Европската Унија сè поинтензивно работи на развој на сопствена платежна инфраструктура и на намалување на зависноста од странски платежни системи. Во центарот на овие напори е дигиталното евро, кое треба да ги надополнува готовината и постојните банкарски услуги, а не да ги замени. Во моментов се води завршната фаза од разговорите меѓу Европскиот парламент и земјите членки за начинот на функционирање на дигиталното евро. Планирано е ...

Инфлацијата во Македонија изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, што е под просекот во Европската Унија од 2,93 проценти. Цените на мало, според податоците што ги презентираше премиерот Христијан Мицкоски, се зголемени за 1,8 проценти. Мицкоски направи споредба со 2022 година, кога се соочуваше земјата со двоцифрена инфлација, која во јули достигна 14,7 проценти. – Денес, во Македонија, практично инфлацијата, односно на годишно ниво, цените ...

Пелагониските земјоделци, производители на жито, се незадоволни од откупната цена на пченицата, која годинава се движи меѓу 9,5 и 10 денари за килограм. Тие бараат државата, преку Интервентниот фонд, да исплати дополнителни 5 денари од килограм, оценувајќи дека актуелната цена не ги покрива производствените трошоци. Тие бараат и итна исплата на субвенциите за реколтата 2024 година – за предадена пченица, по површина и за семенски материјал, ...

Град Скопје информираше дека по триесет години чекање и бројни најави, почнало асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза. Притоа, оттаму соопштија дека по решавањето на долгогодишните имотноправни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Додаваат дека во рамките на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што ...

Во вторник, на подрачјето на град Скопје, ќе се изврши прскање против ларви од комарци од земја. Од Град Скопје информираат дека доколку не се поволни временските услови, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе биде времето подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ИЗДВОЕНИ Имаме евтино жито, а скап леб – пченицата падна од 20 на 10, а лебот се качи од 25 на 35 денари ...

Ученикот Томи Јакимовски од ООУ „Лазо Ангеловски“, под менторство на наставникот Бошко Кентер, го освои првото место на државното првенство во тенис, во рамките на спортските игри за млади „Плазма“. Во финалето, со победа од 2:0 во сетови, тој го потврди својот квалитет и заслужено го освои шампионскиот трофеј, обезбедувајќи пласман на меѓународниот турнир во Хрватска. Денеска, Томи и неговиот ментор заминуваат за Сплит, каде што ќе имаат ...

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Природонаучниот музеј, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во ...

Кога зборуваме за развојот на здравството во Гевгелија, има повеќе интересни приказни. Меѓу посебните е приказната за првата завршена акушерка во Гевгелија, Софија Ампова. Во историјата на секој град постојат луѓе што, можеби, не оставиле големи споменици зад себе, но оставиле нешто многу повредно: спомен во срцата на своите сограѓани. Една од тие личности во Гевгелија била Софија Ампова, првата медицинска сестра акушерка, која со децении ѝ ...

Н: Мониторинг на желките во Љубојно – Долно Дупени Македонското еколошко друштво (МЕД) на 26 август (среда), во Љубојно – Долно Дупени, во 8:00 часот ќе организира теренската посета за мониторинг на желките, во рамките на јавната манифестација „Мојот дел од природата“, во соработка со Општина Ресен и со Националниот парк „Галичица“. Во рамките на теренската посета за мониторинг на желките, ќе може да се добијат одговорите на тоа како, ...

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот ...

Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкцијата на регионалниот пат Р1105, на делницата Удово – Јосифово. Како што информираат општинските власти, градежната механизација интензивно работи на еден од најоштетените делови од оваа значајна сообраќајница. – Со завршувањето на работите, оваа делница добива значително подобри услови за одвивање на сообраќајот, со што се зголемува безбедноста за возачите, пешаците и на ...

Во оваа колумна ќе изнесам дел од мудрите поуки на верскиот и политички лидер на тибетскиот народ, Далај Лама. Етичкото учење на Далај Лама е насочено кон индивидуалните аспекти на среќата и кон начелата што придонесуваат за напредок на заедницата. Тој предупредува дека најголемата опасност за глобалниот мир произлегува од политичките лидери и од економските моќници, кои имаат ниска свест за општото добро. Неговата препорака е да бидеме ...

Со проекцијата на филмот „Татковина“ (Fatherland), во режија на Павел Павликовски, во петокот, во Народниот театар во Сараево беше отворено 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, кое ќе трае до 21 август. На црвениот килим, покрај бројните гости, меѓу кои мексиканскиот актер и режисер Диего Луна, полскиот режисер и оскаровец Павел Павликовски, британската актерка и претседателка на жирито Емили Вотсон, прошетаа и членовите на ...

Учениците од подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор добија современ затворен спортски објект, каде што ќе може непречено да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, да спортуваат и да се развиваат. Спортската сала викендот свечено беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети ...

Кнежевската куќа на Лихтенштајн објави дека ги менува своите правила за наследување и дека жените ќе можат да се искачат на тронот на кнежевството во иднина. Во соопштението од кнежевската куќа се наведува дека промената ќе се однесува само на потомците на децата на Алоис и неговата сопруга, крунската принцеза Софија, кои ќе се родат во иднина, па затоа засега нема да влијае на линијата на наследување „Способноста за комбинирање на ...

Ураганот „Лала“ ги погоди Хаваите со силни ветрови и обилни врнежи од дожд, оставајќи повеќе од 89.000 домаќинства без струја, додека поплавите и поројните дождови ги погодија патиштата низ целиот остров, објавува „Скај њуз“. Иако не го погоди директно Големиот Остров, властите предупредуваат на ризик од поплави, лизгање на земјиштето и ветрови со сила на ураган, а на жителите им е наредено да останат во засолништа Ураганот Лала ги погоди ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сензационално беше елиминиран во првото коло на мастерсот во Синсинати. Тој загуби од Аргентинецот Тијаго Августин Тиранте со 2:6, 6:4, 6:4. Ова е еден од најшокантните порази во кариерата на српскиот ас, со оглед на тоа што Тиранте во моментов се наоѓа на 50. место на АТП-листата. Покрај тоа, ова е првпат по 2007 година да загуби во воведното коло во Синсинати. – Пред сè, му честитам на противникот. Искрено, ...

Силна бура го погоди поширокиот регион Мани во Грција во саботата попладне, предизвикувајќи големи проблеми во Алипи, Кокала и Итило. Според министерот за здравство Адонис Георгијадис, една жена е сериозно повредена во Итило кога била погодена од гром додека била во својот автомобил. Жената била однесена со брза помош и однесена во болница во Спарта. Силниот дожд бил исклучително силен и за неколку часа, патиштата се претвориле во поројни ...

Од Македонија тргнал камион со „хартија“, но приказната завршила со повеќе од 324 килограми марихуана откриени во Грција. Случајот, кој е дел од грчката полициска акција „Вардарис“, сега има продолжение и кај нас – македонското Обвинителство отвори истрага против едно лице осомничено дека било дел од организираната група за транспорт на дрогата. Според обвинителството, осомничениот набавил камион и приколка и организирал наводен превоз на ...

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. Уапсените се осомничени според член ...

Координираната операција за пребарување на четвртиот, последен од четворицата португалски државјани кои отпловија со гумен чамец во среда и исчезнаа во каналот Велебит за време на бура продолжува, објави во недела Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека. Од четворицата португалски државјани, маж и жена беа спасени во среда, а телото на еден маж беше пронајдено во морето кај Крк во четврток, додека ...

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Веднаш се јавив на дежурниот ...

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, го осови 46. место од вкупно 60 натпреварувачи на маратонската трка, на Европското првенство во атлетика во Бирминген. Дарио во одлична форма пристигна во Бирмингем и трката ја заврши за време од 2:22:39 часа. Победник на маратонот и нов европски шампион е Германецот Петрос кој заврши со време од 2:09:1 што е нов рекорд на оваа патека. Веднаш зад него со седум стотинки заостанување беше ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во ЕУ повеќе не е приоритет за Турција, објави „Ал Џезира“. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, кое ќе се емитува во недела, Реџеп Таип Ердоган рече дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради ова. Во интервју за емисијата „Ал Мукабала“, турскиот претседател рече дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ...

Тропската бура „Лала“ што го погоди „Големиот Остров“, најголемиот остров на Хаваи, прерасна во ураган, а ветерот моментално дува со брзина од 120 километри на час. Националниот центар за урагани на САД (NHC) објави дека „Лала“ стана ураган од категорија 1 и дека се очекува неговиот раб да помине над или близу до јужниот врв на Големиот Остров, најголемиот остров на Хаваи, до крајот на саботата. Се очекува бурата да ги погоди островите Оаху и ...

Шпански пилот во борбен авион Ф-18, кој дејствувал како дел од мисијата за надзор на воздушниот простор на НАТО, соборил дрон откако влегол во Романија без овластување, објавува порталот Digi24.ro. Ова е четвртиот ваков инцидент оваа година, потврди романското Министерство за одбрана. Романија, членка на НАТО алијансата, има копнена граница од 614 километри со Украина. Во изминатите четири години, руските беспилотни летала постојано го ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, ана ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...

Голем шумски пожар гори во најголемиот природен резерват во Белгија, најлошиот во поновата историја на земјата, објавува „Би-си-си“. Досега изгоре една третина од резерватот Високи мочуришта. На жителите на две блиски села им е наредено да се евакуираат, а локалните власти предупредија дека пожарот може да стигне до домовите. Тие рекоа дека пожарот е сè уште надвор од контрола и дека временските услови и видот на теренот во резерватот, кој се ...

Милиони шиитски муслимански аџии се упатуваат кон светиот град Кербала во Ирак пред Арбаин, еден од најголемите годишни религиозни собири во светот. Техеран соопшти дека тројца ирански пилоти кои исчезнаа во март откако нивните авиони беа соборени, се држат во заробеништво во Катар. На почетокот на март, Катар соопшти дека соборил два ирански бомбардери откако Техеран започна напади врз земјите каде што се наоѓаат американски бази. Техеран ...

Мароканските сили пресретнаа 148 мигранти, претежно од подсахарска Африка, кои се обидуваа нелегално да преминат од Кастиљехос во Сеута, изјавија безбедносни извори за EFE. Мароканските безбедносни сили денес интервенираа против стотици мигранти на ридовите на околу три километри од границата со шпанската територија, на периферијата на Кастиљехос, за да спречат уште еден масовен обид за кршење на границата со Сеута. За време на операцијата ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42