Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во организација на македонскиот Културно-информативен центар и МТС Дворана, вечерва во Белград беше отворена изложба „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев на која се изложени десет дела од приватната колекција кои до 12 јули ќе бидат пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Директорот на македонскиот КИЦ во Белград ...
Филмови и серии за викенд носат силен микс од научна фантастика, музичка комедија, зомби-драма, јужноафриканска семејна интрига и европски криминалистички трилери, па изборот за следните денови може да оди во две насоки: кино-спектакл за големо платно или стриминг-маратон дома, со неколку нови наслови што веќе влегуваат во неделните препораки. Најголемото име во оваа викенд-селекција е „Disclosure Day“, новиот научнофантастичен трилер на ...
„Архангел“ утре вечер ќе го одржи големиот самостоен концерт „Срцевина“ на стадионот на АРМ во Скопје. Како специјални гости на концертот ќе настапат регионално признатиот пијанист и композитор Васил Хаџиманов и неговиот бенд. Гостувањето доаѓа како резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев, и Хаџиманов. Со тоа концертот добива дополнителна ексклузивност за публиката. Според најавите, дел од новиот ...
Културно – информативниот центар Битола, се подготвува за отворањето на Битолското – културно лето БИТ ФЕСТ 2026. Фестивалот се отвора на 19 јуни во НУ Центарот за култура во Битола, со почеток во 19.30 часот, а ќе го отвори мјузиклот „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Влезници по цена од 300 денари ќе може да се набават од понеделник ...
Проектот „Музичка Фабрика“ е насочен кон создавање и промоција на современа македонска детска музика, со акцент на поддршка на домашната авторска продукција и развој на млади музички таленти. Во рамки на проектот бил организиран аудициски процес преку кој биле избрани деца од повеќе градови во Македонија. По изборот, учесниците поминале низ вокална подготовка, работа на интерпретација и снимање на музички композиции. Според организаторите, ...
Јавни критики за институционалниот однос и грижа кон македонскиот јазик помеѓу професорката Симона Груевска Маџоска, која поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседателка на Советот за македонски јазик и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. По меѓусебните јавни обвинувања за Националната стратегија, како и за процесот на одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, министерот, на прашање ...
Свеченото отворање на Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус”, ќе се одржи во среда, 17 јуни 2026 година, во 19:00, во киното Синеплекс. И ова издание, кое ќе трае од 17 до 20 јуни, е посветено на современата француска филмска кинематографија, која се одликува со креативност, автентичност и динамика и е една од најинтересните гласови на европската кинематографија. Ова издание, кое повторно се организира по пауза од девет години, ќе ...
Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на културното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фестивали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности – предвидува ...
Во чест на наградените, вечерва ќе имаме ексклузивна можност да ја гледаме последната претстава и особено актуена претстава на Балканот периодов, токму од Дејан Дуковски, автор во фокус на фестивалот. Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот истакна дека ова е голем чекор и подарок од фестивалот за публиката. На прес-конференција можевме да ги запознаеме актерите: Милутин Милошевиќ, Наташа Марковиќ, Ања Ќурчиќ, Јана Милосављевиќ, ...
Скопскиот бендот „Занаду“ започна соработка со хрватската независна издавачка куќа „Интерстелар“ со новиот сингл „Ураган“, кој е достапен на сите стриминг платформи. Од бендот кој важи за еден од предводниците на новата урбана музичка сцена во Македонија, велат дека „Ураган“ е звук што се движи помеѓу инди, синт и диско-поп музиката. Песната е прв сингл од претстојното ЕП издание, кое ќе биде објавено по летото. Фронтменот на бендот и автор ...
Светски познатиот диџеј од Турција Махмут Орхан ќе настапи во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“ на 25 јули од 20 часот, објави продукција „Прагма“. Орхан, кој на крајот од декември гостуваше во Скопје е еден од најбараните музички продуценти денес. Роден е во 1993 година во Бурса и стана светски популарен во 2016 година со мегахитот „Чувствувај“ (Feel), кој со стотици милиони прегледи го освои глобалниот пазар. Неговиот специфичен ...
Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од ...
Во „Среќа бар“ во Скопје беше промовиран новиот роман „Џилиан“ на авторот Агрон Усеини, објавен во издание на „Антолог“. Станува збор за трето книжевно дело на Усеини, со кое по фантастичниот серијал „Овириум“ се насочува кон жанр што ги спојува драмата, мистеријата и егзистенцијалните прашања. Романот ја следи приказната на Џилиан, жена која по добивањето дијагноза за неизлечлив канцер се соочува со низа необјасниви настани што го менуваат ...
Зачувување на аудиовизуелните архиви на Македонската радиотелевизија (МТВ) е еден од проектите на кој ќе се работи согласно меморандумот за соработка во областа на културата и туризмот помеѓу Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Франција во Македонија. Документот денеска го потпишаа министерот Зоран Љутков и амбасадорот Кристоф ле Риголер и рекоа дека е од особено значење кон унапредувањето на билатералните односи меѓу двете ...
Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески” и Државна награда „Ремзи Несими”. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата ...
Во современото градежништво, квалитетот не се мери само со конечниот изглед на објектот. Вистинската вредност се создава многу порано, во организацијата, техничката подготвеност, механизацијата, инженерските решенија и способноста секоја фаза од проектот да се реализира прецизно, навремено и според највисоки стандарди. Токму тука се наоѓа силата на TEMEL powered by ELENA LUKA HOME – компанија која претставува еден од најзначајните оперативни ...
Ана Дурловски е од самиот почеток дел од проектот кој ги обединува Филхармониите на Софија Солун и Скопје и на денешната прес конференција која се одржа во пресрет на изведбата на Кармина Бурана во Градскиот парк во Скопје на отворено на 20 јуни, посочи дека кога станува збор за културната дипломатија, токму овој проект е вистинскиот одговор за тоа што можеме да добиеме и колку терба да работиме за да ја искористиме оваа алатка за да се ...
Симос Папанас, директорот на Солунската филхармонија на денешната прес конференција по повод изведбата на Кармина Бурана на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје од страна на трите филхармонии од Скопје, Софија и Солун, се осврна на почетоците и како почна ова заедничко патување на музичарите од регионот. -Оваа иницијатива ја започнавме пред три години и најпрво му ја претставивме на министерот за култура на Грција кој безрезервно ја прифти и ...
Во време кога светот се соочува со многубројни предизвици и поделби, културата останува еден од најсилните простори за дијалог, соработка и зближување меѓу луѓето и народите. Таа нè потсетува дека и покрај сите разлики, споделуваме исти вредности и исти надежи, рече на денешната прес конференција министерот за култура, Зоран Љутков. Токму затоа, со особено задоволство денес го најавуваме концертот што на 20 јуни повторно ќе ги обедини Скопје, ...
Првата сезона на серијата „Бегство од затвор“ (Prison Break) се смета за една од најдобрите телевизиски сезони некогаш снимени. Серијата првично била замислена да трае само една сезона, но по огромниот успех што го постигнала првата сезона, продукцијата одлучила да сними и втора сезона. „Но рејтингот на серијата набргу почнал да паѓа. До петтата сезона, многу гледачи биле толку разочарани што последните епизоди повеќе не ги сметале за дел од ...
Во современото домување повеќе не е доволно да се изгради зграда. Потребно е да се создаде целосна урбана приказна, простор во кој архитектурата, функционалноста, квалитетот и животниот стил се спојуваат во една хармонична целина. Токму таква приказна веќе со години создава ELENA LUKA HOME – компанија која со своите проекти успева да постави нови стандарди во македонското градежништво и да покаже дека домот не е само квадратура, туку простор ...
Еден од најлегендарните спортски автомобили на Ford добива нова димензија. Британската компанија „Boreham Motorworks“ го промовира новиот Ford Escort Mk1 RS – модел кој изгледа како внимателно обновен класик, но всушност е целосно нов автомобил, произведен со официјално одобрение од Ford. За разлика од познатите рестомод проекти, каде се модернизираат постоечки класични возила, Escort Mk1 RS се гради од основа. Секоја единица добива ...
СЕ СЛУЧИ ЕДНА НОЌ (It Happened One Night) Френк Капра / САД / 1934 / 105 мин СЕ СЛУЧИ ЕДНА НОЌ (It Happened One Night) ОД 1934 ГОДИНА е една од најпознатите и највлијателни романтични комедии во историјата на холивуд, вистински класик на холивудската златна ера. Филмот е еден од најпознатите филмови на голелмиот американски режисер Frank Capra, во кој тој совршено ја комбинира духовитоста, романтиката и општествената критика. Во главните ...
Граѓанската организација ПРКОС со задоволство ве поканува на отворањето на изложбата „Пркосните 12“. Таа е завршница на нашиот тримесечен инклузивен курс за фотографија, под менторство на Драги Неделчевски. Изложбата се состои од 30 портрети направени меѓу дванаесетте учесници во практичниот дел од програмата. Низ секоја од дванаесетте работилници, тие имаа можност да учат, истражуваат и создаваат преку медиумот на фотографијата. Но и да ...
Чест ми е што Јон Вардар против Галаксијата периодов ќе има две кино проекции во Пекинг и Шангај, во рамките на Панорамата на македонскиот филм, информира режисерот Гоце Цветановски. Во опасно добра селекција, заедно со Пред дождот, Медена Земја, Диџеј Ахмет, Сите го викаат Реџо, и кратките Пепи и Муто и Неми филмови. Заедно ја освојуваме Кина. Голема благодарност до Atanas Georgiev за поканата. Чест ми е што Јон Вардар против Галаксијата ...
Во петок, на 12 јуни, со почеток во 18:30 часот, во Изложбениот салон во горното фоаје на НУ Центар за култура Битола ќе биде отворена изложба на еден од најзначајните македонски сликари, Владимир Георгиевски. Пред битолската публика ќе бидат претставени дваесетина дела изработени во различни техники, кои нудат можност за поблиско запознавање со богатиот творечки опус на авторот, неговите мотиви, уметнички истражувања и силните пораки што ги ...
Крушево од 19 до 21 јуни повторно ќе биде во знакот на класичната музика и гитарската уметност, со одржувањето на 17. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „П.С. Гитар фест Крушево“. Во просториите на Спомен-куќата на Тоше Проески, фестивалот и годинава ќе донесе богата концертна програма, едукативни содржини и настапи на реномирани гитаристи од регионот, како и можност за афирмација на млади музички таленти. Фестивалската ...
На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија , Албанија , Косово , Бугарија , Србија ,Грција , Англија и Турција . Куратор на изложбата и организатор на уметничката колонија во Кавадарци е истакнатиот македонски уметник Владимир Темков. По повод овој значаен јубилеј, тој истакна дека во рамките на Ликовната колонија досега ...
Новата романтична комедија на Netflix со рејтинг R, насловена како „Канцелариска романса“(Office Romance), штотуку пристигна на стриминг платформата и веќе го зазеде првото место во рејтинзите во повеќе од 60 земји. Сепак, освен забавното сценарио и хемијата меѓу главните актери, странските медиуми и социјалните мрежи буквално горат поради една специфична сцена во која Џенифер Лопез покажува зошто, дури и во своите 50-ти години, сè уште ја ...
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, во почетокот на месец март 2026 година го објави традиционалниот интернационален стрип конкурс „Велес 2026 – Златен стрип“. Како дел од реномираниот Меѓународен стрип салон, оваа манифестација годинава бележи силен бран на интерес, особено преку интензивираната соработка со основните, средните и приватните училишта, како и со ликовните студија ширум државата. Стручниот соработник на Стрип ...