Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која на 12 мај беше пронајдена мртва во семејната куќа во Бопал, предизвика големо медиумско внимание во Индија и отвори истрага за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Твиша Шарма била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг. Нејзиното семејство тврди дека сопругот и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја малтретирале за мираз и дека таа е ...

Претставувањето на новиот, целосно електричен модел на Ферари (Ferrari) наречен „Луче“ (Luce) предизвика бран негативни реакции во Италија. Во критиките се обединија инаку политички спротивставените јавни личности, како што се министерот за транспорт Матео Салвини, опозицискиот пратеник Карло Календа, но и поранешниот директор на компанијата, Лука Кордеро ди Монтеѕемоло. Контроверзниот модел е првото Ферари со пет седишта и исклучиво ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац соопштија дека израелската војска извршила воздушен напад во Појасот Газа, во кој е убиен Мохамед Одех, новоименуваниот командант на бригадата Ал Касам, военото крило на Хамас. Во заедничкото соопштение се наведува дека нападот бил извршен по нивна наредба. Израелските власти тврдат дека Одех бил еден од организаторите на нападите од 7 октомври 2023 година, а во тој ...

Откако минатата година беше претставен дизајнерски концепт, проектот за оживување на „Југо“ влегува во нова фаза со откривање на првите технички детали и целната цена. Новите информации за враќањето на автомобилот, кој во Југославија се произведуваше од 1980 до 2008 година, ги пренесува германскиот Welt.de. Дополнителните фази на концептот и првите технички детали беа претставени на конференција во Белград. Според тие информации, првиот ...

Вашингтон ги извести сојузниците дека постепено ќе го намали бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови наменети за НАТО. Со овој потег продолжува притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена минатиот петок на состанок зад затворени врати од страна на советникот во Пентагон, Александар Велез-Грин, потврдуваат двајца анонимни дипломати ...

Една од главните цели на месечевите мисии „Артемис“ на НАСА е изградба на база на јужниот дел од површината на Месечината, подалеку на југ од која било област каде што слетале астронаутите од мисиите „Аполо“. По првичното објавување на неколку детали во март, раководителите на НАСА претставија нови информации за напредокот на проектот и чекорите кон реализација на визијата за месечева база. Шефот на НАСА, Џаред Ајзакман, изјави дека ...

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека Пекинг очекува договорот за прекин на американско-израелската војна против Иран да биде упатен до Советот за безбедност на ОН на потврда, пренесува агенцијата „Анадолија“. Американските и другите меѓународни претставници во последните денови изразуваат претпазлив оптимизам поради напредокот во преговорите за завршување на овој конфликт. Ванг истакна дека Кина се надева оти сите ...

Постојат луѓе кои се будат со насмевка, подготвени за разговор уште во 7 наутро. Но, постојат и такви за кои првото утринско кафе е буквално прашање на опстанок. Ако некогаш сте се обиделе да почнете сериозен разговор со некој чиј мозок сè уште не се „вклучил“ поради недостиг на кофеин, голема е веројатноста дека станува збор за некој од следниве знаци: Рак: Кафето како емоционална стабилност Раковите се емотивни и чувствителни, но наутро се ...

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска дека Израел ја проширува својата воена офанзива во Либан со учество на „значајни копнени сили“, и тоа и покрај прекинот на огнот што беше договорен со посредување на Соединетите Американски Држави, а кој е на сила до почетокот на јули. Оваа изјава беше дадена на почетокот на состанокот на израелскиот безбедносен кабинет, соопштија од неговиот кабинет, пренесува агенцијата „Анадолија“. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и г-а Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, претседателката истакна дека ...

Актерката Ен Хатавеј откри дека десет години тајно се борела со ретка здравствена состојба поради која речиси целосно го изгубила видот. Во интервју кое неодамна повторно стана популарно, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ детално ја опиша својата борба со рана катаракта (перде на окото) и операцијата со која конечно го вратила видот, пишува „Ин стајл“. Хатавеј за првпат проговори за ова во подкаст на „Њујорк Тајмс“ уште на 22 април, ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уредба со која им се нуди отпис на долговите на новите воени регрути, како дел од континуираните напори на Москва да ги засили своите вооружени сили за инвазијата врз Украина. На регрутите кои ќе потпишат договор по 1 мај оваа година ќе им бидат отпишани долгови во износ до 10 милиони рубљи (околу 120.000 евра), пишува ДВ. Уредбата, потпишана во понеделникот, се однесува на регрутите, но и на ...

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го осуди предупредувањето на рускиот колега Сергеј Лавров упатено до американскиот државен секретар, Марко Рубио, за идни напади врз Киев. Лавров му порачал на Вашингтон дека треба да ги повлече дипломатите од американската амбасада, што Сибиха го оцени како „дрска провокација“ и јасна потврда дека Русија сака да ја продолжи војната. „Каква е таа дрскост директно да ѝ кажеш на ...

Американската морнарица тајно им помага на трговски бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави „Волстрит журнал“. Според американски воени извори, морнарицата неодамна следела грчки супертанкер со околу 2 милиони барели нафта додека минувал низ стратешкиот воден пат кај Оман. Бродот претходно бил блокиран во Персискиот Залив и сега се упатува кон Индија. САД претходно се обиделе да организираат заштитен премин за бродови во рамки на ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за ...

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...

Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри ...

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу РС Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...

Во текот на изминатиот викенд се чинеше дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, но американскиот претседател Доналд Трамп им порача на двете страни да не брзаат со постигнување на договорот. „Или ќе постигнат одличен договор или нема да има никаков договор“, изјави Трамп вчера. Недолгo потоа, во текот на ноќта, САД изведоа нови напади кои ги опишаа како делување во „самоодбрана“. ...

Грчкиот весник „Катимерини“ во анализа предупредува дека старите етнички поделби повторно создаваат тензии во Северна Македонија, речиси 25 години по конфликтот од 2001 година, пренесува Либертас. Авторот Ставрос Цимас потсетува дека во пролетта 2001 година за првпат се слушнале слогани во поддршка на Ослободителната национална армија (ОНА) во тогашната Поранешна Југословенска Република Македонија. Според текстот, за време на масовен собир ...

Јадро – Асоцијација, во партнерство со Институтот за медиуми и аналитика ИМА, започна со реализација на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“ (Creative Work, Public Value: Advocacy for Fair Policies in the Independent Cultural Sector). Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Планираните ...

Израелската војска ги прошири своите копнени операции во јужниот дел на Либан надвор од таканаречената „жолта линија“, јавуваат израелските медиуми. Станува збор за подрачје долж заедничката граница кое Израел го држи под окупација во рамките на, како што наведува, борбата против проиранската милитантна група Хезболах. Поимот „жолта линија“ го воведе Израелската војска (ИДФ), иако таква граница не беше спомената во првите договори за ...

Денес во Киев се одржува самит на 24 земји, претежно европски, каде што учесниците ги поддржаа аспирациите на белорускиот народ да се ослободи од руското влијание и истакнаа дека Русија се обидува подлабоко да ја вклучи Белорусија во војната против Украина, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Денес во Киев се одржува самит на кој учествуваа 24 земји, претежно од Европа. На состанокот беа претставени сите земји од регионот: ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не зборуваме само за ...

Европската унија сè уште нема унифициран став за проширувањето, а разликите меѓу земјите-членки се сè поизразени кога станува збор за Западен Балкан и моделот на неговото идно пристапување. Врз основа на најновите иницијативи, може да се каже дека, од една страна, Германија, Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија се посветени на најбрзата можна економска интеграција на новите членки на ЕУ. Од друга страна, Франција, Холандија и ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, ...

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...

Додека се очекува САД и Кина да останат далеку пред останатите, се предвидува дека пазарите во развој како Индија, Бразил и Мексико да се искачат на глобалното рангирање, според проценките на ММФ. До 2031 година, се очекува САД и Кина да останат во своја лига, со економии значително поголеми од која било друга земја. Се очекува двата гиганти да додадат приближно 6,6 трилиони долари секој во своите економии, што одразува раст од околу 20 ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.53
71%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
77%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
72%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.76
89%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
75%
1022
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.56
92%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
49%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.53
56%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.92
81%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
52%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.64
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Цинк

0.00