Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

Во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката. Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Археолозите открија злато старо повеќе од 1.300 години на мистериозен бродолом во близина на Хрватска. Наодот вклучува златни монети, скапоцени камења и прстен со ликот на царот Ираклиј. Археолозите велат дека откритието е едно од најзначајните за разбирање на улогата на морските патишта од тој период. Повеќе од една деценија, тимови ги испитуваат остатоците од бродолом покрај брегот на Хрватска. „ Утврдивме дека бродот потонал во 7-ми или ...

Бура со силни ветрови и дожд погоди делови од Грција и главниот град Атина во петокот попладне, предизвикувајќи проблеми за жителите и туристите, објавија грчките медиуми. Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија ...

Светската здравствена организација (СЗО) повикува на зголемена будност по неколкуте случаи на западнонилска треска во јужна Европа . Регионалната канцеларија на СЗО за Европа во Копенхаген соопшти дека бројот на случаи на вирусот што се пренесува преку комарци се зголемил во последните недели, особено во Грција и Италија, бидејќи сезоната на болести штотуку започнува. Според СЗО, само минатата недела во Грција се потврдени 14 случаи. Со ова, ...

Поранешната портпаролка на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Јулија Мендел, упати низа сериозни обвинувања против својот поранешен шеф на социјалната мрежа Икс, тврдејќи дека тој успеал да измами милиони луѓе во Украина и низ целиот свет со прикривање, како што тврди, на неговото непознавање на државното управување и на неговата склоност кон авторитарно владеење. Мендел изјави дека за време на нејзината работа во кабинетот на ...

Во Грција, на сила е итно предупредување за временска состојба поради циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни ветрови. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Grčka Info | Smeštaj u Grčkoj (@grckainfo.official) Цивилната заштита на Грција го активираше информативниот систем за итни случаи 112, испраќајќи СМС пораки за предупредување до граѓаните и туристите низ целата земја. Sieh dir diesen Beitrag auf ...

Иранскиот генерал Аболфазл Шекарчи рече дека Вашингтон ја искористил секоја можност, секое оружје и секоја прогноза што ја имал на ум за Третата светска војна, за да се справи со Иран. Овие изјави дојдоа еден ден пред американската војска да ја заврши својата 13-та ноќ од последователни напади врз Иран. „Секое оружје, секоја технологија, секоја способност што никогаш не е употребена во ниедна војна е употребена во војната против Исламската ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави започнување трговска истрага против Европската Унија и се закани дека ќе воведе царини поради казните што Брисел ги наметна на американските технолошки компании. Трамп реагираше откако Европската комисија го казни Google со вкупно 890 милиони евра за кршење на Законот за европски дигитални пазари. Комисијата тврди дека Google ги фаворизирал своите услуги во резултатите од пребарувањето и ја ...

Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе ...

Осврнувајќи се на случајот со неисправната вода во делови од државата, од опозициската СДСМ истакнуваат дека прво загадена вода за пиење имаше во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. „Дури и во болница немаше безбедна вода“. Сега, додаваат од оваа партија, бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. „Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се ...

И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ. Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника. „Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека до Град Скопје пред половина час пристигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар. Инспекциските служби, соопшти тој, веднаш излегле на терен, а дополнително биле контактирани и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои, како што објави, исто така веднаш излегле на терен. „Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од село Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. „На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле ...

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини соопштуваат дека по значајниот исчекор што министерството го има направено со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на ...

Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. „Микробиолошката анализа покажува дека ...

Никица Корубин Постои тема, која е клучна во секоја демократија, која функционира врз база на индивидуалната одлука на граѓаните – а, тоа е точната и навремена информација, односно вистината. Од неа зависи ставот на граѓаните, која како таква – како вистина – се подразбира дека треба да дојде од секоја форма на институционалност, но особено од оние кои постојат за пренесување на информациите, а тоа се медиумите. Но, информации како вистина, ...

Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош. Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената. Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски пасош, но потоа во повеќе наврати барал ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. „Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска ...

Новата унгарска влада предводена од премиерот Петер Маѓар започна институционална истрага за заемот од една милијарда евра што државната Ексимбанка ѝ го одобри на Северна Македонија за време на претходната влада на Виктор Орбан. Според Маѓар, предмет на проверка се условите под кои бил одобрен кредитот, економската оправданост на трансакцијата и можната злоупотреба на државни средства, пишува CIVILMEDIA. Премиерот Петер Маѓар соопшти дека ...

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на ...

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што велат, ...

Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42