Падот на производството и намалувањето на бројот на рудари се уште еден сигнал дека македонското рударство има потреба од нов инвестициски циклус. Официјалните податоци покажуваат дека производството во секторот „Рударство и вадење камен“ во мај е пониско за 3,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Во меѓувреме, некои од постојните рудници се приближуваат кон исцрпување на своите резерви, што отвора ризик од дополнително ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилно време со повремен локален дожд и грмежи. Според прогнозата, на одредени места ќе има поинтензивни процеси проследени со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме со појава на град. Максималната дневна температура ќе се ...

Четири лица од демирхисарското село Обедник се лишени од слобода по полициски претреси во кои биле пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција. На 1 јули 2026 година во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20), двајцата од село Обедник. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба на Основниот суд Битола, биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од ...

Сопственик на автомобил во Тетово пријавил оштетување на своето возило, по што полициската истрага открила проектил од непознат калибар. Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули, Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано патничко возило „Рено Каптур“. По извршениот увид, полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле ...

Четиринаесетгодишно момче е тешко повредено по брутален напад што се случил на 22 јуни во населбата Ченто. Според тврдењата на неговите родители, нивниот син бил без никаква причина нападнат, претепан и избоден седум пати со нож. Семејството за 24инфо раскажува дека момчето околу 21:30 часот излегло од дома да се најде со своите братучеди, иститот се движел да дојде на улицата „Финска“ во Ченто. Пред да пристигне на локацијата е пресретнат ...

На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со ...

Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото, информираат од полицијата. Според информациите од СВР Тетово, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот 11-годишен син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото. Како што е наведено во пријавата, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се ...

Три лица, меѓу кои и двајца малолетници, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатскиот патен правец Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 1 јули 2026 година во 16:20 часот, кога патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М. (70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави конечен извештај за финансиското работење и усогласеноста на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, при што се утврдени слабости во повеќе сегменти од работењето на оваа здравствена установа. Според ревизорскиот извештај, забележани се недостатоци во управувањето со залихите на лекови и медицински материјали, во спроведувањето на јавните набавки, како и во ...

Лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и ...

Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Во текот на вчерашниот ден, на страниците на овој медиум, имав прилика со големо внимание и љубопитност да ја прочитам најновата колумна на почитуваниот проф. д-р Јове Кекеновски, под наслов: „Македонија живее во срцата на Измир“. Колумната претставува искрен и емотивен запис за неговата средба со потомците на иселениците од Македонија кои денес живеат во Измир. Исто така, воопшто не ...

Турската групација „Казанџи Холдинг“ и официјално влезе на македонскиот пазар со регистрацијата на компанијата „Акса Енерџи Македонија“, која според досегашните најави треба да биде носител на еден од најголемите енергетски проекти во државата – целосна гасификација и изградба на секундарната дистрибутивна мрежа. Регистрацијата на новата компанија се толкува како сигнал дека по долгогодишниот застој конечно би можело да дојде до забрзување на ...

По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав ...

Турската демократска партија (ТДП) донесе одлука да биде дел од новата владина коалиција со еден министерски ресор, со цел турската заедница повторно да добие свој претставник во Владата. На прес-конференција, претседателот на ТДП, Зулфикар Зејнулах, изјави дека партијата по подолги консултации и разговори донела одлука да го прифати учеството во Владата, оценувајќи дека е неопходно турската заедница повторно да биде институционално ...

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вечерва се одржа традиционалниот свечен прием по повод големиот јубилеј – 250 години од американската независност. Настанот, кој традиционално се организира неколку дена пред официјалниот празник 4 Јули – Денот на независноста на САД, собра бројни гости, меѓу кои дипломати, претставници на политички партии, градоначалници, јавни личности и новинари. Вршителката на должноста ...

Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на патот Гостивар–Тетово. Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска околу 18:00 часот, на клучката Боговиње, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со специјално возило „пресретнувач“, измериле брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално ...

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани, доцент на Универзитет „Гоце Делчев“, поради сомнение за кривично дело – примање поткуп. Според Обвинителството, осомничената, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно побарала 300 евра од студент за да му овозможи да го положи испитот, иако претходно не покажал доволно знаење за преодна оценка. Настанот започнал на 16 јуни, кога ...

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Би сакал да потенцирам дека и предходно децидно пишував дека со “Платформа“ не е возможно да се детронизира ВМРО-ДПМНЕ, но сепак денес сме сведоци дека заедно со инфомациите за реконтрукција на Владата, во медиумите се актуелизираше и темата за т.н. “Платформа“ за подобра иднина (читај за подобар СДСМ). Таа платформа мене лично ми делуваше како платформа за „спас“ и внатрешна борба во самиот СДСМ, но според ...

„Разговори за иднината во 12:05“ е нова демократска платформа за подигнување на нивото на општественатадебата. Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија. Денешната прва сесија се одржа по традиционалното демократско начело „Chatham house rules“. Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански ...

Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и отежнат сообраќај во повеќе делови од градот. На фотографијата може да се забележи целосно поплавена сообраќајница, каде возилата и мотоциклистите со тешкотии се движат низ надојдената вода. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени булевари, подвозници и населби. Надлежните служби апелираат до возачите да ...

Универзитетски професори, адвокати, граѓански активисти, актуелни пратеници, градоначалник и поранешни функционери на СДСМ се дел од првата дебата „Разговори за иднината во 12:05“, која ја модерира универзитетскиот професор и поранешен пратеник и функционер на СДСМ, Игор Ивановски. На трибината, покрај веќе објавените учесници – Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ и Александар Бајдевски – присуствуваат и пратеничките Славјанка ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со ...

Во време кога светската економија сè повеќе зависи од критичните минерали, рударството повторно се наметнува како една од индустриите со најголем извозен потенцијал. Економските експерти оценуваат дека Македонија мора да го засили извозот за да обезбеди стабилен економски раст и да го намали хроничниот трговски дефицит. Денес најголем дел од македонскиот извоз доаѓа од автомобилската и рударската индустрија, но глобалните трендови покажуваат ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој се товари за кривичното дело „Примање поткуп“. Според обвинението, осомничениот како службено лице во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека по здравствените предизвици со кои се соочувал во изминатиот период повторно се враќа на своето работно место. Лукровски истакна дека изминатите месеци за него претставувале големо искушение и животна лекција, нагласувајќи дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш. „Денес, со голема ...

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ги демантираше шпекулациите дека неговиот предлог за воведување електронско гласање за дијаспората е поврзан со можна кандидатура за претседател на државата на изборите во 2029 година. Мицкоски изјави дека нема амбиција да се кандидира за претседател и дека по завршувањето на мандатот како претседател на Владата планира да се врати на академската работа. „Нема да се кандидирам за ...

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, оцени дека заминувањето на актуелниот министер за земјоделство претставува „победа за земјоделците“, обвинувајќи го дека за две години го довел македонското земјоделство до, како што рече, „работ на бездната“. Николовски посочи дека министерот зад себе остава неисплатени субвенции, нефункционален систем за аплицирање, укинати програми, поништени повици за модернизација на земјоделството и ниски откупни ...

Педесет и четиригодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како фрла вреќи со отпад во реката Пена. Од СВР Тетово информираат дека на 30 јуни околу 18 часот, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, полициски службеници го привеле Б.С. (54) од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „загадување на животната средина и природата“, казниво по член 218 од Кривичниот законик. Полициската акција следувала по објавено видео на ...

На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата за нов четиригодишен мандат. Со оваа одлука, Ристевска станува првата жена која ќе застане на чело на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, што претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјата. Нејзиниот ...

Денес ќе почувствувате силен прилив на енергија и мотивација. Ќе сакате да ги завршите сите обврски што подолго време ги одложувавте, а вашата иницијатива ќе биде забележана од претпоставените. Можно е да добиете интересен предлог за нов проект или соработка. Во љубовта, партнерот очекува повеќе внимание и искрен разговор. Ако сте слободни, неочекувана средба може да прерасне во интересна романтична приказна. Внимавајте на заморот и одвојте ...

МВР билтен

29 минути - МИА - +1
weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.16
89%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
54%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.21
69%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.04
79%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.1
66%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.25
91%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
72%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.39
84%
1014
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.85
89%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.47
65%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
58%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
2.2
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Калај

53.55

Алуминиум

3.17

Злато

130879.26

Кобалт

56.29

Паладиум

40702.85

Сребро

1888.57

Платина

52052.06

Цинк

0.00

Бакар

13.11

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

263636.12