Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Петнаесетгодишник од Велес е приведен откако украл патнички автомобил, со кој подоцна удрил во бетонски ѕид, а потоа го напуштил местото на незгодата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 4 јули, полициски службеници од СВР Велес, во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со малолетникот. Според полицијата, истиот ден на улицата „Алексо Демниевски“ во ...
Полициски службеници од СВР Тетово запленија околу 116 грама хашиш при претрес во гостиварското село Здуње, а едно лице е лишено од слобода. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 4 јули од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и ...
Вкупно 55 санкции и шест лишувања од слобода се резултат на акциската контрола што ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на Штип. Контролата била реализирана на 4 јули, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, а била насочена кон санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ...
Новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално започна со работа за мандатниот период од 1 јули 2026 до 1 јули 2029. Сенатот е конституиран по седницата одржана на 23 јуни 2026 година, а од почетокот на јули и формално ги презеде своите надлежности, кои ќе ги извршува согласно Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот. Како што соопшти УКИМ, по спроведеното гласање на ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија „7 Мај“ за учебната 2026/2027 година. Со тоа, по пауза од 26 години, повторно се воведува средното полициско образование во државата. Последната генерација матуранти од ваков тип училиште завршила во 2000 година во тогашниот Центар „Елисие Поповски – Марко“. Новата генерација ќе се школува под ...
За време на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, настана пожар на познатиот Бруклински мост во Њујорк. Голем пламен и густ облак чад се издигнаа над мостот, пред противпожарните екипи брзо да интервенираат и целосно да го локализираат огнот. Според информациите на новинската агенција „Асошиејтед прес“, во инцидентот нема повредени лица. Од њујоршката противпожарна служба соопштија дека во ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Игор Ивановски, по повеќе од една деценија без јавни настапи на политички теми, во интервју на Тема на денот на Сител остро проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче. Тој нагласи дека нема ништо лично против Филипче, но направи јасна разлика меѓу неговата професионална кариера и неговата улога како претседател на СДСМ. „Јас Венко Филипче го знам од моите седумнаесет години и немам ништо лично против него. Напротив, ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски се потврдени два случаи на западнонилска треска, информира директорот на клиниката, Фадил Цана. Според информациите, двајцата пациенти се хоспитализирани, се наоѓаат под постојан медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински протоколи. „Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, соопшти Цана. Западнонилската треска е вирусно ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги демантираше информациите дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски појасни дека Владата ќе има посебен секретар за добро владеење, но нагласи дека тоа нема да биде истото лице кое е задолжено за следење на реализацијата на владината програма. „Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков ...
Физичка пресметка меѓу три лица избувнала по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 2 јули 2026 година во СВР Скопје. Околу 15:30 часот, по расправија во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј. ...
Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни случаи на насилство во Скопје, во кои се инволвирани малолетници, а во два од нив бил употребен и остар предмет. На 3 јули во 14:53 часот од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди нанесени со остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според информациите, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот на подрачјето на Шуто ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека двајца од приведените, по еден во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без возачка дозвола. Останатите двајца, по еден во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол. По целосното ...
СВР Скопје го расчисти случајот со физичкиот напад врз 10-годишно девојче што се случил на подрачјето на Центар, а за кој на социјалните мрежи беше објавена и видеоснимка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година во 22:30 часот, 45-годишната Н.П.Ц. од Скопје пријавила дека претходниот ден, на 2 јули околу 17:00 часот, нејзината 10-годишна ќерка била физички нападната од постаро машко лице. Веднаш по ...
Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука со која ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски. Судот ја оцени неговата жалба како неоснована и по одржана јавна седница ја потврди пресудата што во мај годинава ја донесе Основниот кривичен суд Скопје. Според правосилната пресуда, Јовановски е прогласен за виновен бидејќи по долгогодишно семејно насилство ги навел својата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја да ...
Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова остро реагираше по одлуката на МВР, 11 дена по нападот врз 14-годишното момче во Ченто, да поднесе кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“. Во објава на Фејсбук, Зајкова посочува дека иако ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, останува отворено прашањето дали во конкретниот случај постојат и елементи на потешки кривични дела, како што се тешка телесна ...
Полицијата приведе 57-годишен скопјанец осомничен за разбојништво и насилничко однесување на автобуска постојка во скопската населба Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година околу 11:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б. (57) од Скопје, по претходна пријава дека само пет минути претходно, околу 11:45 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел ...
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Денеска објавуваме уште еден скандал. Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. Антикорупцискиот тим ...
Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, во општина Кратово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид. Од ...
Грчевите за време на пливањето повеќе не се толку необичен феномен. Кога ќе се појават, оваа појава ја намалува способноста за пливање и може сериозно да го загрози пливачот. Што е мускулен спазам? Ова е ненадејно и неочекувано затегнување на еден или дури и повеќе мускули. Сепак, тие исчезнуваат по само неколку минути истегнување или масажа на погодената област. Тие можат да бидат предизвикани од различни причини, но она што може да „фати“ ...
Секој деветти маж барем еднаш во животот платил за да има секс. За некои плаќањето за интимност со жена е потег кој е под нивната чест, додека пак другите тоа не го кријат, но кои се мажите кои најчесто плаќаат за да имаат секс? Последните истражувања покажуваат дека работата на проститутките не изумира затоа што секогаш има нови клиенти кои најчесто се успешни, деловни мажи од 25 до 34 години. Резултатите од истражувањето покажале дека во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати силни политички пораки за време на прославата на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, предупредувајќи дека земјата повторно се соочува со, како што рече, „комунистичка закана“ и повикувајќи на заштита на американскиот идентитет и традиционалните вредности. Во 30-минутното обраќање пред планината Рашмор, каде се врежани ликовите на четворица американски претседатели – ...
Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, јавно го критикуваше актуелното партиско раководство поради односот кон новата политичка платформа, оценувајќи дека со своите постапки создава непотребни поделби во опозицискиот блок. Во објава на Фејсбук, Кичевски порача дека наместо дијалог со луѓето кои, според него, суштински припаѓаат на СДСМ, партијата ги оттурнува и ги претвора во политички противници. „Од група луѓе кои во суштина се ...
Овој викенд ќе биде исполнет со динамика, нови идеи и желба за промени. По напорната работна недела конечно ќе почувствувате дека имате простор да се посветите на себе и на луѓето кои ви значат. Можно е да добиете повик за дружење, кратко патување или семеен собир кој ќе ви донесе многу позитивна енергија. Во љубовта, зафатените Овни ќе имаат можност да ги надминат сите недоразбирања преку искрен разговор. Слободните припадници на знакот може ...
Последните статистички податоци уште еднаш потврдуваат дека Македонија не смее повеќе да ја одложува дебатата за развојот на рударството и искористувањето на сопствените минерални ресурси. Додека рударството бележи пад, а бројот на рудари постојано се намалува, нови инвестиции кои би можеле да го обноват секторот и да отворат нови работни места, како проектот „Иловица – Штука“, со години остануваат заглавени во административни и правни ...
Телото на 76-годишен жител на Неготино, кој претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, вечерва е пронајдено и извлечено од реката. Според информациите објавени од „Прес24“, повикувајќи се на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по пријавата за исчезнато лице веднаш биле ангажирани службите за спасување. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека на терен интервенирале седум ...
Голема количина различни видови дрога е запленета при полициски претрес во стан во Скопје, а против две лица е поднесена кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќта меѓу 2 и 3 јули, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода од полициски службеници ...
Органите и телата на СДСМ следната недела ќе расправаат за учеството на пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на настанот „Разговори за иднината во 12:05“, на кој беше промовирана нова демократска платформа за општествена дебата. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бара одговорност од Петровска поради нејзиното присуство на настанот и дали разговарал со ...
Единаесет дена по бруталниот напад во скопската населба Ченто, во кој 14-годишно момче беше избодено седум пати со нож, Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца осомничени, но не за „обид за убиство“, туку за кривично дело „насилство врз дете“. Од СВР Скопје информираат дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), сите од Скопје, поради сомнение ...
Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја закажа седницата на која ќе се одлучува за владината реконструкција. Седницата е закажана за 13 јули (понеделник) со почеток во 11:00 часот, кога пратениците ќе расправаат и ќе гласаат за предложените кадровски измени во Владата. Согласно предлогот доставен од ...