
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



– Во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше новиот царински договор меѓу Европската Унија и САД, нарекувајќи го „ужасен економски договор“ и „економски автогол“ за Европа. – Не е само тоа што направивме лош договор, бидејќи сите европски стоки што се извезуваат во САД ќе бидат оданочени со царина од 15 проценти, додека американските стоки што доаѓаат во Европа нема да подлежат на царини. Исто така, се обврзавме да исполниме услови што ...
Царината во јули собрала 12 милијарди денари што е нејзин историски рекорд. – По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец јули 2024, наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 проценти раст или 10,5 милиони евра повеќе од рекордната наплата што ја остваривме тогаш. Тоа значи само ...
Девет фирми влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот Букојчани – Кичево на Коридорт 8, во должина од 11,5 километри, откако заврши претквалификациската фаза согласно тедерот на Јавното претпријатие за државни патишта. Претквалификуваните фирми денеска добија покана да достават финансиски понуди до 30 септември годинава. ЈПДП најавува дека со средства обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, наскоро ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Ѓорче Петров, активностите се одвиваа во населбата Дексион, на последната постројка на автобусот број пет, каде што се подигнати приближно 60 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. Во општината Бутел е интервенирано на улицата „Боца Иванова“, на влезот во градските гробишта, ...
Франција денес започна со воздушен транспорт на 40 тони хуманитарна помош во Појасот Газа, апелирајќи до Израел да дозволи целосен пристап до областа, која, според неа, тоне во состојба на глад. „Соочени со апсолутна итност, штотуку извршивме воздушен транспорт на храна во Газа. Им се заблагодарувам на нашите партнери од Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Германија за нивната поддршка, како и на нашите воени единици за нивната посветеност“, ...
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна за ...
Расположението кај Новак Ѓоковиќ секогаш е на високо ниво, се навикнавме на неговиот шеговит манир и добра енергија, а сега на социјалните мрежи сподели видео како пее и танцува на еден од култните светски хитови „Uptown funk“ @djokernole Brunovak Djokovic 😆 #summermode #dance #tennis ♬ original sound – Novak Djokovic Сето ова кажува дека тој се забавува исклучително добро ова лето, па се очекува да биде на највисоко можно ниво во САД. Долго ...
Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и ...
Милорад Додик, претседателот на ентитетот Република Српска, ја коментираше конечната пресуда што беше објавена денес, со која се потврдува првостепената пресуда. Тој уште еднаш го негираше Судот и Обвинителството на БиХ, истите институции во кои неодамна се појави и даде исказ, а претходно присуствуваше на рочиштата во овој процес за кој беше осуден. Тој повторно го поврза процесот против него со Република Српска. Тој рече дека останува ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се ...
Во Старата скопска чаршија во Даут пашин амам, вчеравечер, се одржа ноќно снимање за филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“. Режисерот Манчевски изрази задоволство од снимањето на овој филм, кој две ипол години беше забранет од Агенцијата за филм од тогашното раководство. -Една мала победа во борбата против филмската мафија, против местење на конкурси, корупција, крадење на државни пари. Имаме ...
Газа со недели и месеци наназад е сцена на брутални борби меѓу Хамас и израелската армија. Иако Израелците пред една година ги предупредија жителите на Газа итно да се преселат во други области бидејќи ќе следат жестоки напади врз градот, многумина немаа каде да одат и за жал некои од нив беа убиени. Светот е секојдневно уништен од слики и видеа, снимки од Газа каде што немаат што да пијат и јадат и не знаат дали ќе го преживеат тој ден. Бидејќи ...
Германија денеска соопшти дека ќе испорача два ракетни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, по договорот со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ја добие најновата верзија на системот за возврат. Благодарение на обврската на САД, „Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот „Патриот“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Бундесверот наскоро ќе ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го губи трпението со рускиот претседател Владимир Путин во врска со завршувањето на војната во Украина. „Она што најмногу го мачи претседателот се овие одлични телефонски разговори каде што сите велат, знаете, би сакале да завршиме со ова и да најдеме начин да продолжиме напред. Потоа тој ги вклучува вестите и гледа како уште еден ...
Во име на сите мајки, татковци и семејства кои ги загубија своите најмили во трагедијата во Кабарето „Пулс“ на 16 март, сакаме да ве известиме дека оваа сабота, 2 август 2025, нема да го одржиме редовниот „Марш за ангелите“, информираат организаторите. Причината, додаваат, е државниот празник 2 Август – Илинден, ден кој го слави духот на борбата за слобода и достоинство. Веруваме дека овој ден заслужува тишина и почит, но и потсетување дека ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка ...
Времето денеска е сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура е во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
„Транспаренси Интернешнл-Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро-Матно“ за месец јули 2025 година, во кој се евидентирани повеќе случаи на коруптивни дејствија, злоупотреби на службена положба и сериозни системски слабости во институциите. Во делот „Матни настани“, извештајот се осврна на случајот против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, против која е поднесено ...
Десет лица ќе се стекнат со дозвола од областа на летечките операции со обука кофинансирана од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Уверенијата на 10-те кандидати за пилоти денеска им ги врачија вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на АЦВ Драги Стојаноски. АЦВ на 1 јули објави јавен повик за кофинансирање до 50 проценти на обуки за 27 лица, по што следуваше тестирање на кандидатите. ...
ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека новововедените американски царини за македонски производи, кои моментално изнесуваат 15 отсто, ќе бидат дополнително намалени по продолжувањето на преговорите во втората половина на август. – Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, ...
Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. По објавувањето на пресудата, Додик најави дека ќе се обрати на јавноста во Палатата на РС во 13 часот. Откако адвокатот на одбраната на Милорад Додик објави дека првостепената пресуда против Додик е потврдена со одлука на ...
– Сакав да се преиспитам во каква кондиција сум и дали ќе можам да издржам рамо до рамо со младите коњаници. Јас сум човек авантурист и зависник од адреналин. Ова ми е како еден вид терапија. Жал ми е што прв пат сум дел од ова случување, бидејќи претходно обврските не ми го дозволуваа тоа – раскажува Симон Велковски, возбуден што е дел од колоната со коњи што ќе го исцрта патот до илинденско Крушево. Тој вели дека е патриот во душа и воедно, ...
Во Србија е во тек голема операција во која се уапсени 14 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Томислав Момировиќ. Акцијата е по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал и СБПОК во случајот со уривање на настрешница во Нови Сад, јавуваат медиумите. Според извештаите на медиумите, уапсени се неколку лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во времето на ...
Грчките власти со полн интензитет ја продолжуваат истрагата за да го идентификуваат малото девојче кое беше пронајдено мртво на плажата Едем, во областа Палео Фалиро во Атина, пред неколку дена. Како што беше потврдено денес, мистериозната Алжирка, која беше снимена на безбедносните камери во придружба на децата и гореспоменатата количка, е во рацете на грчката полиција. Според извори во истрагата, жената не зборува грчки, но се очекува ...
Лука Дончиќ објасни дека неговата трансформација по сезоната не била за да им докаже на луѓето дека грешат, туку за да го направи следниот чекор во кариерата. „Мислам дека бев добар кошаркар и претходно, без разлика што велат луѓето. Мислам дека тоа беше следниот чекор во мојата кариера. На крајот на денот, имам 26 години и имам долг пат пред себе“, рече Дончиќ, осврнувајќи се на критиките за неговиот физички изглед. По завршувањето на НБА ...
Земјите кои не преговарале за трговски договор или не добиле писмо за царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе добијат одговор од САД за условите за трговија до крајот на денот, објави денес Белата куќа. „Трговскиот тим работи деноноќно за да се обиде да биде во кореспонденција со што е можно повеќе земји, но доколку сè уште не добиле одговор од нас, ќе добијат одговор во форма на писмо или извршна наредба до ...
Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, односно за 13 месеци, 65 пратеници добиле надомест за патни трошоци во вкупна вредност од 18,6 милиони денари, односно околу 303.320 евра, според истражувањето на Радио слободна Евроап. Највисоката исплатена сума на еден пратеник достигнува околу 13.200 евра, што е во просек по 1.000 евра месечно. Според податоците што ги добиле од „Радио Слободна Европа“ преку Законот за слободен ...
Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија. Министерот за внатрешни ...