
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми. На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД). Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис ...
- Предупредувањето дојде преку социјалните мрежи на крајот на 2023 година, напиша сервисот во „Х“. „Ова, покрај многу други укажувања, е сфатено сериозно“, велат тие. Бидејќи канцеларијата за имиграција не е истражна агенција, информациите биле проследени до соодветните органи, се вели во публикацијата. На интернет кружат слики од екранот на кои се прикажани пораки во кои одредено лице ја предупредува Канцеларијата за наводниот сторител, Талеб ...
Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање. -Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата ...
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува дека не очекува манипулации со новогодишната кошничка, а слична мерка најавува и за Рамазан и Велигден, како и дека зголемување на границата за пензионирање не се предвидува. Во однос на препораките од Фискалниот совет и Светска банка за ...
ОВЕН Зафатете се, доколку имате желба да одделите време, со друг научен проект што сте подготвени да го развиете. Покажете разбирање и согласувајте се со колегите и променете го начинот на кој работите за заедничко добро. Иако несериозното однесување на луѓето околу вас може да ви ја отежне работата, задржете ја смиреноста и доброто расположение. БИК Во текот на денот ќе сфатите дека финансиските операции во кои сте биле вклучени не се целосно ...
Рајан Филипе неодамна објави неколку фотографии на Инстаграм на кои се гледа како ужива на сонцето за време на невообичаено топол декемвриски ден. 50-годишниот актер, познат по улогата во „Сурови намери“, позираше без маица и мавташе со мускулите во зелени спортски панталони и долна облека на Келвин Клајн додека позираше на тремот со рацете на колковите. Фотографиите собраа повеќе од 71.000 лајкови и бројни коментари. „Старете како фино вино“, ...
Непречено се одвива акцијата новогодишна кошничка. Бројот на производите надмина 1000 опфатени со намалена цена од барем 10 проценти, констатира Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд кој денес направи мониторинг во еден од поголемите прилепски маркети, заедно со претставници од бизнис секторот. -Денес продолжува мониторингот на учесниците во новогодишната кошничка, односно маркетите, кои се директно поврзани со потрошувачите, ...
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата. - Би сакала да им се заблагодарам на техничките и стручните лица од ЈП „Водовод и канализација“ за храброста што ја имаа и што ја ...
Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат дека санацијата ќе заврши за најмногу 15 часа, а Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Поради најавената санација, изминатите денови беше забележана зголемена продажба на вода по маркетите. Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ ...
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија. По Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународни потерници за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија. - Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за ...
ОВЕН Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро но не можете да превземете одговорност за секое нешто. Внимавајте некоја одлука да не го комплицира вашиот живот. БИК Денес е среќата на вашата страна кога се во прашање финансиите, ви претстои пријатно изненадување кое ќе ве расположи. Морате да му верувате на вашиот партнер повеќе, ќе откриете некоја информација која ќе ви користи. БЛИЗНАЦИ ...
Освен без вода, скопјани вечерва дишат и екстремно загаден воздух кој е опасен за здравјето на граѓаните. И не само Скопје, во Кичево мерните станици вечерва покажуваат дека присуството на ПМ10 честички во воздухот е речиси 7 пати над дозволената граница од 50 микрограми на метар купен. Во во овие моменти на светската листа Скопје е на четврто место. Пред нас се само Бангладеш, Пакистан и Индија. Од 22 часот вечерва жителите на Скопје се и без ...
Откако ќе биде саниран дефектот и откако ќе протечат скопските чешми, водата да не се пие барем еден час, препорачува директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Во вечерашно гостување на Сител ТВ, директорката вели дека водата мора да се провери од страна на службите, да се земат мостри и да се добијат резултати пред да се консумира бидејќи станува збор за повеќечасовен прекин на истата. За потсетување, утре скопјани цел ...
Напад во основното училиште во загрепската населба Пречко, во кој загина едно дете, а неколку се повредени, како и наставничка, утринава извршил 19-годишник, кој бил уапсен 10 минути подоцна кога полицијата го спречила од самоубиство. Како што рече министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, наставничката има 50 години и, според нејзините информации, животот не ѝ е во животна опасност. Докторот од болницата „Свети дух“ во интервју за ХРТ вели ...
Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син. „Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да биде надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози. Докторот ладнокрвно го пушти да се грижиме за него“, изјави за „24 часа“ мајката на осомничениот за трагичниот напад. Млад човек (19) денеска утрово упадна во ...
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, го прогласи утрешниот ден за ден на жалост на подрачјето на градот поради трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште „Пречко“, соопштија од Градот. Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје и истакнување црни знамиња. На денот на жалост нема да има забава, а музиката што ќе се пушта на јавни места треба да биде соодветна за тој повод. ...
Министерката за здравство Ирена Хрстиќ во изјава за медиумите даде нови детали за повредените. Повредени се 11-годишно момче и 7-годишно момче. 11-годишното момче е надвор од животна опасност. Тоа дете е полесно повредено, се работи за површни расеченици. Второто дете на возраст од 7 години е надвор од животна опасност, но ќе му биде потребна градна дренажа. Поради повредите, има одредена количина крв во градите. Во болницата „Свети дух“ се ...
Кога започнуваме врска со нов партнер или партнерка, на почетокот фокусот е обично на добрите работи: возбудата, првите емоции, страста и вашето прво сексуално искуство со новиот партнер. Но, по завршувањето на фазата „меден месец“, стануваме повеќе свесни за некомпатибилностите и романтичните ограничувања (доколку тие постојат). Додека некои врски едноставно се прекинуваат кога се појавуваат разлики, други се задржуваат дури и кога веќе не се ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, КСОМ. Ситуацијата во ова јавно претпријатие кулуминираше денес откако веќе подолг период вработените аламираа за лошата состојба во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека се надева дека казната која ќе следи за полицаецот кој го пропушти Груби ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните. „По првичните информации кои ги имам добиено, станува збор за кардинална ...
Делови од Скопје од вечер, од 22 часот, ќе останат без вода за пиење во домовите. Надлежните најавија дека ќе ја затворат цевката со цел за време на викендот да се санира приблемот кој настана на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош каде со денови се излева питка вода по коловозот. Нивните убедувања се дека проблемот брзо ќе биде саниран. Kлучните хируршки сали ќе бидат затворени, а лекарите ќе примаат само животно загрозени пациенти. ...
Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент. Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и ...
Oвен Овни, денеска ќе бидете вистински лидер во тимот. Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки. Непланирана средба може повторно да разгори стара искра. Доколку сте во врска, отворете ѝ се на саканата личност и изненадете ја со нешто посебно. Обрнете повеќе внимание на хидратацијата и одморот – вашето тело бара пауза. Бик Бикови, денеска финансиските успеси се на повидок, но бидете внимателни со инвестициите. Не брзајте. ...
Во продолжение прочитајте го блиц-хороскопот, опис на секој од 12-те хороскопски знаци сумирани во три збора и проверете колку е точен. Овен: секси, уникатен, брз Бик: сексуален, паметен, духовит Близнаци: спонтан, саркастичен, драматичен Рак: мил, повлечен, сладок Лав: авантуристичен, спонтан, прекрасен Девица: мистериозна, интересна, неискажана Вага: чесна, добра, зборлеста Скорпија: лојална, привлечна, интелигентна Стрелец: интелигентен, ...
Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП ...
Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 кажа дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа храна во регионот. Според него во Македонија има најевтин леб во Европа. „Не се согласувам, не плаќаме, напротив најевтина е… Еве конкретно лебот во Македонија е најевтин во Европа, по испитување од Евростат имате најевтин основен производ во Македонија“, вели Ѓорѓиевски. Тој вели дека ...
Директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи, на конференција во Скопје за квалитетот на воздухот истакна дека граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во споредба со лица од Западна Европа. Тој посочи и дека загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители во Македонија, како и дека покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, ...
По најавата од страна на „Водовод и канализација“ дека од петок вечер до сабота ќе биде затворен главниот градски цевковод, граѓаните во Скопје масовно прават залихи на вода, а полиците во маркетите веќе се празни. Во разговор со вработена во еден од локалните маркети, таа открива дека по објавената информација за санирање на дефектот и прекинот на водоснабдувањето, граѓаните брзаат да купат дополнителни залихи за да не бидат оставени без вода ...