Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
– Каде ми е местото и зошто не сум таму каде што треба да бидам присутен како музичар? Вака нашиот многу познат мултиинструменталист и еден од најголемите заштитници на изворната македонска музика, Гоце Димовски, ги прашува македонската јавност, публиката, новинарите и обожавателите. Роден е во Скопје, а основното образование го стекнува во училиштето „Марко Цепенков“, додека средното образование го стекнува во музичкото училиште „Илија ...
Богата програма на годинашното „Карпошово културно лето“, кое ќе се случува од 10 до 30 август 2026 година, најави денеска градоначалникот Сотир Лукровски. „Карпошовото лето“ почнува со изложба на плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, која ќе биде отворена на 20 август, во 11:00 часот, во холот на Општината. Во личната колекција на Горан Стефановски се пронајдени 25 плакати од различни претстави, одиграни во и надвор од нашата ...
Од Општина Гази Баба велат дека во согласност со актуелниот ДУП, намената кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е В1 – средно образование, така е и според деталниот урбанистички план што е во изработка, но оти при изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараат ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. – Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти – ...
Во завршна фаза е реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Од Општина Илинден информираа дека во рамки на завршните градежни активности, почнало поставувањето на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и ...
Tемелното уредување на коритото на реката Серава и изградбата на новата пешачка патека влегуваат во својата завршна фаза, објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека новата пешачка патека во должина од 1.590 метри и создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. -Современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило и нови детски игралишта ќе го претворат овој дел од Бутел ...
Два случаи поврзани со инциденти во детски градинки се евидентирани во полицискиот билтен. Во Скопје, вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026 година, откако ја земала својата петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, девојчето ѝ кажало дека било удрено од негователка. Според пријавата, детето се пожалило и дека негователката ја стиснала за ногата. Од полицијата велат дека се ...
Започнува наставата во една смена во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Димка Ангелов- Габерот“. Другите две основни училишта, „Гоце Делчев“ и „Тодор Мицов“, ќе преминат во едносменска настава во училишната 2027/2028 година. За оваа намена, веќе се обезбедени милионски буџети во евра за доградба на уште 14 училници. – Со оваа промена, училиштата ќе им овозможат на децата, во попладневните часови, да учествуваат во креативни проекти, ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, деновиве престојува во Тополчани, Словачка, на покана од градоначалничката Александра Гјециова, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и 20-годишниот јубилеј од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. – Две децении не се само бројка, тоа се години исполнети со средби, пријателство, културна размена, заеднички иницијативи и заемна почит. Овој значаен јубилеј е можност ...
Со цел подобрување на постојната инфраструктура во централното подрачје на Неготино, веќе извесен период, на терен, се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“. Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, истакна дека Општината аплицирала за проектот на јавниот повик на Владата на Република Македонија – Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда, пак, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло ...
Срамните и недостоинствени сцени во кои разголени капачи во танга ја користат црквата „Свети Никола“ за скокање во Мавровското Езеро само се последица на нерасчистените дилеми што да се прави со овој некогаш значаен духовен храм. Оттаму, невкусните сцени забележени во изминатиов викенд, кога се качуваа повеќемина капачи на црковната камбанарија и ја користеа како скокалница, може и натаму да се повторуваат сè додека не се реши дали ќе се ...
ПОВЕЌЕ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО НИЗ ЗЕМЈАВА Семејните расправии во неколку случаи прераснале во физички напади и закани, а дел од нив завршиле и со полициски интервенции. Од син кој ја нападнал и ја ограбил сопствената мајка, до напади врз родители, сопруги и партнери – полицискиот билтен бележи повеќе случаи на семејно насилство и конфликти низ земјава. Кривична пријава заработил 34-годишен гостиварец, кој физички ја нападнал мајка си и ѝ ...
Вчера околу 20 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека бил физички нападнат во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско. Според пријавата, И.М. бил нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Во текот на инцидентот, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата на куќата. С.С., пак, со остар предмет им нанел расекотини на И.М. и на неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се ...
Забрани за влегување со цел да се прават најразлични верски, но и други активности, полициски акции за откривање ќелии во кои се подготвуваат терористички активности, следење на активностите на поранешните припадници на Исламска држава… само се дел од активностите што се преземаат во последно време во регионот, со цел спротивставување на радикалните исламски верски структури. Во земјите во регионот какви што се Албанија, Косово, Македонија… ...
Театарската претставата „Уна“ во режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше одиграна на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а маестралната актерска изведба присутната публика ја награди со громогласен аплауз. Претставата по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, се одржа во рамките на „Охридско лето“. „Уна“ е претстава за човечките ...
Ситуацијата со сипаниците кај малите преживари забрзано се шири и покрај апелите од сточарите, вакцини сè уште нема. Досега пцовисале околу 10 илјади овци, уништени се 40-50 стада, а сточарите трпат големи финансиски загуби. Велат дека секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Тие бараат од државата побрзо да ја организира вакцинацијата ...
Бугарските власти вратија пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот „форметанат“ над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба до добивањето на официјалните резултати од анализите. Откако ...
Министерството за финансии воведува построги услови и контроли при издавањето лиценци за приредување игри на среќа. Со новиот Правилник се утврдуваат критериумите и документацијата што треба да ја достават правните и физичките лица што аплицираат за лиценци за казино, обложувалница, автомат-клуб или за томбола од затворен тип. Во фокусот на новите правила се репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на барателите. Тие ќе треба да ...
Додека државата реагира на растот на цените во маркетите, ги повикува трговците на состаноци, најавува инспекциски контроли и разговара за ограничување на маржите, банкарските провизии растат. Во последните неколку месеци, граѓаните добиваат низа известувања за промени во тарифите на банките, повеќе отколку во изминатите години, а во исто време најголемите банки во земјава и во првата половина од 2026 година продолжија да остваруваат високи ...
Аеродромот во Минхен за малку избегна катастрофа за време на неуспешното полетување на патнички авион „Боинг“, велат експертите. „Можеше да биде огнена топка со стотици смртни случаи ако пилотите не беа во можност повторно да го подигнат авионот“, изјави експертот за авијација Хајнрих Гросбонгард за германската новинска агенција (dpa). Тој додаде дека исто така биле биле изложени на ризик и луѓето надвор од аеродромот. Боингот 787 на „Виетнам ...
Сплит, во следните неколку дена, ќе биде во центарот на вниманието. Во овој хрватски град, од денеска до 22 август, ќе се одржи меѓународното финале во рамките на „Плазма – Спортските игри за млади“. Најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ја одбележува својата јубилејна 30. сезона од своето постоење. Во текот на трите децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади. Македонија првпат оваа година ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја претстави делегацијата која ќе нè претставува на Медитеранските игри во Таранто (Италија) што ќе се одржат од 21 август до 3 септември годинава Македонската делегација во Таранто, Италија, ќе брои 130 члена, од кои 88 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 од вкупно 33 спортови. Ова е најброен македонски состав досега на Медитерански игри. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите ...
Експерти од Државниот универзитет во Саратов „Н. Г. Чернишевски“, заедно со колеги од Ерменија, развија „паметна капсула“ за уништување на туморските клетки со помош на ласер, објавено е во научното списание „Current Pharmaceutical Biotechnology“. Научниците објаснуваат дека многу несакани ефекти од третманот на ракот се должат на фактот дека агресивните лекови неселективно ги напаѓаат и малигните и здравите клетки. Фотодинамичката терапија, ...
Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-Онко“, Милица Кузманоска, денеска потпишаа Меморандум за стратешка соработка. Од Општина Кисела Вода соопштија дека овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, ...
Учениците од прво до деветто одделение во училиштата на територијата на Општина Центар и годинава ќе добијат бесплатни униформи. Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња: две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент. Општина Центар ја воведе оваа мерка минатата година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво ...
Конечно, нешто многу убаво ќе се случи сега, 20 август, во Пустец во Албанија, на тамошниот плоштад „Гоце Делчев“, во градот во кој со векови живеат голем број Македонци. Во рамките на фолклорниот фестивал, кој годинава е под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, ќе има и една ексклузивна вечер на која ќе настапат популарните македонски пејачи Блага Петреска и Круме Спасовски. По тој повод, Блага Петреска ни изјави да е прилично ...
Од полноќ стапуваат на сила новите, повисоки максимални малопродажни цени на нафтените деривати, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цените во просек за 4,85 проценти. Новите цени ќе важат од 18 август во 00:01 часот. Најголемо поскапување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 6,50 денари за литар, па неговата максимална ...
Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да забележат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Биле уверени дека тој спие, објави „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца, додека семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото управувал со возилото, мајката била на совозачкото место, а нивниот син седел на задното ...
Задарската полиција ја заврши кривичната истрага против тројца хрватски државјани, на возраст од 42, 45 и 46 години, и еден 33-годишен полски државјанин, кои се осомничени за намерно палење пожари на дури десет локации низ Задарската жупанија. Како што вчера објави RTL, тројцата приведени мажи се од српска националност. Полицијата ги лоцираше и уапси во сабота, 15 август, кратко по 20 часот во автомобил со задарски регистарски таблички, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес треба да се сретне со посредникот и зет на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, еден ден откако одржа необичен состанок со претставници на Хамас во Каиро во обид да го претстави мировниот план на американскиот претседател за Газа. Дипломатски извор сооопшти дека лидерот на Хамас, Калил Ал-Хаја, бил присутен на некои од состаноците што медијаторите ги одржаа со Кушнер и претставникот на Трамп во Советот за ...