
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Задушувачкиот топлотен бран ги остави запрепастени мештаните во југоисточна Турција, кои бараат државна помош за да ги платат сметките за климатизација откако температурите се искачија над 50 степени Целзиусови. „Не можеме да се справиме со топлината“, изјави 59-годишниот производител на сладолед Реџеп Есијок за агенцијата Франс Прес во Силопи, каде што метеоролозите минатиот петок измерија 50,5 степени Целзиусови – национален рекорд. „Живеам во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени денеска дека руските акции во Украина се „одвратни“ и дека планира да воведе санкции врз Москва доколку не се постигне договор за прекин на огнот, објави Ројтерс. Во разговор со новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека не е сигурен дали санкциите ќе ја одвратат Русија. Тој му даде рок на рускиот претседател Владимир Путин до 8 август да постигне договор за прекин на огнот со Украина, ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Поради изведување на градежни активности ...
Словенија вчера воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, објави државната новинска агенција СТА, повикувајќи се на соопштение на владата. Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по владина седница. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презема таков чекор, објави СТА. Откако Словенија ги прогласи израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир за персона нон грата пред две недели, владата усвои нови ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји, потег за кој Белата куќа вели дека ќе ја помести глобалната трговија во корист на американските работници. Станува збор за царини за стоки извезени на американскиот пазар, кои, според актуелните најави од американската администрација, ќе стапат на сила само за неколку дена. Царините се движат од 10 до 41 процент. Македонија ќе ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчеравечер ги посетија полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот и од моторното одделение, во населбата Илинден, кои спроведуваат контроли во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај“. Како што соопшти МВР, акцентот на вечерашните засилени контроли бил ставен на правилното управување со мотори ...
Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година. Комисијата ги разгледа сите четири пристигнати проекти на ...
Студија на Харвард покажа дека нивото на кофеин што го консумирате во текот на денот е показател за здравјето и долговечноста кај жените. Нова студија на речиси 50.000 жени над 30 години додава тежина на децениските истражувања за здравствените придобивки од кафето. Познато е дека редовната консумација на кафе има позитивен ефект врз здравјето на срцето и долговечноста, а сега ова знаење е дополнително продлабочено. Д-р Сара Махдави, истражувач ...
Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, одобрила план за дискредитација на нејзиниот противник Доналд Трамп за време на изборната кампања во 2016 година со разгорување на скандалот за наводна соработка со Русија, според декласифициран анекс на извештајот на специјалниот советник Џон Дарам, објавен од ЦИА и Министерството за правда на САД. -Клинтон одобрила план за дискредитација на (сегашниот американски лидер) Доналд Трамп ...
Лесна, здрава и неверојатно вкусна – оваа супа е вистински доказ дека најдобрите јадења често се прават од наједноставните состојки. Летото е синоним за лесна и свежа храна што не оптоварува, а тиквичките и младите компири се вистинските ѕвезди на сезонската кујна. Нивната блага, но препознатлива арома ги прави идеална основа за бројни јадења, но ретко нивната едноставност доаѓа до израз како во обилна и хранлива супа. Избор на состојки како ...
Претседателот Доналд Трамп воведе царини за повеќето од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави. Остатокот од светот останува во неизвесност. Официјален претставник на Белата куќа потврди дека Трамп планира денес да потпише нови извршни наредби со кои се воведуваат повисоки царини за неколку земји кои не успеаја да постигнат договорени трговски договори до неговиот самонаметнат рок утре. Тоа би можело да ги вклучи некои ...
Случајот со починатото девојче на возраст меѓу две и четири години, кое чие тело беше пронајдено на плажата во Палео Фалиро во близина на Атина, останува мистерија иако се појавија првите траги, а полициската истрага сè повеќе укажува на можноста за убиство. Полицијата пронашла клучни траги со пребарување на CCTV камерите околу плажата, а нивното внимание го привлекле две видеа. Едното прикажува жена со три деца, две момчиња и едно девојче во ...
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо беше фатен на концерт на американската пејачка Кети Пери само неколку дена откако беа фотографирани како вечераат заедно. Различни објави што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Џастин Трудо како го гледа концертот на Кети Пери на 30 јули во Монтреал, а покрај него е неговата 16-годишна ќерка Ела Грејс. Поранешниот канадски премиер изгледаше апсолутно хипнотизиран во неколку наврати додека ја ...
Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се сретнаа со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани во Москва во понеделник, објави Ројтерс. Путин ги прими Шаибани и сириската делегација во Кремљ, објави новинската агенција САНА, без да даде детали за состанокот. Лавров рече дека Москва би сакала новиот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, да присуствува на самитот на Русија и ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот вети дека ќе го засили притисокот врз израелската влада во наредните денови за да се спречи хуманитарна катастрофа во Газа. За време на заедничката прес-конференција со претседателот на Габон, Брајс Клотер, Олигуи Нгуема, Ердоган ги поздрави чекорите преземени од европските земји за признавање на палестинска држава, нарекувајќи ги многу вредни. „Никој не може да молчи пред лицето на ...
По големата сензација што ја приреди Шкендија во фудбалска Европа, и пласманот во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, веднаш почнаа споредбите за тоа кој колку вреди. За споредба, капитенот на ФЦСБ, Дариус Олару, вреди 7,5 милиони евра, два повеќе од целиот тим на Шкендија. Најскапиот играч на Шкендија вреди 600.000 евра. Станува збор за албанскиот стопер Клисман Цаке. Оваа сензација го налути и претседателот на ФЦСБ, Џиџи Бекали, ...
Чуваркуќата е позната по своите месести листови исполнети со лековит сок, кој се користи за смирување на рани, изгореници, убоди од инсекти и инфекции на ушите. Ова отпорно растение е дел од народната медицина со векови, ценето поради неговите антиинфламаторни и смирувачки ефекти. Народните традиции и искуствата на генерациите поврзуваат одредени растенија со здравје, среќа и заштита на домот. Меѓу нив, растение кое особено се издвојува и се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака договор за завршување на војната меѓу Русија и Украина до 8 август, изјавија САД денес пред Советот за безбедност на Обединетите нации. „И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. Соединетите Американски Држави се подготвени да ...
Португалската влада од десниот центар ќе се консултира со главните политички партии и конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуза, за евентуалното признавање на палестинска држава, изјави во понеделник премиерот Луис Монтенегро. За разлика од соседна Шпанија, каде што левичарската влада, заедно со Ирска и Норвешка, ја призна палестинската државност во мај 2024 година и ги повика другите земји-членки на Европската унија да го сторат ...
Со одлука на Окружниот суд во Сисак, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно ослободен, а одлуката е донесена на денешната седница на советот, јави Н1 Хрватска. Поради неколку кривични дела, Санадер е осуден на единствена казна од 18 години затвор, а додека ја издржувал казната ги користел бенефициите пропишани со Законот за извршување на затворски казни. Денеска се одржа рочиште на кое беше одлучено дека Санадер ги исполнува условите ...
Тадеус Даниел Пирс е роден на 26 јули во американската држава Охајо, а она што го прави посебен е фактот што потекнува од ембрион замрзнат пред повеќе од триесет години – уште во 1994 година, пред неговите сегашни родители, Линдзи и Тим Пирс, дури и да започнат основно училиште. „Немавме за цел да собориме никакви рекорди. Само сакавме да имаме бебе“, изјави Линдзи за MIT Technology Review, додавајќи дека Тадеус сега има „30-годишна сестра“. ...
Сите сакаме долг, здрав живот, а новото истражување потврдува дека никогаш не е предоцна да се започне со работа на тоа. Научниците откриле дека усвојувањето одредени здрави навики може да ви го продолжи животниот век до шест години, дури и ако ги започнете во средна возраст или постара. За студијата, истражувачите следеле 49.021 јапонски мажи и жени на возраст од 40 до 80 години во текот на две децении за да анализираат како промените во ...
Ерупција на вулкан, оштетени пристаништа и тишина од Москва – ден по силниот земјотрес што го погоди Далечниот Исток на Русија, расте неизвесноста околу безбедноста на клучната воена инфраструктура во Камчатка. Во раните часови на среда, 30 јули, катастрофален земјотрес со јачина од 8,8 степени го погоди брегот на полуостровот Камчатка. Земјотресот предизвика цунами бранови низ Тихиот Океан, но најзагрижувачкиот факт е дека епицентарот бил само ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да потпише закон за враќање на независноста на две клучни антикорупциски институции во Украина. „Потпишувањето на законот за враќање на независноста на NABU и SAP е добредојден чекор. Реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Украина треба да продолжат“, напиша Фон дер Лајен на ...
Популарниот македонски пејач Гоце Пејковски сосема го смени имиџот, па по еден настап од многуте летово, сподели во кусо „стори“ заедничка летна фотографија со својата популарна и омилена колешка, Елена Велевска. Гоце веќе нема опавче и долга коса, сега е кратко потстрижан, па многумина што го имаат видено, велат дека изгледа попристојно. – Редно беше да си ја потстрижам косата, особено откако фатија горештините. Кратката коса е спас на овие ...
Скапоцените камења од Пиправа, опишани од археолозите како едно од најневеројатните откритија на модерното време, требаше да завршат на аукција во Хонг Конг во мај, пишува Би-Би-Си. Таа продажба беше откажана по дипломатска интервенција и закана со тужба од Делхи, и на крајот завршија во рацете на конгломератот „Годреј индустрис груп“ со седиште во Мумбаи. „Сотбис“ изјави дека е „задоволен што ги враќа скапоцените камења“ во Индија по два месеци ...
Десет нови милионери и 64 добивки над 100.000 евра – тоа е полугодишниот резултат на Баварското лото. Вкупно се исплатени повеќе од 300 милиони евра добивки, објави Државната администрација за лотарија и казина. Само во главните форми на лотаријата уплатени се повеќе од 64 милиони билети. Најголемата добивка му припадна на играч од Горна Баварија: добитниот билет за Евроџекпот вредеше околу 40,7 милиони евра. Секој што анонимно учествува во ...
Во ова место на северозападниот брег на полуостровот Луштица нема адреналински спортови и метеж како во другите црногорски туристички места, нема журки со познати диџеи, нема забави со пена, нема клубови во кои гостуваат познати музички ѕвезди, а нема ниту лежалки и чадори за сонце набиени едни до други. Нема дури ни продавница. Во Росе, телото и душата одмораат, активни се само сетилата. Таму се исполнуваат соништата на оние кои сакаат да ...
Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус. -Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош, се вели во првичната информација од СВР Тетово. Јавен ...
САД мора да ја надокнадат штетата предизвикана на Иран за време на минатомесечната војна, објави „Фајненшл тајмс“, цитирајќи го министерот за надворешни работи на Иран, откако Техеран зазеде построг став и постави нови услови за продолжување на нуклеарните разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие треба да објаснат зошто нè нападнаа во средината на преговорите и мора да се осигура дека нема да го сторат тоа ...