Претседателот на САД Доналд Трамп ја прекина помошта за Украина, објави Белата куќа доцна вчера. „Претседателот беше јасен дека е фокусиран на мир“, изјави висок функционер на администрацијата за Гласот на Америка преку имејл. Официјалното лице не го именуваме, како што е вообичаено при разговори со новинари. „Потребно ни е и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Ја паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да осигураме дека таа ...

Многу „Ајфон“ уреди и други производи на „Епл“ се направени во Кина. Во последниве години, „Епл“ го прошири своето производство во други земји како Виетнам и Индија. Но, не толку и во САД. Тоа се менува. „Епл“ соопшти дека во текот на наредните четири години ќе инвестира 500 милијарди долари во САД – со планови кои вклучуваат изградба на објект во Тексас за производство на сервери за вештачка интелигенција – и ќе се обврзе да создаде 20.000 ...

Северна Македонија треба да биде паметна, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, коментирајќи ги последните случувања на релација, ЕУ и САД, кои можат да се рефлектираат и на економски план. „Јас мислам дека за Македонија кризите се шанса, затоа што доколку сме паметни, многу компании кои што бегаат од одредени други дестинации, можеме да ги привлечеме тука и наместо да губиме работни места, да отвораме работни места. И ...

Американскиот претседател Доналд Трамп утре планира да воведе нови царини за производи кои се извезуваат во САД од Канда и Мексико, но секретарот за трговија Хауард Лутник вчера рече дека тие можеби нема да бидат толку како што планираше Трамп, царини од 25 отсто. „Ситуацијата не е стабилна“, рече Лутник за емисијата „Sunday Morning Futures“ на Фокс Њуз. „Во вторник ќе има царини за Мексико и Канада. Какви ќе бидат тие, ќе го оставиме тоа на ...

СКОПЈЕ – Минимална плата во висина од 30 илјади денари или 500 евра. Прагот на барањата денес подигнат откако Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) како и опозициската СДСМ доставија до пратениците во Собранието нов закон и нов предлог за минималната плата а заедничко е што двата предлога предвидуваат замрзнување на придонесите. Од ССМ соопштија дека во предлогот кој го доставија и до Владата и до Организацијата на работодавачи се бара покрај ...

Претседателот Доналд Трамп вели дека оценката на украинскиот лидер дека крајот на руската војна во неговата земја „се уште е многу далеку“ е „најлошата изјава“ што можел да ја даде и дека „Америка нема тоа да го толерира уште долго!“ По средбата во Белата куќа во петокот меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, тие денеска повторно имаа различни гледишта за евентуално завршување на конфликтот. Според Зеленски, војната нема да ...

СЕУЛ – Американскиот носач на авиони Карл Винсон вчера пристигна и се закотви во пристанишниот град Бусан во Јужна Кореја како демонстрација на сила против Северна Кореја, соопшти јужнокорејската морнарица. Тоа е првиот американски носач на авиони што се закотви на пристаниште во Јужна Кореја од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп во јануари. Посетата беше дел од „железната“ заложба на САД за проширено одвраќање ...

Најмалку уште пет лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи на македонските патишта за неполн месец откако 22-годишната Фросина Кулакова беше смртно прегазена во Скопје. Оваа бројка на загинати стои во билтените на МВР објавени во периодот од 29 јануари, денот кога загина Фросина, до 22 февруари. „Ако трендот продолжи така да се развива оваа година, тогаш ние ќе зборуваме за катастрофални бројки“, вели Никола Дујовски, професор на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата земја останува подготвена да потпише договор за минерали за ретки земји со САД, и дека верува дека може да ги спаси односите со американскиот претседател Доналд Трамп. Зборувајќи пред новинарите по собирот на европските лидери во Велика Британија, Зеленски рече дека мисли оти САД исто така ќе бидат подготвени да го потпишат договорот за минерали, но можеби „ќе треба време да ...

РИМ – Папата Фрањо е во стабилна состојба, и не му е потребен респиратор, соопшти Ватикан. Тоа беше знак дека неговата респираторна функција се подобрува додека продолжува да се опоравува од пневмонија. 88-годишниот папа продолжи да добива дополнителна кислородна поддршка во неделата. Лекарите повторно рекоа дека тој е надвор од живото-загрижувачка состојба. Папата Фрањо е во болница од 14 февруари, беше посетен од официјални лица на Ватикан, се ...

Инфлацијата во САД се зголеми за 3% во јануари, но неколку поддржувачи на претседателот Доналд Трамп во Калифорнија, се уверени дека неговата администрација на крајот ќе ја стави под контрола. „Има причина што некои цени се зголемени, а многу од цените можеби никогаш нема да се вратат. Но, тие нема да продолжат да растат откако ќе ја поправиме економијата“, вели Џеф Мирлис, поддржувач на Трамп. Embed share Американците се надеваат на справување ...

Спомениците на паднатите војници се наредени на главниот плоштад во Макив. Фотографиите ги доловуваат нивните лица во посреќни времиња. Над нив, слоган кој стана една од дефинирачките мантри на оваа војна: „Слава на хероите“. Макив е на повеќе од 600 километри од првите борбени линии. Сепак, неколку места толку сликовито го илустрираат длабокото влијание на оваа војна. Овде, мажи на воена возраст постојат само на фотографии - или во осамените ...

Кога се појавија снимките од Далас, Тексас, на 22 ноември 1963 година, камерите кои ги фатија моментите на атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди покажаа еден човек во акција. „Јас бев единствениот што имав шанса да направам нешто и не можев да сторам ништо. Тоа чувство остана со мене до крајот на животот“, изјави Клинт Хил во интервју за Гласот на Америка во 2011 година. Хил беше агентот на Тајната служба на задниот дел од ...

Повеќето купувачи на куќи ги запознаваат луѓето што живеат во соседството откако ќе се вселат во новиот дом. Но, новата апликација за недвижнини Оизи им овозможува на купувачите да ги научат политичките наклонетости на нивниот потенцијален сосед пред да купат недвижен имот. „Целта на Оизи е да ги демократизира податоците за купувачите во нивното искуство за пребарување куќа“, вели Дариан Кели, ко-основач на „ Оизи“. Оизи - новата апликација за ...

Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаа жестока расправија пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Embed share Жестока расправија меѓу претседателот Трамп и украинскиот претседател Зеленски во Белата куќа Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:01:55 0:00 Direct ...

Кога лекарите користеле вештачка интелигенција за да ги испитаат мамограмите на повеќе од 460.000 Германки, тие откриле еден рак повеќе на секои илјада тестирани жени, според истражувачите. Студијата во списанието Nature Medicine е најголемото истражување досега за употребата на вештачка интелигенција во откривањето на рак на дојка. „Стапката на откривање рак на дојка е подобра и ова е навистина силен доказ. Врз основа на овие докази, треба да ...

„За нас е клучно во Украина, преку разговори, да се дојде до мировно решение“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по денешна средба во Истанбул со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Embed share Ердоган и Мицкоски зборуваа за Украина Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:02:05 0:00 Direct link Биле ...

Ројтерс - Бројот на мигранти фатени како илегално ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико во февруари е на блиску до рекордно месечен минимум, изјави за Ројтерс портпарол на американското Министерство за внатрешна безбедност и два други извори. Граничната патрола на САД уапсила околу 8.500 мигранти на границата во февруари како што се приближува крајот на месецот, изјави портпаролката на ДХС, Триша Меклафлин. Два други извори рекоа дека ...

СКОПЈЕ – Граѓаните ќе може да направат „он-лајн“ проверка на цената на одреден продукт во големите маркети најдоцна до 15 април. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, соопшти дека измените на Законот за заштита на потрошувачите кои во вторникот беа изгласани во Собранието треба да се објават во Службен весник и потоа почнува да тече законскиот рок од 45 дена до имплементација. Правилниците за начинот како ќе се објавуваат цените ќе ...

(Ројтерс) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и ќе потпише важен договор за минерали додека Киев работи на враќање на американската поддршка за борба против руската инвазија. Трамп за зголемената доверба во нацијата: https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/114071877790872450 Договорот за минерали за кој беше преговаран во последните денови ќе го отвори огромното минерално ...

Американските и руските дипломати се сретнаа денес во Истанбул на разговори за операциите на нивните амбасади во Москва и Вашингтон. Состанокот е најнов во серијата ангажмани меѓу двете страни, вклучително и телефонскиот разговор на почетокот на овој месец меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Работата за обновување на односите меѓу САД и Русија беше на дневен ред минатата недела на разговорите меѓу ...

„Моето дете боледува од ретка болест, Алпотров синдром. При добивањето на неговата дијагноза пред 10 години, не беше воопшто лесно да се слушне дека детето ви боледува од ретка болест“, вели Гордана Лолеска, Претседателка на здружението „Ретко е да си редок“. За болеста на синот на Гордана Лолеска од Охрид, ниту на светско ниво се уште нема лек. Вели ако порано ова беше табу тема, а сега отворено и се погласно се говори за проблемите со кои се ...

Бранденбуршката порта - некогаш границата меѓу источен и западен Берлин за време на Студената војна - беше осветлена во сино и жолто, одбележувајќи ја третата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина. Обновената закана од Москва ја формираше позадината на германските избори во неделата – на кои победија десничарските Демохристијани. „Се надевам дека новата влада ќе продолжи да испорачува оружје на Украина, дека ќе работи заедно со ...

Владата уверува дека нејзината актуелна надворешна политика, која опозицијата ја критикува за неодредена и за импровизаторска, не значи оддалечување од Европската Унија за сметка на приближувањето кон новата американска администрација. Шефот на дипломатијата денеска, од собраниската говорница, одговараше пред пратениците како ја гледа меѓународната позиција на Северна Македонија во сложената глобална ситуација и искричењата во трансатланското ...

Ватикан соопшти дека папата Фрањо спиел добро во текот на ноќта и се одмарал во четвртокот во болница во Рим каде се лекува од пневмонија на белите дробови. Ова уследи откако доцна во средата Ватикан пријави „благо подобрување“ на состојбата на 88-годишниот папа. Ватикан не прецизираше дали се смета дека папата се` уште е во критична состојба. Папата Фрањо беше примен во болница на 14 февруари. Престојот во болница е негов најдолг за време на ...

„Мојата визија за Македонија е да стане економски силна и глобално препознатлива земја. Би сакала да видам развој на креативните индустрии, уште поквалитетно образование, уште повеќе истражувања, со силна меѓународна позиција за нашата земја, модерна инфраструктура, која го подобрува животот на граѓаните“. Михаела Ѓорчева, млада и успешна претприемачка од Свети Николе верува дека преку вистинска стратегија Северна Македонија може да биде ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја искористи посетата на Турција за да ја нагласи важноста на украинските сојузници да распоредат војници за да гарантираат каков било мировен договор постигнат со Русија. „Две прашања се многу важни: силна украинска армија и распоредување мировни војници од други армии во Украина од нашите партнери“, рече Зеленски. Зеленски рече дека разговарал за ова прашање со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ...

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе потпишат договор со кој на САД ќе им се даваат значителни права на профитабилните ретки минерали, и Киев ќе го компензира Вашингтон за оружјето испратено во Украина за да се бори против тригодишната руска агресивна војна. Зеленски ќе биде во Белата куќа в петок за да го потпише договорот и да разговара за состојбата на војната, рече Трамп на првиот ...

Британскиот премиер Кир Стармер треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп денес во Белата куќа за да се осврне на тековниот конфликт во Украина и билатералните трговски врски, во услови на царински закани на американскиот лидер кон Европа и барањата континентот помалку да се потпира на Вашингтон за својата безбедност. Пред нивниот состанок, Трамп, кој сака членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од нивниот Бруто ...

Украина нема да биде на дневен ред кога претставниците на САД и Русија ќе се сретнат в четврток во Истанбул на разговори за работата на нивните соодветни дипломатски претставништва, изјави денес портпарол на Стејт департментот. „Да бидам јасен, нема политички или безбедносни прашања на агендата. Украина не е на агендата“, рече портпаролот преку имејл. Делегациите во кои беа вклучени американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83