Екстремен топлотен бран продолжува да ја погодува централна и источна Европа, при што неколку земји уриваат температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа енергетски проблеми и го зголемија ризикот од шумски пожари, објавува Гардијан. Словачка, Австрија и Унгарија регистрираа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека вчера во Долне Плахтинце биле измерени рекордни 42 степени Целзиусови. ...

Европските берзи ја завршуваат неделата во плус, поддржани од силните корпоративни резултати и растот на технолошките и фармацевтските компании, додека инвеститорите го очекуваат клучниот извештај за вработеноста во САД. Паневропскиот STOXX 600 денеска порасна за околу 0,2 проценти, а на неделно ниво добивката достигна 1,6 проценти. Индексот претходно во текот на неделата достигна и нови рекордни нивоа. Оптимизмот во Европа во голем дел го ...