Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...
Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: Кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за ...
Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...
Изјавите на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за Русија како егзистенцијална закана за Европа се резултат на разочарувањето на Брисел од одлуката на Вашингтон да го одложи доделувањето на 400 милиони долари воена помош за Украина, оцени кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору. Христофору, зборувајќи на својот Јутјуб канал, изјави дека Калас, откако станало ...
Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...
Умереното консумирање црно кафе не е поврзано со поголем ризик од срцеви заболувања, па дури може да има и заштитен ефект, според нова студија на Американската асоцијација за срце. Сепак, експертите предупредуваат дека количината, начинот на подготовка и индивидуалните разлики одредуваат дали кафето е корисно или штетно за телото. Најновото истражување носи добри вести за милиони љубители на кафе, што укажува дека овој омилен утрински ...
Министерот за надворешни работи на Иран, Сеид Абас Арагчи, на платформата Икс објави дека одбранбената доктрина на Техеран е јасна и се заснова на принципот „око за око“. „Секоја агресија против Иран, вклучително и напади врз нашата инфраструктура, ќе предизвика силен и решителен одговор“, рече Арагчи. Тој додаде дека „сите оние кои придонесуваат за таква агресија, без оглед на видот на поддршка, исто така ќе се сметаат за легитимни цели“. ...
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија и ќе се состанат повторно утре за да се обидат да постигнат договор, изјави дипломатски извор. Главната пречка за договор за 21-от пакет санкции останува грчкото барање на нејзините бродосопственици да им биде дозволено да продолжат да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Грција е светска превозна сила, а ...
Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ кој речиси излета од прозорецот на авион на 10 јули на лет од Солун, Грција до Меминген, Германија, е уверен дека неговиот клиент ќе добие голема отштета. Се претпоставува дека дел од моторот се одвоил од авионот и го скршил прозорецот кратко по полетувањето. Авионот го изгуби притисокот во кабината и изврши итно слетување. Главниот извршен директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ...
Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија. Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години. Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети со повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажаа дека ...
Ерлинг Халанд ја искористи паузата пред новата сезона за да го прослави својот 26-ти роденден на Азурниот Брег. Норвешкиот напаѓач организираше забава за семејството и пријателите во познатиот ресторан и клуб „Шелона“, а снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи. Доаѓањето на алжирскиот фудбалер Ријад Марез привлече особено внимание на социјалните мрежи. Поранешниот соиграч на Халанд од Манчестер Сити дојде да му честита ...
Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор запознаен со преговорите за „Ројтерс“. Договорот е постигнат додека Киев и Вашингтон преговараат за поширока соработка во областа на беспилотните летала. Засега нема официјални коментари од Киев или Вашингтон за ова, пишува „Ројтерс“. Успехот на украинските дронови во војната против Русија предизвика голем интерес од ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне ...
Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во ...
Принцот Џорџ наполни 13 години, а неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, во оваа пригода објавија нов портрет и кратко видео што ја прикажува порелаксираната и авантуристичка страна на идниот британски крал. Принцот и принцезата од Велс на тој начин ја продолжуваат традицијата што ја започнаа за првиот роденден на Џорџ, кога почнаа да споделуваат фотографии и моменти од неговиот живот со јавноста. View this post on Instagram A ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и ...
Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...
Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...
Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...
Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, ...
Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана ...
Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување на американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, објави Euronews. Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада привремено да стационира до осум американски авиони танкери за полнење гориво во воздухопловната база Безмер на југоистокот од земјата. ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...