Вкупно 17 случаи на вирусот западен нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно со податоците на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи – благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен ...

Дали поради намалувањето на температурите и дождот што заврна, како и помошта што ја добивме од Словенија и од Чешка, од ЦУК информираа дека денескао до пладне имало пет пожари на отворен простор, од кои бил активен еден, додека четири биле изгаснати. Сè уште не е изгаснат пожарот на планината Готен во делот кон Малешевските Планини, каде што горат нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор. – Поради чадот и маглата ...

САД и ЕУ постигнаа трговски договор, кој предвидува царините да изнесуваат 15 наместо претходните 30 проценти. Како дел од договорот, ЕУ се обврза на дополнителни инвестиции во САД, во износ од 600 милијарди долари и на купување енергија во вредност од 750 милијарди долари. Поради тоа, поголем дел од економските експерти веднаш излегоа со ставот дека и покрај намалената царина, овој договор не е добар за ЕУ, бидејќи е условена. Но, се поставува ...

Во јуни е остварен годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,32 п.п., при што таа изнесува 2,20 %. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03 %, објави Народната банка. Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 5,03 %. Просечната каматна стапка на вкупните ...

Во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и на Министерството за внатрешни работи, денеска, во раните утрински часови, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Од Општина Центар информираат дека акцијата била спроведена по теренска процена и по пријава од центарци, кои изразиле загриженост за безбедноста и за изгледот на просторот. Оттаму додаваат дека ...

По цели 30 години, првпат се спроведува поголема реконструкција на главниот објект на градинката „Бубамара“ во Ново Лисиче. – Покрај молерисувањето и другите тековни активности, во дел од просториите беше извршена целосна санација на ѕидовите, беше заменет подот, а се поставува и нов, современ мебел за безбеден престој на најмалите – соопштија од Општина Аеродром. Исто така, се спроведуваат и активности за тековно уредување на градинката ...

Општина Карпош ќе го решава деценискиот проблем со фекалната канализација во Нерези. Како што објаснуваат од Општината, во делови од населбата Нерези, граѓаните подолго време се соочуваат со голем проблем, а тоа е фекалната канализација, која е изградена на диво, пред повеќе децении. Поради тоа, често се затнува и притоа се шири неподнослив мирис, особено во летниот период. Оттаму велат дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не ...

Голем светски бренд, од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“, најави премиерот Христијан Мицкоски. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, изјави премиерот на седницата за пратенички прашања. -Се работи за голем бренд кој е во првите три во светот во својата индустрија и ќе користи електрична ...

Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и на финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Вака, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7,5 милиони швајцарски ...

Тоа што не им успеа на Тодор Живков и на плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Премиерот даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при ...

Јаглеродните пасоши би ограничиле колку ќе може да лета еден патник секоја година за да се помогне во намалувањето на ефектите од климатските промени, кои веќе ги чувствуваме преку екстремно високата температура и огромниот број пожари кои во моментов беснеат во јужна Европа. Идејата за јаглероден пасош се фокусира на тоа на секој патник да му се додели годишен јаглероден кредит што не смее да го надмине. Европските земји притиснати од строгите ...

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август, за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши по неделниот брифинг со новинарите. Во меѓувреме, собраниската Комисија за избори и именување донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на Татјана ...

Виктор Осимен ќе продолжи да го предводи нападот на Галатасарај и следната сезона. Затоа навивачите на овој клуб беа воодушевени и му приредија незаборавно добредојде на Нигериецот. Галатасарај успеа да го откупи договорот на Осимен од Наполи за 75 милиони евра, што е можеби најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал. Осимен беше пречекан од околу 20.000 навивачи. Стрелецот на 37 гола на 41 натпревар заработува плата од 18.000.000 ...

„За фестивалот го одбравме Дојран затоа што го има потенцијалот да биде средиште кое ќе ги обедини и претстави културните и туристичките потенцијали на цела југоисточна Македонија. Тоа е приказната која почнува од Дојран, а потоа како камче убавина фрлено во езерото во бескрајни сферични кругови ќе се шири на сите страни“, вели во разговорот за весникот ВЕЧЕР директорот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, што од 7 до 12 август ќе се одржи во ...

Авион итно слета на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол откако 25 лица беа повредени поради „силна турбуленција“, јавуваат светските медиуми. Летот 56 за Амстердам полета од аеродромот Солт Лејк Сити во 16:30 часот по локално време во средата. Летот требало да трае девет часа, но авионот бил пренасочен кон Минеаполис поради турбуленција. Медицински персонал го пречекал Ербасот А330-900 за да ги „проценат патниците и екипажот“ кои ...

„Илинден, Илинден, ти си наш Велигден. За тебе пееме и се гордееме.“ Така се пее во химната „Илинден“ на познатиот музички деец Јосиф Чешмеџиев (Скопје, 1890 – Софија, 1964). Така пее и македонскиот народ за празникот Илинден, празник за возбуда и сеќавање на херојските времиња. Ако некогаш празникот бил поврзуван со големиот пророк од Стариот завет, светиот пророк Илија, кој со преземањето на функциите од врховното словенско божество Перун ...

Силни грмотевици ја погодија северна Грција, предизвикувајќи поплави и хаос на патиштата во Солун. Дожд и можен град се прогнозираат за Атина попладнево, што означува крај на долготрајниот топлотен бран. Драматична промена на времето предизвика хаос во Солун денеска, бидејќи силни бури ги поплавија улиците и го нарушија секојдневниот живот во вториот по големина град во Грција. Обилните дождови ги претворија главните патишта во реки, а локалните ...

Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, за кој се води истрага во која и тој е опфатен. – Не ...

Вчера во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија затоа што при гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по ...

Во црквата „Света Софија“ во Охрид настапи ансамблот „Загрепски солисти“, кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите, кои, пак, го наградија со стоечки овации. Вчерашниот концерт во рамките на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Целите седум децении успешна работа на ансамблот во голема мера се должат на огромниот влог на бројните талентирани ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му испрати остра порака на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, нарекувајќи го „неуспешен претседател“ и предупредувајќи го да „внимава што зборува“. „Русија и САД речиси и да немаат никаква трговска размена. Нека остане така. Кажете му на Медведев, неуспешниот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава на зборовите. Тој влегува во ...

Украинската војска денес го негираше тврдењето на Москва дека руските сили го освоиле градот Часив Јар во регионот Донецк, кој е едно од главните жаришта на конфликтот на источниот фронт. „Ситуацијата во Часив Јар остана иста како и во последните месеци. Русија едноставно повторно лаже, за да може ова тврдење да циркулира и да предизвика негирања“, изјави Виктор Трегубов, портпарол на украинската група сили „Хортика“, пренесува Киев Индепендент. ...

Лажен апел за собирање пари за наводно болно дете кружи на „Фејсбук“. Станува збор за наводно тешко болно дете Даниел кое има седум години. Во лажната објава пишува дека детето боледува од тумор на мозокот. За ова предупреди и докторот Ненад Лазаров кој ги повика надлежните да реагираат. „Апелираме до сите вас да не наседнувате на вакви измами! Апелирам до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme да реагира веднаш, ...

Министерството за транспорт и врски утре ќе објави Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево – Букојчани. Останува да се почне да се гради уште оваа делница (покрај автопатите во иградба Тетово – Гостивар, Гостивар –Букојчани и Кичево – Охрид) за комплетно автопатско решение од Скопје до Охрид. – На автопатот Кичево – Охрид се работи интензивно. На автопатот не се работело добри 7,5-8 години. Во последните девет месеци ја скениравме ...

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Ова се петте нови авиолинии што ќе ги воведе авиокомпанијата „Визер“ со кој министерот за транспорт и врски, Александар Николоски го потпиша договорот. – Потпишавме договор за пет нови дестинации до кои ќе се лета од скопскиот аеродром и кои ќе значат повеќе туристи и бизнис, но и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од ноември почнува ...

Владата обезбеди од државниот буџет 42,3 милиони денари во новата Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици. Средствата се наменети за директна финансиска поддршка за домаќинства што живеат во енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и оние што користат гарантирана минимална помош. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ...

Хрватска ги отвора вратите за деца од Појасот Газа, објави во четврток Министерството за надворешни и европски работи (МВЕП), со акцент на „психосоцијална помош и едукација за опасностите од експлозивни направи“. „Република Хрватска ќе ги отвори своите врати за децата од Газа на ист начин како што ги отвори за децата од Украина, фокусирајќи се на психосоцијална помош и едукација за опасностите од експлозивни направи“, објави во четврток ...

Телото на малото девојче го пронашол минувач на плажа, а досега никој не го пријавил исчезнувањето на детето. Полицијата сега се сомнева дека станува збор за убиство. Девојчето е пронајдена на популарна туристичка плажа во Палео Фалиро, во близина на Атина. Детето, за кое се проценува дека е на возраст меѓу две и три години, било пронајдено од маж со египетско потекло во раните утрински часови во недела. Шокиран од сцената, тој веднаш повикал ...

На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, велат од ЦУК, од кои три се уште се активни, еден е под контрола, а 24 се изгаснати. 1. Општина Василево, Радовиш и Берово • с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини • Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација 2. Општина Прилеп • с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола) • Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак ...

Канада планира да ја признае Палестина во Обединетите нации (ОН) во септември, објави канадскиот премиер Марк Карни. Израел остро ја осуди промената на политиката на Канада. „Канада има намера да ја признае државата Палестина на 80-тата сесија на Генералното собрание на ОН во септември 2025 година“, рече Карни на прес-конференција во Отава, истакнувајќи дека „нивото на човечко страдање во Појасот Газа е неподносливо“. Одлуката на Канада беше под ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1019
weather icon

Белград

13ᴼ / 8ᴼ
2.68
73%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.6
52%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
95%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.12
42%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
59%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.13
65%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
68%
1016
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

65.3624

Currency

7.32285

Currency

0.65608

Currency

0.35603

Currency

0.52523

Currency

1.28138

Currency

0.60103