Градоначалникот на Градот Скопјe, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денес одржал координативен состанок со градоначалниците на општините во Скопјe и Кризниот штаб на Градот Скопјe, на кој биле разгледани штетите и последиците од лошото време што вчера го зафати главниот град. Според Ѓорѓиевски, општините во Скопје ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да пријават штети предизвикани од лоши временски услови. Во координација со Градот ...

Американската актерка и пејачка Зендаја се најде на удар откако носеше обетки направени од речиси 3.000 години стари ирански артефакти за време на промоцијата на филмот „Одисеја“. Имено, археолозите и историчарите на уметност сметаат дека ова е несоодветна употреба на културното наследство за промотивни цели и предупредуваат дека предметите се создадени од ограбени антички артефакти. На фотосесија во Лондон за промоција на новиот филм на ...

Бугарскиот парламент гласаше да им се дозволи на американските воени авиони да се полнат со гориво во воздух на нејзина територија, во време кога тензиите на Блискиот Исток растат и додека Вашингтон се заканува со нова ескалација на воените напади против Иран. Барањето на Вашингтон, поднесено во петокот, беше усвоено од парламентот во Софија со 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани. Врз основа на оваа одлука, Бугарија ќе одобри ...

Не е секогаш важно да се биде гласен или да се бара внимание. Според астролошките толкувања, постои една мала навика што често ги открива Лавовите при првата средба – начинот на кој влегуваат во соба. Лавовите ретко остануваат незабележани. Не затоа што нужно сакаат, туку затоа што природно зрачат со самодоверба. Дури и кога се облечени многу едноставно или се обидуваат да останат во позадина, нивниот говор на телото, држењето на телото и ...

Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се извини за институционалниот пропуст, да ја преземе одговорноста или да одговори како системот и институциите под негова надлежност дозволил подолго време да не го заприметат и идентификуваат проблемот. Наместо тоа, одлучи да им држи лекции на докторите и да ги обвинува дека зборуваат за лајкови и кликови, велат од ...

Најдобриот српски кошаркар и еден од најдобрите играчи на денешницата, Никола Јокиќ, го поминува летниот одмор во Србија. Познато е дека има посебна приврзаност кон родниот Сомбор, а самиот постојано нагласувал дека се чувствува најудобно во Србија и дека е во САД поради професионални обврски. Ова лето, Јокиќ повторно ќе игра за српската репрезентација, а за првпат ја носеше капитенската лента. Сепак, пред репрезентативните обврски, ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека блокирањето на европскиот пат на земјата е форма на државен удар. „Влијанието на оваа влада врз судството, независноста на судството, отвореното влијание на највисоките власти, слабите резултати во борбата против корупцијата, влијанието на „српскиот свет“ и со него влијанието на Русија во овој регион, тука на Балканот, во овој дел од Европа, се нешто што отворено се наведува во извештаите“, рече ...

Премиерот Христијан Мицкоски, по силното невреме што вчера го погоди Скопско, изјави дека институциите и општините излегле на терен за да ги санираат штетите. Мицкоски им се заблагодари на екипите одговорни за одговорот и нагласи дека штетите ќе бидат проценети, додека надоместокот ќе се изврши согласно законот и досегашната пракса од страна на надлежните институции. „Па, оваа Влада никогаш не ги остави граѓаните сами да се справат. Им ...

Во голем пресврт на фудбалскиот пазар, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, е на еден чекор од преселба во Реал Мадрид, според шпанските медиуми. Раководството на Мадрид го промени својот претходен став, најмногу поради експлицитната желба на самиот играч да го носи дресот на Кралскиот клуб. Овој 31-годишен шпански фудбалер е подготвен дури и да направи финансиски отстапки за да го олесни реализирањето на трансферот. ...

Секој хороскопски знак има одредена репутација, а два знака особено често се прикажани во негативно светло. Сепак, астролозите веруваат дека критиките против нив се претежно неосновани и се засноваат на погрешно разбирање на нивните клучни карактеристики, пишува YourTango. Астрологот Лорен објаснува дека овие знаци честопати се погрешно разбрани, до тој степен што некои ги сметаат за проблематични. Според неа, карактеристиките за кои се ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до ...

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во ...

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, официјално четвртиот најбогат човек во светот, е контактиран во врска со потенцијална инвестиција во фудбалскиот клуб Ливерпул. Безос (62) го основал Амазон во 1994 година и оттогаш има акумулирано нето вредност од неверојатни 256 милијарди долари, а сега би можел да стане дел од конзорциум кој сака да инвестира во Ливерпул. Безос е контактиран од конзорциум кој сака да го преземе Ливерпул, предводен од Амит ...

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на ...

Олександр Сирски, поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, објави дека ги предава силите што моментално се во офанзива на новиот врховен командант Михаил Драпати. „Најважно е во каква состојба го предавам бојното поле. Под моја команда оваа година беа ослободени 700 квадратни километри од нашата територија. Вооружените сили кои пред две години водеа тешка одбранбена кампања сега се во офанзива. На мојот наследник му ...

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со потешки ...

Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, ...

Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...

Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...

Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму, која престојуваше во дводневна официјална посета на Македонија и која е прва посета на индиски претседател на државата. На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...

Некои хороскопски знаци се соочуваат со недела која би можела да донесе низа пријатни изненадувања, полесно донесување одлуки и чувство дека работите конечно се свртуваат во нивна корист. Додека секој ќе има свои подеми и падови, астролозите издвојуваат два знака кои ќе бидат особено поволни во наредните денови. Конечно би можеле да се отворат долгоочекувани можности, а оптимизмот ќе им помогне да го извлечат максимумот од сè. Лав Лавовите ќе ...

Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со ...

Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст, сметаат од Левица. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. „Ова е случај ...

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. ...

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...

Ким Кардашијан повторно ги преплави светските медиуми, откако на социјалните мрежи објави нова семејна фотографија на која покрај неа се наоѓа и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Фотографијата веднаш предизвика лавина коментари и повторно ги отвори шпекулациите дека меѓу двајцата постои повеќе од пријателство.Ким на својот профил сподели фотографија направена за време на заедничко семејно дружење, на која се гледаат ...

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли влегува во сосема ново животно поглавје. Нејзините најмлади деца, близнаците Вивиен и Нокс, неодамна наполнија 18 години, а според извори блиски до актерката, таа веќе размислува за живот надвор од Лос Анџелес и е подготвена за големи лични промени.По години во кои целосно беше посветена на своите шест деца, Џоли сега конечно чувствува дека има повеќе слобода да им се посвети на сопствените планови и новите ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.66
45%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
63%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.96
64%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.36
56%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
57%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.67
93%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
5.99
56%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.88
39%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.86
42%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
60%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
46%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
100%
1014
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Рутениум

53852.50