Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...
Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. „Се реализираат ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ...
ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените ...
Времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, соопштија од партијата. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, велат од партијата, Градот има обврска да ...
Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на Скопје, каде до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, соопшти МВР. Дополнително, биле оштетени повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (22.07.2026 година, среда) без електрична енергија ќе бидат: -во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од ул.4 во Зелениково(општина Зелениково) -во периодот од 12.00 до 15.00 часот дел од корисниците од дел од ул. Китка, лево од гробиштата по ридот (општина Кисела Вода). Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (22.07.2026 година, среда) без електрична енергија ќе бидат: -во периодот од ...
Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. Јакреново (нискостеблеста шума); Општина Крушево – с. Пресил (ниска вегетација). Пожари под контрола: ...
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби. Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи. На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите. Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина. Нема улица во градов ...
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...
Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани. За десетина минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби. Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан. Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и ...
Невреме со пороен дожд и грмежи ги зафати Скопје и Куманово. Олуен ветер, пороен дожд и грмежи ги зафати и Штип и Кочани. Правецот на движење е кон Виница, најави УХМР.До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР. Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток. Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе. Попладнево и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека Град Скопје е подготвен да се справи со невремето. Невреме со ...
Од Демократската унија за интеграција загрижени поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што, како што велат, оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Како што потенцираат од оваа партија, безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. „Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да ...
Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со фотографии од чистење шахти и сливници низ градот. Тој доби силни забелешки и од граѓаните и од опозицијата по невремето од почетокот на месецов кога јавниот сообраќај сопре, неколку скопски населби до кои се стигнува преку подвозници и кружни текови останаа отсечени од градот и имаше стотина пријави за поплави. ...
На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. „Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ...
Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на ...
Откако Џорџ Расел ја заврши трката во Белгија во првата рунда, пристигнаа некои многу корисни информации и технички детали. Тимот на Мерцедес е апсолутен лидер во шампионатот во Формула 1 и сега има 358 поени и 73 поени повеќе од второпласираниот Ферари откако Андреа Кими Антонели победи во Белгија. Џорџ Расел тогаш не ја заврши трката , а по неговата елиминација во првата рунда на Спа Франкошамп, интересни детали и тајни за автомобилот на ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи ...
Националната агенција за регулирање на енергетиката на Молдавија (ANRE) денес објави дека Молдавија има резерви на бензин за 18 дена и дизел гориво за осум дена. ANRE објави на каналот Телеграм дека нема општ недостиг на стандардни нафтени производи на пазарот, откако во јавноста се појавија информации за можни проблеми во снабдувањето со дизел гориво. Агенцијата изјави дека континуирано ја следи состојбата на пазарот на горива, како и ...
По месеци молчење, двајца осомничени за еден од најспектакуларните грабежи во Лувр за прв пат опишаа како е извршена кражбата на кралски накит во вредност од повеќе од 88 милиони евра. Абдулаије Н. (40) и Геламалах А. (36), кои беа уапсени една недела по грабежот и обвинети за грабеж во рамките на организирана криминална група, за време на новите сослушувања тврдеа дека не го планирале сами дејството, туку дека биле ангажирани од мистериозен ...