги зголеми по првпат од 2023 година како одговор на економските последици од војната со Иран. – За да ја вратиме инфлацијата на нашата среднорочна цел од два процента, во сегашните околности ќе ...
Кинескиот пазар на автомобили се соочува со сè поголеми проблеми. Во мај, продажбата на возила падна за 22 отсто во споредба со истиот месец минатата година, а последиците се веќе видливи. Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) отстрани осум производители од официјалниот регистар на компании кои имаат право да произведуваат автомобили. Од нашата мрежа Англија во проблеми пред натпреварот со Панама, Тухел ќе ...
Европската Унија предложи клауд сервисите на компаниите Амазон и Мајкрософт да бидат опфатени со строгите правила од Законот за дигитални пазари. Тоа би ги подложило најголемите светски даватели на услуги за компјутерска обработка во облак (cloud computing) на дополнителни регулаторни обврски, пренесе Ројтерс. Од нашата мрежа Монтела повика на почит кон турската репрезентација и се надева… 20 минути kontra.mk Покетино ги објави ротациите за ...
Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања од кои едниот го постави до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а другите две до министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Петкоска на самиот почеток истакна дека Владата ги реализирала најавените мерки за развој на авиосообраќајот и туризмот, преку нови авиолинии и зголемени субвенции ...
Добивај вести на Viber Сезоната на одмори е во полн ек, и додека многу луѓе бараат спас од летните горештини на море, сè повеќе граѓани одлучуваат да одмараат во Србија. Во последните години, Војводина се етаблираше како една од најинтересните домашни туристички дестинации, благодарение на богатата понуда на сместувачки капацитети, природните убавини, езерата, бањите и сè повеќе развиената туристичка инфраструктура. Она што особено ги ...
Во периодот од јануари до април 2026 година, од Македонија се извезени 58 илјади тони свеж зеленчук во вредност од 35,3 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период минатата година, извезените количини се поголеми за 13%, но приходите од извозот се намалени за 12,3%. Овој тренд укажува дека македонскиот зеленчук во просек се продавал по пониски цени на странските пазари во однос на лани. ...
Двете собраниски комисии, Комисијата за финансирање и буџет (71. седница) и Законодавно-правната комисија (180. седница), денеска го усвоија и го проследија на натамошно донесување Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кој се носи по скратена постапка. Со предложеното законско решение се предвидува временска корекција на стапките на придонесите за периодот јуни–декември 2026 ...
Во мај оваа година, во Словенија беа регистрирани 658.016 пензионери, што покажува континуирано зголемување на бројот на корисници во споредба со 2016 година. Просечната бруто пензија изнесуваше 1.160,80 евра, по февруарското прилагодување од 4,2 проценти и вонредното зголемување од еден процент во март во текот на годината. Новата формула за прилагодување на пензиите сега се базира на половина од растот на бруто платите и половина од растот ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески се надева дека банките што најавија зголемување на провизиите ќе ги преиспитаат ваквите одлуки и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Славески во одговор на прашање поставено од Јован Митрески од СДСМ, рече дека неговиот личен став е дека не постои оправданост за вакво зголемување. – Мислам дека банките ќе одговорат на она што е сентимет во ...
Од Исланд до Северна Македонија, потрошувачките цени драматично варираат низ Европа. Новите податоци на Евростат покажуваат каде секојдневните стоки и услуги чинат најмногу – и зошто самите цени не ја раскажуваат целата приказна. Истата потрошувачка кошничка може да чини речиси четири пати повеќе во зависност од тоа каде се наоѓате во Европа. Но, кои земји се најскапи и како можат да се споредат праведно? Индексите на ценовни нивоа на ...
Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на РКЕ, Ацо Ристов. Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и нулти ...
Менаџерот на хеџ-фондот, Ли Робинсон оствари добивка од 900 отсто за време на глобалната финансиска криза, претворајќи позиција од 20 милиони долари во 200 милиони долари благодарение на навремени облози против американскиот пазар на високоризични хипотекарни кредити. Денес тој гледа нова можност, бидејќи ризиците се зголемуваат околу приватните кредити. Но, наместо директно да се обложува против тој сектор, Робинсон се фокусира на можните ...
Гувернерот Трајко Славески смета дека работниците што ќе се пензионираат според вториот пензиски столб, нема да може да земаат ниту најниска пензија. Славески сподели на својот икс-профил интервју направено во 2024 година, во кое зборува на тема втор пензиски столб и одговара на прашањето: зошто ќе бидат разочарани тие што очекуваат пензија од вториот пензиски столб? – Во 2030 година и во 2032 година, кога ќе почнат да се исплаќаат редовните ...
И покрај тоа што во изминатите неколку години цените на становите во Скопје бележат континуиран раст, кириите не го следат истото темпо. Според експертите за недвижности, една од главните причини е зголемената понуда на новоизградени станови, која создаде конкуренција на пазарот за изнајмување и го ограничи растот на закупнините. Токму поради релативно ниските кирии во споредба со другите европски градови, Скопје во последните години станува ...