Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Добивај вести на Viber Охрид овие денови живее во полн сјај, во ритамот на водените спортови,музиката, уметноста и енергијата што го исполнува градот. Во срцето на оваа динамична приказна е четвртото издание на спортскиот фестивал Ohrid Water Festival, кој од 12 до 30 август носи богата програма, спортски натпревари и музички настапи. Годинава, покрај добро познатите натпревари во водени спортови, најпознатиот македонски спортски фестивал ...
Добивај вести на Viber Летото е период кога сакаме да си го олесниме секојдневието, а токму тогаш и финансиските одлуки можат да бидат едноставни и достапни од каде било. Со Онлајн депозитот на Шпаркасе Банка, клиентите можат да ги орочат своите средства директно преку мобилната апликација S-Banka, без посета на експозитура и без непотребна документација. Во моментов, за нови Онлајн депозити, Шпаркасе Банка нуди фиксни каматни стапки до 3,80 ...
Бројот на регистрации на нови претпријатија во Европската Унија во вториот квартал е намален за 0,5 отсто во споредба со претходните три месеци, додека бројот на стечаи порасна за 5,7 отсто, објави денеска Евростат. Регистрациите на нови претпријатија се намалени во пет од осумте набљудувани сектори. Најголем пад се случи во индустријата, каде што бројот на нови регистрации е намален за 3,6 отсто. Од нашата мрежа Официјално претставена ...
Влијанието на воените конфликти врз финансиските пазари како повод Светот и глобалната економија се исправени пред нов воен предизвик што силно ги погодува современите пазари, најмногу поради растот на цените на нафтата. Масовната примена на нафтените деривати во транспортот, но и во хемиската индустрија, земјоделството и градежништвото, предизвикува верижен и силен удар врз целата светска економија. Со почетокот на воениот конфликт меѓу Иран ...
Европската централна банка предупредува дека прекумерниот оптимизам на инвеститорите кон американските технолошки акции би можел да заврши со корекција на пазарот со сериозни последици за пошироката економија. Инвеститорите масовно инвестираат во технолошките компании очекувајќи дека вештачката интелигенција фундаментално ќе ја промени глобалната економија, па затоа проценките на најголемите технолошки компании се далеку над историските ...
Во Албанија, трета година по ред, е регистриран пад на производството во индустрискиот сектор, продлабочувајќи го расколот меѓу целокупниот економски прогрес и достигнувањата во индустријата. Најновите статистички податоци од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw) укажуваат на намалување на бруто индустриското производство за 2,6% во 2025 година. Ова следи по пад од 7,5% во 2024 година и 8,4% во 2023 година. “Пресметано, ...
Бројот на регистрации на нови бизниси во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, додека бројот на банкроти се зголеми за 5,7 проценти, објави денес Евростат. Регистрациите на нови бизниси се намалија во пет од осумте следени сектори. Најголем пад се случи во индустријата, каде што бројот на нови регистрации се намали за 3,6 проценти. По него следуваат секторот за угостителство и ...
Регулаторната комисија за енергетика со денешната одлука ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит, и новите цени се 91,50 односно 93,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит и од полноќ литар ќе се продава за 98,00 денари. Цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ...
Македонската пиперка, гордоста на македонското земјоделство и клучна суровина на популарниот македонски ајвар повторно се најде во центарот на меѓународен скандал со безбедноста на храната. По неколкуте претходни свикувања на алармот од страна на европските контролни механизми, најновата кочница пристигна од соседна Бугарија која ни врати пратка од 11,6 тони свежи пиперки од граничниот премин Златарево, и со тоа ја отвори Пандорината кутија ...
Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во ...
Регулаторна комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ да се се зголемат за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува ...
Етичките стручњаци и демократските конгресмени изразуваат загриженост поради тоа што Трамп ја користи функцијата претседател за своето лично богатство да го зголеми до „незабележано“ ниво Користењето на вториот претседателски мандат за зголемување на личното богатство на Доналд Трамп предизвика загриженост кај правните и етичките стручњаци, како и кај демократските членови на Конгресот. Трамп во текот на 2025 година оствари „незабележани“ 2,2 ...
Американската компанија Антропик (Anthropic), креаторот на АИ асистентот Клод (Claude), во вториот квартал од 2026 година оствари приход кој надминува 11,5 милијарди долари, што е за 14 пати повеќе во споредба со истиот период лани. Според документите на фирмата кои им беа претставени на потенцијалните инвеститори, Антропик во второто тромесечје од минатата година имаше приход од 787 милиони долари, додека во првиот квартал од оваа година ...
Добивај вести на Viber Меѓународниот аеродром во Тирана забележа уште еден значаен рекорд во воздушниот сообраќај, со речиси 1,65 милиони обработени патници само во текот на месец јули. Според податоците објавени од Меѓународниот аеродром во Тирана, бројот на патници во јули бил за 28,1% поголем во споредба со истиот месец минатата година, додека годишниот раст достигнал 19,4%. Уште еден рекорд беше поставен на 27 јули, кога на аеродромот ...
Биткоинот се тргува околу 63.500 долари и на прв поглед пазарот изгледа мирно, но податоците за приливите покажуваат дека интересот на институционалните инвеститори повторно се засилува. Американските спот биткоин ЕТФ-фондови привлекле повеќе од 14.000 биткоини во период од пет дена до 7 август, што е најсилниот прилив од мај, изјави Јусуф Фахро, партнер во ARP Digital, во анализа за CoinDesk. Според него, во третиот квартал досега се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини и до 100 отсто на увозот на дронови и делови за дронови, со намера да го зајакне домашното производство во тој сегмент што се покажа важен за современото војување. Производителите од Европската Унија (ЕУ) ја избегнаа најстрогата царинска стапка и за нив ќе се применува стапка од 15 отсто. Британските компании поминаа уште подобро, бидејќи нивните производи ќе бидат опфатени со царина од 10 ...
„Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме ...
text size Спот биткоин фондовите со кои се тргува на берза (ETФ) забележаа најголеми одливи од крајот на јуни минатата недела, прекинувајќи го силниот почеток од стартот на месец август. Тринаесет фондови котирани на берзата во САД забележаа нето одливи од 389,7 милиони долари во неделата што заврши на 10 август, откако привлекоа 853,5 милиони долари претходната недела, според податоците собрани од „Блумберг“. Првата недела од месецот ...
„Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем“, велат од партијата Левица. „ММФ може да препорачува, но ако утре работниците треба да работат повеќе години за да ...
Приватните марки продолжија да ги надминуваат брендовите во Европа со раст на продажбата од 4,1% во вредност во текот на 2025 година, во споредба со раст од 2,7% за брендовите на производителите, покажа ново истражување од IGD. Европските купувачи сè повеќе избираат производи во сопственост на трговците на мало поради квалитетот, а не поради цената, покажува студијата. Близу половина од купувачите (47%) рекле дека цената повеќе не е главната ...
Земјоделците си ги знаат своите права бидејќи добро ги проучиле законите кои нив ги тангираат. Затоа сега велат дека државата е должна да ја доисплати разликата од откупната до заштитната цена за стратешките култури. Имено, според Законот за земјоделство и рурален развој, пченицата и јачменот се дефинирани како стратешки култури. Согласно истиот закон, за стратешките култури се гарантира заштитна цена која се пресметува врз основа на ...
Мета веќе се соочи со неколку неповолни пресуди поради начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното работење. Постапката е покрената врз основа на тужбата што во 2023 година ја поднесоа 30 американски сојузни држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува „Би-Би-Си“. Во тужбата се наведува дека Мета ги прекршила сојузните и државните закони ...
Трговијата на мало едвај бележеше раст, инвестициите дополнително паднаа, индустриското производство забави, а невработеноста се зголеми, што го зголемува притисокот врз Пекинг дополнително да ја поттикне економијата во втората половина од годината. Трговијата на мало во јули порасна за само 0,6 проценти во однос на претходната година, по растот од 1 процент во јуни. Индустриското производство порасна за 4,5 проценти, исто така побавно ...
Европа продолжува да го развива сопствениот минерален потенцијал, а интересот за нови рударски инвестиции го потврдуваат 160 апликации поднесени на вториот повик на ЕУ за финансиска поддршка на рударски проекти. Иако во јавноста често се поставува прашањето дали рударството и заштитата на животната средина можат да одат заедно, европската практика покажува дека земјите со високи еколошки стандарди истовремено развиваат експлоатација на ...
Иако ситуацијата со пожарите во Грција во моментов е малку помирна, тоа е само краток одмор пред нов бран на топлина и силни ветрови, додека вкупниот број на жртви од почетокот на сезоната достигна седум лица. Ветерот, кој дуваше со брзина од 100 километри на час, се смири, но метеоролозите предвидуваат зголемување на температурата и повторно засилување на ветерот во следните два дена, што претставува директна опасност за појава на нови ...
Едно е членарината, друго се патиките, дресот, опремата, превозот, натпреварите, екскурзиите и сè што ќе се појави попатно. Родителите добро знаат како изгледа таа математика. Детето ќе почне да тренира фудбал, кошарка, танцување или странски јазик, а сумата што првично изгледала како неколку илјади денари лесно расте. Ако во семејството има две деца и секое посетува по две активности, семејниот буџет веќе сериозно се чувствува. Податоците за ...
Нафтениот пазар дебатира: Дали Ормускиот теснец е „поотворен“ отколку што мислевме? Општо е прифатено дека клучниот воден пат е всушност затворен за сообраќај на танкери за нафта. Иран отвори оган врз десетици танкери кои се обидуваат да поминат низ теснецот. Услугите за поморско следење, кои користат комбинација од транспондерски податоци и сателитски снимки, објавија значителен пад на бројот на бродови кои се обидуваат да се движат низ ...
Дали светот ќе се соочи со недостиг на пченица и дали ќе има зголемување на цените на житото на светскиот пазар? Имено, Украина и Русија, како што најавуваат локалните аналитичари, најверојатно ќе произведуваат и извезуваат помалку жито оваа година отколку во претходните години, што би можело да предизвика недостиг од повеќе од една четвртина од светските потреби, пишува украинскиот портал 24.ua. Русија и Украина се меѓу петте најголеми ...
Зошто традиционалното рударење на биткоини, некогаш процутувачка индустрија, постепено е заменето со рударење во облак? Оваа статија ќе ви даде детален вовед за тоа како да заработите потенцијален пасивен приход од 3.400 долари дневно преку рударење во облак. Недостатокот на биткоин и децентрализираните својства отпорни на инфлација му го донесоа прекарот „дигитално злато“, а неговиот огромен потенцијал за богатство ја поттикна неговата ...
Добивај вести на Viber Цената на златото тргна нагоре на почетокот на неделата и во понеделникот достигна околу 4.400 долари за унца. Спот-цената порасна за околу 0,6 отсто, додека американските фјучерси за декември се движеа околу 4.456 долари. На златото му помогна слабеењето на американскиот долар. Истовремено, послабите економски податоци од САД ги намалија очекувањата дека Федералните резерви во септември ќе ги зголемат каматните ...