Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. – Како што потврди и самата ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице, односно со неа направила 47 трансакции преку интернет апликација во вкупен износ ...
Соопштение на ДУИ: ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во ...
Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...
До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...
Настанот се случил ноќеска, околу 00:45 часот, во домот на сопружници во Велес, каде започнала кратката расправија која преминала во физички напад со употреба на дрвен и закани со остар предмет како и за палење на семејниот дом. Имало и интервенција на полициски службеници, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата ...
Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето во домашен притвор, откако депонира банкарска гаранција од 500.000 евра. Со одлука на надлежниот суд, мерката притвор му е заменета со домашен притвор до стартот на судскиот процес, објави 4news.mk Во домашен притвор е и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, кој обезбеди гаранција од 1.000.000 евра. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво ...
Соопштение за јавност на Левица: Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски ...
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за ...
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...
Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувана јавност, Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за ...
Од Меѓународниот монетарен фонд за „Фокус“ порачуваат дека ќе препорачаат параметарски промени во системот, кои може да ги опфатат правилата за усогласување на пензиите, возраста за пензионирање и висината на придонесите. Конечната одлука, нагласуваат од Фондот, е на македонските власти, се вели во изјавата која ја пренесува Фокус.мк Причината е долгорочниот финансиски притисок врз пензискиот систем, кој дополнително го зголемуваат стареењето ...
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на ...
Романските воени радари синоќа повторно детектираа дронови во близина на границата со Украина, што предизвика два борбени авиони Ф-16 да бидат испратени на празна линија. На жителите во северниот округ Тулча им беше испратена предупредувачка порака. Од петте следени дронови, едно накратко влегло во романскиот воздушен простор. Во четврток наутро, објект за кој се верува дека е дел од дрон беше забележан во морето во близина на Костинешти, а ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Романската државна нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ го започна процесот на исклучување на својот единствен оперативен реактор од електричната мрежа поради рекордно ниските нивоа на реката Дунав, соопшти компанијата во четврток. Реакторот е затворен поради ниското ниво на Дунав Реката погодена од суша веќе ја принуди да затвори еден реактор кон крајот на јули. Компанијата има два реактори од 706 мегавати во Чернавода на Дунав, кои ...
На 11.08.2026 во 21:30 часот во с.Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево. Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., а сопатник бил А.Л., при што тие од прозорец на возилото фрлиле пакување со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. При преземање мерки, исто ...
СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...
Соопштение за јавност на ТХП: Поминаа 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Овој договор постави темели за воспоставување мир во Северна Македонија и за изградба на демократски поредок во кој различните заедници ќе можат да живеат рамноправно. Рамноправноста, правичната застапеност и меѓуетничката доверба беа дефинирани како основни елементи на овој поредок. Но денес, 25 години подоцна, мораме да потсетиме дека договорот ...
МВР започна со информативни разговори со лица кои на социјалните мрежи деновиве пласираа информации дека во скопската вода има присуство на бакетеријата ешерихија коли и дека истата не е безбедна за пиење. „Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...
Утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на Лирим Хајредини, дознава 4news.mk. Според првичните информации со кои располага 4news.mk, се работи за самоубиство. Местото е обезбедено од полициски службеници, а се очекува телото да биде предадено на обдукција, по што треба да бидат познати повеќе детали за случајот. Хајредини беше долгогодишен медиумски професионалец и повеќе од 16 години ја извршуваше ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот” на Сител ТВ истакна дека во евроинтегративниот процес е неопходно јасно разграничување меѓу суштинските европски реформи и билатералните прашања. „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат на ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат. Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, ...
Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Питер Фејт и Џејмс Пердју. Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во ...