Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Европската Унија се обидува да го усогласи 21. пакет санкции против Русија, но преговорите се соочуваат со отпор од неколку земји членки. Најголем спор предизвикува предложената забрана за транспорт на руски течен природен гас, која директно ги засега грчките бродски компании. Европските претставници денеска продолжуваат со интензивни преговори за новиот пакет санкции против Русија, насочен кон дополнително ограничување на приходите со кои ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов врховен воен командант по период на несогласувања, политички притисок и големо преструктурирање на државното и военото раководство. Новиот армиски врв ја презема командата во чувствителен момент од војната со Русија. Украина денеска продолжува со воените операции против Русија под ново воено раководство, откако претседателот Володимир Зеленски го разреши досегашниот врховен командант и го ...
Финалето на Светското првенство во фудбал не беше само спортски спектакл, туку и најголемиот џет-сет настан ова лето. На трибините на стадионот во Њу Џерси се појавија десетици светски ѕвезди од филмот, музиката, модата и спортот, претворајќи го натпреварот во вистински холивудски спектакл.Меѓу најзабележителните гости беа Том Круз, Бијонсе и Џеј Зи, Ријана, Дејвид и Викторија Бекам, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, како и голем број познати ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
Американската војска ја заврши најновата серија воздушни напади врз Иран, со што операцијата влезе во единаесеттата последователна ноќ. И покрај продолжувањето на бомбардирањето, Вашингтон тврди дека сè уште е подготвен за дипломатски разговори, но го обвинува Техеран дека не покажува сериозна намера за постигнување договор. Американската армија соопшти дека во текот на ноќта биле извршени нови напади врз цели во Иран, како дел од операцијата ...
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...
Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...
Балканот се соочува со два екстреми: долготрајни горештини и суша, но и ненадејни силни невремиња со град, пороен дожд и разорен ветер. Во Србија, нивото на Дунав паднало на најниската точка забележана од 1946 година, што веќе создава проблеми за речниот сообраќај и транспортот на стока. Ниските водостои се последица на високите температури и недостигот од врнежи во поширокиот слив на реката. Во Грција и Албанија екстремната жештина го ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...
Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш. „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати ...
По 52 години поделба, Обединетите нации започнуваат нов дипломатски обид за оживување на мировните разговори меѓу грчката и турската заедница на Кипар.Иницијативата доаѓа во деновите кога островот ја одбележува годишнината од турската воена интервенција во 1974 година. Кипар оттогаш е поделен на меѓународно признатата Република Кипар на југ и територијата на северот, признаена единствено од Турција.Разговорите за трајно решение со години се ...
Бугарската влада ќе побара од парламентот да одобри распоредување до осум американски авиони-танкери во воената база Безмер, на околу 260 километри југоисточно од Софија.Станува збор за летала што служат за дополнување гориво на други воени авиони во воздух. Нивното распоредување би било поврзано со американските воени операции и зголемените безбедносни потреби поради тензиите на Блискиот Исток.Бугарскиот премиер Румен Радев ја соопшти ...
За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, посочуваат од владејачката партија. Над 60 тони вода, каоо што појаснуваат во соопштението, секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на ...
Бројот на загинати во големиот пожар што избувна пред една недела во еден угостителски објект во Бангкок се искачи на 35 лица, соопштија тајландските власти. Повеќе лица се хоспитализирани со тешки изгореници, а дел од нив се во критична состојба.Според првичните информации, пожарот се проширил исклучително брзо, по што посетителите се обиделе да се евакуираат преку излезите за итни случаи. Истражните органи веќе започнаа детална истрага за ...
Двајца туристи се повредени при напад со нож во близина на Акропол во Атина, една од најпосетуваните туристички знаменитости во светот. Инцидентот се случил во вторникот, на 21 јули, во екот на туристичката сезона во Грција. Според информациите на грчките власти, станува збор за 73-годишен маж и 78-годишна жена, грчко-американски државјани. Тие биле пренесени во болница, но повредите не им го загрозуваат животот. Осомничениот напаѓач, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува и ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...
Со влегувањето на Сонцето во знакот Лав на 22 јули започнува еден од најенергичните астролошки периоди во годината. Според астролозите, ова е време кога во преден план доаѓаат самодовербата, креативноста, љубовта и желбата за личен напредок. Во наредните четири недели многумина ќе почувствуваат потреба да направат важни промени, да започнат нови проекти или конечно да ги реализираат идеите што долго време ги одложувале. Астролошките анализи ...
Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. „Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена ...
Шкотскиот град Глазгов ги завршува последните подготовки пред свеченото отворање на Игрите на Комонвелтот 2026, кои започнуваат утре и траат до 02 август. Во градот веќе пристигнаа илјадници спортисти, тренери и навивачи од повеќе од 70 држави и територии.Организаторите соопштија дека сите спортски објекти се подготвени, а безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво. Големо внимание е посветено и на транспортот, сместувањето на ...
Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“. Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата, прашуваат од СДСМ. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, додаваат од оваа ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор за цивилна нуклеарна соработка со Саудиска Арабија. Според американските медиуми, договорот би можел да му овозможи на Ријад збогатување ураниум за мирољубиви цели, но веќе предизвикува загриженост поради можната трка во нуклеарно вооружување на Блискиот Исток. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор за цивилна нуклеарна соработка со ...
По силното невреме што синоќа го зафати Скопје, надлежните служби уште од раните утрински часови се на терен и работат на расчистување на последиците. На повеќе локации низ градот беа забележани паднати дрвја и гранки, оштетена инфраструктура и локални поплавувања, што предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот.Екипите на јавните претпријатија и другите надлежни институции интервенираат со цел што побрзо да се нормализира состојбата и да се ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината, соопштија од општината. Според наведеното во соопштението, веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле упатени на терен и започнале со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта, додаваат од општината, беа расчистени повеќе ...
Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа, ...
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата, соопшти Царинската управа. Според соопштеното, станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот ...