Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Се вративте од одмор и наместо да се чувствувате одморено, имате тешкотии да станете, поспани сте и имате тешкотии да се концентрирате. Промената во ритамот на спиење, исхраната и дневните навики може да влијаат на тоа како се чувствуваме по враќањето од одмор. Тогаш често обрнуваме поголемо внимание на сигналите што ни ги испраќа нашето тело и дали внесуваме доволно важни хранливи материи преку нашата исхрана. Една од нив е јодот, минерал ...
Германската влада е длабоко поделена околу предлогот на социјалдемократите, помлади партнери во конзервативната коалиција на канцеларот Мерц, за измена на уставот за подобро координирање и финансирање на политиките за климатски промени, бидејќи топлотните бранови го нарушуваат нормалниот живот во земјата. Климатските промени ја погодуваат најголемата економија во Европа посилно од кога било досега: невидени падови во Рајна, слаби жетви за ...
Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела денес побара од својот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, да ги суспендира царините за да ѝ помогне на јужноамериканската земја да се опорави од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 294 лица. Есприела напиша на платформата „Икс“ дека разговарал со Трамп и дека му се заблагодарил за помошта што САД ја испратиле како одговор на земјотресот, пренесува „АП“. Тој додаде ...
Рекорден број од 2.056 роботи од 666 тимови ќе се натпреваруваат во широк спектар на дисциплини на Светските игри на хуманоидни роботи во Пекинг во 2026 година од 22 до 26 август. Ќе учествуваат натпреварувачи од 16 земји од шест континенти. Бројот на тимови е зголемен за 138 проценти во споредба со минатата година, а бројот на роботи учесници е двојно зголемен. Бразил дури ќе формира и национален тим за учество на настанот. Кина ќе учествува ...
Недалеку од Задар на хрватскиот брег, во близина на Јовиќи, денес избувна пожар, а куќите во моментов не се загрозени, објави командантот на хрватската противпожарна служба Славко Туцаковиќ. Тој за хрватски „Индекс“ изјави дека покрај пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптер и „воздушен трактор“. Туцаковиќ истакна дека пожарот во еден момент ги загрозил куќите, но дека тие биле одбранети, пренесува „Танјуг“. ИЗДВОЕНИ ...
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 август беа пронајдени и ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, денес директно од терен, заедно со заменик-командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, г. Ерол Алиу, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, ја следи и координира ...
Ајкулите опремени со специјални сензори собираат податоци што би можеле да им помогнат на научниците попрецизно да проценат колку ќе бидат силни ураганите. Истражувачите на Универзитетот во Делавер избираат ајкули што можат да ги соберат мерењата што се најкорисни за истражување на ураганите, фаворизирајќи видови што се појавуваат доволно често за нивните уреди да испраќаат податоци до сателити. Од ајкулата убијка во „Ајкула“ до предаторите ...
Ананас, кокос и малку рум се доволни за да го почувствувате вкусот на летото во чаша. Пиња Колада е кремаст тропски коктел познат по својот сладок вкус на ананас, благата арома на кокос и освежителната текстура, а овој рецепт носи мал трик што го прави уште побогат. Наместо обичен сок од ананас, се користи свеж ананас, кој се меша во крем, давајќи му на коктелот пополн вкус и погуста, кадифена текстура. Подготовката е брза, а со декорацијата ...
Две лица загинаа во пожар што избувна на грчкиот остров Саламана, на околу 16 километри од Атина, пред пожарникарите да пристигнат на местото на настанот, а најмалку девет лица се повредени, соопшти противпожарната служба. – Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија, на југот од островот – потврди член на спасувачките служби за агенцијата АФП. Пожарот во Перистерија избувна во мешана станбена и шумска област, а телата на две ...
Првите три случаи на западнонилска треска оваа сезона беа потврдени во Војводина оваа недела, а експертите предупредуваат дека променливите климатски услови би можеле да влијаат инфекцијата во Србија да се регистрира за сè подолг период од годината. Специјалистот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Војводина, Снежана Медиќ, изјави дека во повеќето случаи инфекцијата поминува без никакви симптоми. Според неа, околу 80 проценти ...
Две постари жени загинаа во рурален дел од северозападна Шпанија погоден од поплави и лизгање на земјиштето, соопштија властите, додавајќи дека две бебиња се повредени. Смртта на жените, на возраст меѓу 60-тите и 80-тите години, беше потврдена од службите за итни случаи на регионот Кастиља и Леон по катастрофата што се случи доцна синоќа во селото Манзанедо де Валдуеза, во близина на Понтеведра. Две бебиња се здобија со модринки и беа ...
Окружното обвинителство во Кросно, во југоисточна Полска, започна истрага по автобуската несреќа во која учествуваше полска транспортна компанија, во која синоќа загинаа 12 патници. Десет патници беа тешко повредени при превртувањето на автобусот. Тие беа однесени во болници, од кои петмина се во критична состојба. „Обвинителството започна истрага – презема мерки за разјаснување на околностите на трагедијата. Тесно соработуваме со унгарските ...
Иранскиот парламент усвои закон со кој интервјуата и другата комуникација со медиуми кои властите ги сметаат за непријателски ќе бидат кривично дело, објави весникот „Шарк“. Тие вклучуваат американски и израелски медиуми, како и медиуми финансирани од САД или Израел. Според законот, кој сè уште треба да биде разгледан од Советот на чуварите пред да стапи во сила, интервјуата или учеството во разговори со такви медиуми ќе бидат забранети, а ...
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. „Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани ...
Од почетокот на јули, во Франција се уапсени речиси 500 лица под сомнение за предизвикување пожари, при што околу 70 проценти од осомничените се обвинети за намерно палење. Во исто време, Европа се соочува со екстремен топлотен бран и со големи пожари од Хрватска и Грција до Шпанија, Германија и Белгија. Од почетокот на летото, во Франција се уапсени речиси 500 лица под сомнение за предизвикување пожари, додека пожарникарите низ Европа се ...
Унгарските власти преземаат итни мерки за да го спречат затворањето на нуклеарната централа „Пакш“ со потопување баржи во Дунав за да се подигне нивото на водата. Чекорот е важен за стабилно снабдување со вода, клучен за ладење на реакторите. Бригадниот генерал Пал Кадар изјави дека патуваат од 80 до 100 камиони помеѓу каменоломите и местата за отстранување материјали на двата брега на Дунав секој ден, објави МТИ. Досега се примени 176 понуди ...
Тоталното затемнување на сонцето предизвика огромно зголемување на побарувачката за сместување во делови од Европа низ кои минуваше патеката на целосното затемнување. Цените на хотелите и приватното сместување во некои дестинации надминаа 1.000 евра по ноќ. Затемнувањето, кое беше видливо во Обединетото Кралство, Исланд, северна Шпанија, Гренланд и Португалија на 12 август, охрабри голем број туристи да патуваат во области од кои најдобро ...
Шест туристи, петмина од Косово, се повредени во пожар во хотел во Валона, Албанија, објави денес „Албанска пошта“. Пожарот избувнал околу 4:00 часот во бар на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на хотелските соби на горниот кат. За да избегаат од пламенот, некои гости скокнале од балконот. Зградата била целосно изгорена, објавува „Њузмакс Балканс Албанија“ („Newsmax Balkans Albania“). Петмина од повредените се однесени во болницата ...
Два големи пожари избувнаа денес на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, а пожарот зафати куќи, објави противпожарната служба. Денес речиси истовремено тука избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби. Првиот пожар избувна во областа Перистерија, а вториот во областа Селинија во правец на Каки Вигла. „Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистери на југот од островот“, ...
Борот алепо повторно е посочен како „главен виновник“ за катастрофалните пожари кај Омиш. Неговите смола, иглички и густа крошна лесно горат и може брзо да го пренесат огнот, но експертите предупредуваат дека вистината е многу посложена. Подрачјето источно од Омиш, од Станиќи и Челина до Писак, горело дури десет пати во последните 25 години. Голем дел од теренот некогаш бил покриен со лозја, маслинови насади и со пасишта, но со иселувањето на ...
Болница во Пакистан користела исти шприцови за време на епидемија на ХИВ кај деца, открива истрага на „Би-би-си“. Во градот Таунс, во пакистанската покраина Пенџаб, „Би-би-си Ај“ известува дека 331 дете биле идентификувани како ХИВ позитивни помеѓу ноември 2024 и октомври 2025 година. Кога лекар во приватна клиника ја поврзал епидемијата со болницата THQ Таунс кон крајот на 2024 година, локалните власти ветиле дека ќе „воспостават ред“ и го ...
Украина со повеќе од 600 дрона го нападна Московскиот Регион, Москва тврди дека соборила 201 беспилотно летало, а пожари избувнаа во логистички и индустриски објекти. Во исто време, Русија изврши нов масовен ракетен напад и напад со дронови врз Киев и други украински градови, со жртви и повредени Украина изврши еден од најмасовните досегашни напади со беспилотни летала врз Москва и Московскиот Регион, при што избувна огромен пожар во магацин ...
Само од почетокот на годинава починале четворица пациенти со вештачко срце, а кои повеќе години чекале за пресадување. Затоа се надеваме дека со почетокот на новите законски правила може да се зголеми бројот на потенцијални донатори, вели активистка Ирена Ралева-Најдевска Новата законска можност граѓаните кај матичните лекари да дадат лична изјава дека сакаат да ги донираат своите органи во случај на мозочна смрт, треба значително да го ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убивање на американски сили, изјави денес врховниот командант на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат платени 30.000 долари за заробување или убивање на секој припадник на американските сили, објави новинската агенција „Фарс“. САД го означија Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), кој официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како ...
Вечерва, во 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на „Охридско лето“ ќе се изведе театарската претстава „Уна“ од Момо Капор, во режија на Дејан Пројковски, на Театар „Ѕвездара“ од Белград, Србија. Претставата „Уна“ е заснована на мотивите од истоимениот култен роман од Момо Капор, но и на нови значења и конотации кои се наменети за времето во кое живееме. -Зошто е важна Уна денес? Претставата „Уна“, за која ...
Сто и петнаесет збирки и автори од Македонија и од светот се пријавиле на конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, во годината кога се одбележуваат 95 години од раѓањето на Поповски и по деветти пат се организира меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. – Ваков неверојатен интерес кај творците на поетската реч не се памети досега на ниту еден друг конкурс за поезија кај нас. Среќни сме што делото ...
Македонија во претстојниот период ја очекува засилена економска и инвестициска активност, со изградба на повеќе автопатски делници, продолжување на големите инфраструктурни проекти и со три најавени нови инвестиции од странски компании. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до есен се очекува да бидат потпишани три нови договори за инвестиции. Две од компаниите се од Германија и од САД, додека третата планира проширување на постојната ...
Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овој пат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога се зголемуваа пензиите за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и поголем износ ...
Европската Унија сè поинтензивно работи на развој на сопствена платежна инфраструктура и на намалување на зависноста од странски платежни системи. Во центарот на овие напори е дигиталното евро, кое треба да ги надополнува готовината и постојните банкарски услуги, а не да ги замени. Во моментов се води завршната фаза од разговорите меѓу Европскиот парламент и земјите членки за начинот на функционирање на дигиталното евро. Планирано е ...