
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш алармираше за ескалацијата на насилството во сирискиот крајбрежен регион, каде безбедносните сили се во судир од четвртокот со борците лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад, при што загинаа стотици цивили. „Крвопролевањето во Сирија мора веднаш да престане, рече тој, а сторителите на прекршувањата мора да одговараат“, изјави портпаролот на Гутереш Стефан Дујарик за ...
Илјадници демонстранти во Израел овој викенд се собраа пред Министерството за одбрана во Тел Авив. Тие побараа од израелската влада посредник да склучи договор за ослободување на заложниците со Хамас. Во Вашингтон минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација за прв пат одржала директни разговори со Хамас, што е отстапување од долгогодишната политика на САД да не преговара со терористи. „Водиме ...
Претседателот Доналд Трамп ги пречека лидерите на криптовалути во Белата куќа за да разговараат за иднината на дигиталните средства. „Знам дека работевте, некои од вас, многу долго, многу пред луѓето навистина да разберат што се случува. Затоа ви честитам. Ова е голем ден”, рече Трамп. На настанот беше означен драматичен пресврт во политиката на САД кон индустријата за криптовалути, чии главни играчи се пожалија на напорите за регулирање и ...
Ако ние ја зголемиме платата на 1000 евра, тогаш ќе платиме 57,9 отсто за придонеси, што значи дека е дестимулативна мерка за кревање на платата. Така, во разговор за Гласот на Америка, објаснува Менди Ќира, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Во продолжение го пренесуваме разговорот: Embed share Менди Ќира: Минималната плата да се покачи до 500 евра, но придонесите да се намалат Embed share The code has been copied ...
Американските и украинските власти се состанаа во вторникот во Џеда, Саудиска Арабија, на разговори за напорите да се стави крај на руската војна со Украина, при што двете страни рекоа дека Киев поддржува 30-дневен прекин на огнот предложен од САД. Во заедничката изјава објавена по разговорите се вели: „Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за донесување итен, привремен 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со ...
Македонските иселеници во Америка нема каде да се информираат за дипломатските активности на државата во САД оти амбасадата во Вашингтон нема ажурирани веб-страница и социјални медиуми. Тоа ги остава македонските граѓани без директен извор на услуги, настани, па дури и основни детали за амбасадорот. Ако на интернет ја пребарате амбасадата на Северна Македонија излегува линк кој води до Министерството за надворешни работи (МНР), но таму нема ...
Американските и украинските власти денес во Саудиска Арабија започнаа разговори, на кои украинската страна се очекува да претстави делумен план за прекин на огнот со Русија. Украинскиот план вклучува запирање на нападите со ракети со долг дострел и примирје што го покрива Црното Море. Украинскиот претседател Володимир Зеленски не учествуваше на состаноците во вторникот, а Украина беше претставена од началникот на неговиот Генералштаб Андриј ...
СКОПЈЕ – Можни протести или седници на претседателството на отворено пред државни институции во текот на наредниот месец најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) како одговор на притисокот од владејачката ВМРО – ДПМНЕ и како што велат ниските удари од Владата. Од Синдикатот тврдат дека на терен директори во државни институции се користат со притисоци за да го прелеат членството во КСС но и дека Владата тактизира и ја одолговлекува ...
Додека Палестинците се борат да ги обноват своите животи во услови на кревкиот прекин на огнот во Газа, претседателот Доналд Трамп му даде ултиматум на Хамас, терористичка групата назначена од САД: веднаш ослободете ги сите израелски заложници или ќе има, цитираме, „пекол за вас“. Го прашаа што сака да каже со тоа. „Ќе дознаете. Имав чест вчера да поминам многу време со неколку луѓе што ги извлековме, и не ми се верува колку лошо се однесувале ...
ВАШИНГТОН - Државниот секретар Марко Рубио денес рече дека администрацијата на Трамп го завршила шестнеделното чистење на програмите на шестдецениската американска агенција за меѓународен развој УСАИД и рече дека ќе ги премести оние 18 отсто од програмите за помош и развој што сепак ќе се исплатат под Стејт департментот. Рубио ја објави ваквата вест во објава на X. Таа е една од неговите релативно малку јавни коментари за американската странска ...
Како што се појавија вести за одлуката на САД да ја прекинат воената помош за Киев, руските беспилотни летала продолжија да летаат врз украинските градови. Украинските пратеници велат дека последиците од одлуката на Вашингтон ќе бидат тешки. „Ова значи дека илјадници луѓе ќе умрат“, вели Олексиј Гончаренко, украински парламентарец. Западно од Доњецк, Украина, во близина на градот Покровск, војната продолжува. „Пукаме со италијанска хаубица. Но, ...
Гласот на Америка првпат се сретна со рускиот инструктор за нуркање Тамара Таторина пред две години, една недела по руската инвазија на Украина. Потоа, Таторина беше на Малдивите, водејќи група руски туристи и се справуваше со откажаните летови и санкциите што го отсекоа финансискиот систем на Русија од меѓународните плаќања. Денес, повторно е на Малдивите, и се надева дека војната и санкциите наскоро ќе завршат. „За мојот бизнис, сакаме на прво ...
На најголемиот годишен политички собир во Кина, слика на доверба и покрај растечките економски предизвици.вПремиерот Ли Чијанг постави цел за овогодинешниот раст на околу 5% - една од најбрзите во светот. „(Оваа цел) е поддржана од потенцијалот за економски раст и поволни услови“. Но, зад оптимизмот, Кина се соочува со големи предизвици. Долготрајната криза со недвижностите остави пад на цените на куќите и празни згради. И сега, новите ...
ВАШИНГТОН (АП) - Градежните екипи почнаа да го отстрануваат уличниот мурал со зборовите „Црните животи значат“ на улица на еден блок од Белата куќа, додека градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер се бори да ги одврати заканите од претседателот Доналд Трамп и од Конгресот контролиран од републиканците. Баузер укажа на промената на социјалната платформа Х минатата недела, пишувајќи: „Муралот инспирираше милиони луѓе и му помогна на нашиот ...
Недостигот на амфибиски борбени бродови ширум светот достигнал највисока точка, предупредуваат претставници на одбраната за Гласот на Америка. „Ги имам маринците, ги имам ескадрилите, ги имам и баталјоните и батериите... едноставно немам амфибии“, изјави генерал Ерик Смит во ексклузивно интервју за Гласот на Америка. Додека амфибиските борбени бродови сочинуваат само 10% од флотата, тие се алтернатива на носачите на авиони кога на командантите ...
„Политиката на проширување на ЕУ може значително да придонесе за постигнување на нашите безбедносни цели и затоа проширувањето останува во центарот на нашето внимание.“ Ова денеска во Собранието, на заедничка седница на Советот за евроинтеграции и комисијата за надворешни работи, го кажа Мариуш Бримора, амбсадор на Полска, земјата која го презеде претседавањето со Европската Унија во една од најголемите кризи во трансатлантските односи и ...
Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме шест нови договори на повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на Соединетите држави, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски во разговор за Гласот на Америка. Со Мисајловски разговаравме и за евентуалното македонско воено учество во можна мировна мисија во Украина, за македонската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги задржува новите царини за Мексико, Канада и Кина за да ги притисне да го блокираат протокот на смртоносниот опијат фентанил во САД, изјавија во неделата високи економски претставници на Белата куќа. „Ако прекине фентанилот, мислам дека овие [царини] ќе паднат“, изјави секретарот за трговија Хауард Латник за Ен-Би-Си. „Ова е црно-бело. Мора да спасите американски животи“. Трамп минатата недела издаде низа ...
Претставникот на претседателот Доналд Трамп за заложници Адам Болер, изјави дека неговите минатонеделни состаноци со Хамас, означен од САД како терористичка група, за заложниците што ги држи во Газа биле „многу корисни“ и може да доведат до нивно ослободување „во рок од неколку недели“. „Мислам дека има договор со кој ќе се ослободат сите заложници“, рече Болер за Си-Ен-Ен. „Мислам дека има надеж“, рече тој. „Можете да видите нешто како ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес е во Џеда, Саудиска Арабија на разговори меѓу САД и Украина, додека претседателот Доналд Трамп се залага за брз крај на руско-украинската војна, и покрај најновите масовни руски воздушни напади врз енергетската инфраструктура на Украина. Додека е во Џеда, Рубио ќе се сретне и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за да разговара за начините за унапредување на заедничките интереси во ...
Градоначалниците на Чикаго, Денвер, Њујорк и на Бостон одговараа на прашања за нивната политика како „градови засолништа“ за имигрантите на конгресно сослушување во Вашингтон неодамна, предводено од конгресменот од Кентаки Џејмс Комер. „Според федерален закон нелегални криминалци треба да се предадат на службите за имиграција и царина на САД. Слушаме извештаи, а многумина од вас јавно кажаа дека ќе го попречувате тоа. Тоа е спротивно на законот ...
Ова е Мариупол. Пред три години, градот со половина милион жители беше опустошен од руските сили и сè уште е под руска окупација. Јевген Тузов живеел во Мариупол пред војната, каде што бил спортист и позната јавна личност во приморскиот град. „Мариупол порано беше прекрасен град, сега останаа само урнатини од него“, вели Тузов. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека неговата влада не се откажала од Мариупол. Во своето новогодишно ...
На 235 метри во ова рударско окно, многу работнички жени во Украина работат на нови пробивања. Олена е заедно со рударите. Таа со лифт ги спушта и крева нив но, и товарот. „Прочитав оглас во кој пишуваше дека се потребни работници и веднаш се пријавив“, вели Олена, која работи тука една и пол година. „За да се расположам себеси и другите рудари, ги нацртав овие смешни цртежи. Кога уморните рудари се враќаат дома од смена, ги гледаат и сите ...
Бројот на работоспособни жени во македонското општество е поголем од мажите, но кога станува збор за работни активности, наоѓање работа, активен ангажман, предноста ја добиваат мажите. Тоа го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, за четвртото тримесечје од 2024 година. Бараме вредносен систем што ги почитува жените, што им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството Андреа Угриноска, Организација ...
СКОПЈЕ – Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки. Кај некои производи бруто профитната маржа одела и до 70 проценти. Директорот на пазарната инспекција Влатко Стојкоски денес ги презентираше резултатите од двонеделните проверки на терен во кои ...
Живеење без страв и работа на она што го сакате - е како што Мирна Ајшоа, ирачка научничка и музичарка во слободно време, го опишува својот живот во Америка. „Ситуацијата за жените во Ирак е значително поинаква отколку во Соединетите држави“, вели Ајшоа. Embed share Осми Март: Ден за општеството да ги разбере достигнувањата на жените Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media ...
ВАШИНГТОН, 7 март (Ројтерс) - Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека сака да преговара за нуклеарен договор со Иран и испрати писмо до неговото раководство во кое се надева дека Исламската Република, главниот непријател на долгогодишниот сојузник на САД, Израел, ќе се согласи да разговара. „Реков дека се надевам дека ќе преговарате, бидејќи ќе биде многу подобро за Иран“, рече Трамп во интервјуто за Fox Business Network емитувано во ...
ВАШИНГТОН (АП) - Американските работодавци додадоа солидни 151.000 работни места минатиот месец, и покрај наводите на претседателот Трамп за најави од трговски војни, намалување федералната работна сила и ветувањата за депортирање милиони имигранти. Одделот за труд во петокот објави дека вработувањата се зголемиле од ревидираните 125.000 во јануари. Економистите очекуваа 160.000 нови работни места минатиот месец. Стапката на невработеност малку ...
Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки. Тоа денеска на пресконференција во Скопје го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојковски. Во Пазарната инспекција, како што истакна Стојкоски, се работат уште 30 предмети за да ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес ги критикуваше САД за воведувањето царини за кинески увоз и вети дека „одлучно ќе возвратат“ доколку Вашингтон продолжи да го зголемува притисокот врз Пекинг. Говорејќи за локални и странски медиуми за време на годишниот состанок на кинескиот Парламент во петокот, Ванг ја доведе во прашање ефикасноста на царините на американската влада против Кина и го повика Вашингтон да избегне конфликти и ...