Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, кое ќе се емитува денеска, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Претседателот на Турција во интервју за емисијата „Ал Мукабала“ изјави дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ...
Руските сили започнаа ракетен напад врз Киев во раните утрински часови, предизвикувајќи пожари во најмалку две населби во украинскиот главен град, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко објави преку апликацијата за пораки Телеграм дека паѓачките остатоци од ракетата предизвикале пожар во дел од северните предградија што не е наменет за домување. Неколку автомобили беа изгорени, а друг пожар избувна во област јужно од центарот на ...
Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, ана ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Потврдени се уште три нови случаи на западнонилска треска во земјава, со што вкупниот број регистрирани случаи се искачи на 34, соопштија од Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на скопско Арачиново. Според податоците на здравствените власти, најголем број заболени досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, додека речиси половина од случаите потекнуваат од населбата Драчево. „Нов ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Вашингтон подготвува силен економски удар врз Иран, со цел да го принуди Техеран да попушти по речиси шест месеци војна. Во меѓувреме, повремените судири продолжуваат да го нарушуваат протокот на нафта и други стратешки суровини низ Ормускиот Теснец. Иран и САД меѓусебно се обвинуваат за недоверливост во преговорите, додека Техеран презема мерки за задржување на ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ертрактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видео-изјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „eртрактори“ со концентрирано дејство на неколку ...
Утре (недела, 16 август 2026 година), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот ...
Жителите на Крушеани не треба да ја користат водата од јавната чешма со кисела вода за пиење, соопшти Општина Кривогаштани. Според извештајот за здравствената исправност на водата, издаден од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп на 6 август 2026 година, анализираниот примерок не ги исполнува условите за безбедна вода за пиење. Во водата е утврдено присуство на бактериите Escherichia coli, intestinal enterococci и Pseudomonas aeruginosa, како ...
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот. Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во ...
Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два канарда за да ѝ помогнат на Белгија во борбата против шумскиот пожар на истокот од земјата, изјави шефот за управување со кризи на Европската унија, откако белгиските власти побараа итно засилување за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните децении. Шумски пожар го зафати Горните Фањи, најголемиот природен резерват во Белгија, и таму гори од петокот. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри повеќе детали за своето еднонеделно отсуство од земјава, кое, како што рече, било дел од воспитувањето што има со неговиот син – еднаш годишно да посетуваат еден европски град. Притоа, Мицкоски посочи дека 4 дена бил во Бриж, а 3 дена во Брисел каде имал средба со инвеститори кои на есен, според него, ќе донесат 3 инвестиции во Македонија. -Таму посетуваме значајни места и разговараме и ја изучуваме ...
Денеска (15.08.2026) во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т.(48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јули 2021 година, пријавениот измамил едно лице од кого набавил 2.580 тони сливи и до моментот на пријавување не ги платил со што се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе ...
Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за ...
Соопштение на Левица: ДПМНЕ со години го претвораше Артан Груби во рекламно лице на сопствената борба против криминалот. Прес-конференции, милионски афери, крупни риби, спектакуларни ветувања за одговорност и триумфални соопштенија дека правда ќе има. Во февруари отидоа дотаму што прогласија дека судскиот процес веќе почнува, иако обвинение тогаш немаше. После такво чукање во гради, резултатот што го произведоа институциите е толку мизерен ...
По три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски”, со што проектот влегува во својата завршна фаза, информираат од Град Скопје. По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...
Соопштение на Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици. Конкурсот преку кој странски издавачи добиваа средства за превод и објавување дела од македонски автори постоеше од 2014 до 2024 година. Оттогаш па наваму – ништо. За мала книжевна сцена со ограничен јазичен пазар, преводот не е луксуз. Тој е еден од ретките начини македонските автори да стигнат до ...
На 14.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од ...
Франција, Германија и Велика Британија работат на создавање свој преговарачки формат за решавање на украинскиот конфликт, стравувајќи дека ќе бидат исклучени од процесот од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на европски претставници. Европските дипломати развиваат формат за идните разговори што би им дал приоритет на европските земји. Париз и Берлин играат водечка улога ...
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш порано ...
Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА. Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка. Кога во нивниот дом ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...
Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...
Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 часот, по што во 21:30 часот ...
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...